• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ повторно на кино-репертоарот во Охрид

јануари 26, 2021
in Култура
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ повторно на кино-репертоарот во Охрид

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ повторно ќе биде на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид в петок, на 29 јануари со почеток во 18 часот.

Темата е несомнено интересна, а уште повеќе ветуваат и ликовите кои ја носат приказната, секако на чело со Петрунија, во улога на Зорица Нушева.

1111 Петрунија 2

Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите.

Режијата е на Теона Стругар Митевска, а во стоминутната драма играат: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска и Владимир Тулиев.

Цената на билетот чини 100 денари, а филмот е наменет за публика над 16-годишна возраст. Кино-проекцијата ќе се прикажува согласно здравствените протоколи со ограничен број публика.

Публицитет.мк

Посетеност: 51
Share
Previous Post

Денеска е Светски ден за едукација за заштита на животната средина

Next Post

Доделени стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид

Next Post
Доделени стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид

Доделени стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 51

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk