
Министерот за здравство Венко Филипче утрово имаше редовна координација со директорите на ковид центрите во Скопје, на која се разгледа состојбата со хоспитализираните пациенти за време на викендот што измина.
-Иако бројот на приеми во болниците пополека се намалува, како во Скопје така и низ ковид центрите во земјава, а со тоа се намалува и вупниот број на хоспитализирани лица, состојбата и понатаму е сериозна и остануваме претпазливи, вели Филипче.
Како што додава министерот, во болниците има доволно слободни места.
-Во болниците има доволно слободни места, а подготвени сме да ослободиме и дополнителни капацитети доколку за тоа има потреба. Третиот бран на вирусот покрај поголемата трансмисивност, донесе и многу потешка клиничка слика и подолга хоспитализација. Затоа апелираме да се почитуваат мерките за заштита, додава министерот за здравство, Венко Филипче.
Публицитет.мк







