• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмот „Сeстри” во режија на Дина Дума утре и задутре премиерно ќе се прикажува во Охрид

февруари 8, 2022
in Филмољубие
Филмот „Сeстри” во режија на Дина Дума утре и задутре премиерно  ќе се прикажува во Охрид

Македонскиот игран филм „Сeстри” во режија на Дина Дума премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, кино проекции во среда 9 и четврток 10 февруари со почеток 19.00 часот, цена на билетот е 100 денари. 

Светската премиера на „Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм.

Досега „Сестри” е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Ексграунд во Висбаден Германија.

„Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри” е поддржан од Агенцијата за Филм и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.
 

Билети по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19

-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
 
Публицитет.мк 

Посетеност: 143
Share
Previous Post

НУ Библиотека Охрид: Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

Next Post

Голем успех на бреинобреин генијалците од Охрид на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар

Next Post
Голем успех на бреинобреин генијалците од Охрид  на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар

Голем успех на бреинобреин генијалците од Охрид на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 143

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk