
Откако ја испративме 2020 година,која сите сакаме да ја заборавиме,ни дојде Новата 2021 година во која сите се надеваме дека ќе ни биде подобра од предходната иако за тоа да се случи ќе поминат уште неколку месеци од штотуку започнатата година.
Во годината што е зад нас ,заради пандемијата,многу филмови кои требаше премиерно да бидат прикажани во кино салите ,ќе излезат пред судот на публиката во оваа 2021 година.Меѓу нив има голем број на филмови кои преставуваат потенцијални блокбастери но и потенцијални кандидати за најпрестижните филмски награди.
Оваа и идната сабота ќе ве запознаеме со триесетина филмови кои ,како што многуминат велат:Филмови кои треба да ги видите.Филмаџиите се потрудиле да зготват богата трпеза од нови филмови. На вас останува да изберете она што ви се допаѓа и да уживате во понуденото.

ПЕПЕЛАШКА
Веќе на 5.февруари пред публиката во кино салите треба да се појави најновата модерна верзија на класикот „Пепелашка“чија најпозната верзија е анимираниот филм на Волт Дизни од 1950 година. Од тогаш па досега направени се неколку играни верзии на оваа приказна од кои најпозната и најуспешна е онаа од 2015 година на режисерот Кенет Брана во која ликот на Пепелашка го играше актерката Лили Џејмс.
Во најновата верзија која преставува мјузикл а која како режисер ја потпишува Кеј Канон, ликот на Пепелашка го толкува младата актерка Камила Кабело на која ова и е дебитантска улога во долгометражен филм. Принцот го игра Николас Галицине а Идина Менцел ја игра улогата на маќеата. Кралицата ја игра познатата актерка Мини Драјвер.

МИНАМАТА
Во февруари пред гледачите треба да се појави драмата „ Минимата“ во режија на Ендру Левитас која говори за воениот фотограф В.Јуџин Смит кој се враќа во Јапонија за да го документира разорниот ефект од труењето со жива во неколку крајбрежни заедници.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Џони Деп и Бил Ниги кои досега како партнери настапуваат по четврти пат. Тука се и неколку познати јапонски актери како :Хиројуки Санада, Таданобу Асана ,Манами како и актерките Кетрин Џенкинс и Лили Робинсон.

ПАД
Со голем интерес се очекува дебитантскиот филм како режисер , на познатиот актер Виго Мортенсен. Тој се појавува во тројна улога во филмот „Пад“, како сценарист, режисер и носител на главната улога.
Тој во оваа драма го толкува ликот на Џон Петерсон кој живее со неговиот партнер Ерик и нивната посвоена ќерка во Јужна Калифорнија.Кога во посета ќе му дојде неговиот стар татко од Лос Анџелес кој бара место да се скраси по пензионирањето, доаѓа до судир на нивните два различни света.
Во филмот настапуваат уште и Ленс Хендрисен, Сверир Гуднасон, Лора Лини, Карина Батрик и други.

МАВРИТАНЕЦОТ
Филмот е снимен врз основа на најпродаваните мемоари на „Њујорк тајмс“- „Дневникот Гвантанамо“ од Мохамед Улд Слахи.
Се работи за вистинската приказна за борбата на Слахи за слобода откако бил притворен и затворен без обвинение од американската влада со години. Сам и исплашен, Слахи наоѓа сојузници во адвокатот на одбраната, Ненси Холандер и нејзиниот соработник Тери Данкан, кои се борат против американската влада во борба за правда, која ја тестира нивната посветеност кон законот и нивниот клиент на секој чекор. Нивното контроверзно застапување, заедно со доказите откриени од страшниот воен обвинител, потполковник Стјуарт Коуч, откриваат шокантни вистини и на крајот докажуваат дека човечкиот дух не може да се затвори.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Бенедикт Камбербач, Шајлин Вудли, Захариј Леви, Џоди Фостер, Тахир Рахим, Ленгли Кирквуд и други.
Режисер на оваа драма со елементи на трилер е Кевин Мекдоналд.

РАЈА И ПОСЛЕДНИОТ ЗМЕЈ
Компанијата Дизни на почетокот на март на гледачите треба да им го престави својот најнов компјутерски анимиран филм „ Раја и последниот змеј“.
Во царството познато како Кумандра , измислена земја населена со античка цивилизација, воин со име Раја е решен да го пронајде последниот змеј.
Режисери на филмот се:Дон Хал, Карлос Лопез, Пол Бригз и Џон Рип.Гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат:Кели Мари Тран и Аквафина.

МНОГУ СВЕТЦИ НА ЊУЈОРК
Оваа криминална драма говори за почетните години на гангстерот од Њујорк , Тони Сопрано.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Алесандро Нивола, Џон Бернтал, Вера Фармига, Били Магнусен, Реј Лиота…Интересно е да се каже дека улогата на младиот Тони Сопрано ,кој своите почетоци ги имал во Њу Џерси, ја толкува Мајкл Гандолфини – родениот син на Џејмс Гандолфини кој го играше ликот на Тони Сопрано во популарната ТВ серија „Сопранови“.

НЕМА ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ
По многу одлагања заради пандемијата на корона вирусот,конечно на 2.април е закажана премиерата на 25 по ред филм од серијалот за тајниот гент Џемс Бонд која најпрвин беше предвидена за април 2020 година.Најновиот филм ,како што е познато,е насловен како „ Нема време за умирање“ а го режира Кери Џоџи Фукунага. Во филмот,според најавите, за последен пат ликот на Џемс Бонд за последен пат го игра актерот Даниел Крег. Покрај него во филмот настапуваат уште и:Ана Де Армас, Ралф Фајнс,Леа Сејду,Бен Вишоу,Кристоф Волц, Рами Малик,Наоми Харис, Били Магнусен, Џефри Рајт…
Во најновиот филм,Бонд ја напушти активната служба и ужива во мирен живот на Јамајка. Неговиот мир трае кратко кога неговиот стар пријател Феликс Лејтер од ЦИА се јавува и бара помош. Мисијата за спасување на киднапиран научник се покажа многу предавничка отколку што се очекуваше, што го водеше Бонд на трагата на мистериозниот негативец вооружен со опасна нова технологија.
Филмот имал буџет од 250 милиони долари итрае 2часа и 43 минути.

ТИВКО МЕСТО 2
Филмот преставува продолжение на филмот „Тивко место“ од 2018 година и во него настапува такаречи истата актерска екипа од првиот филм предводени од Емили Блант. Тука се уште и Милисент Симондс, Килијан Марфи, Џонсон Красински,Џимон Хунсу.Режисер на филмот е повторно Џон Красински.
Следејќи ги настаните дома, семејството Абот сега се соочува со ужасите на надворешниот свет. Тие се принудени да се впуштат во непознатото, тие сфаќаат дека суштествата што ловат по звук не се единствените закани што демнат над песочната патека.

МИНАТАТА НОЌ ВО СОХО
Во месец април своја премиера се очекува да има и хорор драмата со лементи на трилер „ Минатата ноќ во Сохо“ во режија на Едгар Рајт.
Една млада девојка, страствена за модниот дизајн, мистериозно е во состојба да влезе во 60-тите години на минатиот век, каде се среќава со нејзиниот идол, блескава пејачка од Ванабе. Но, Лондон од 1960-тите не е како што изгледа, и времето се чини дека се распаѓа со тешки последици.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Ања Тејлор – Џој, Мет Смит, Томасин Мекензи, Теренс Стамп, Рита Тушингем и Дијана Риг на која ова и беше последната улога бидејќи почина изминатиот септември.

ЦРНАТА ВДОВИЦА
Еден од најочекуваните филмови во оваа 2021 година секако е научнофантастичниот акционен авантуристички филм „Црната вдовица“ кој е работен според стриповите на Марвел.Режисер на филмот е Кејт Шортленд а главните улоги ги толкуваат Скарлет Јохансон, Флоренс Пуг, Рејчел Вајс, Дејвид Харбор, Вилијам харт и други.Филмот премиерно треба да биде прикажан на 7.мај При раѓањето, Црната вдовица „ака Наташа Романова“ и е дадена на КГБ, која ја подготвува да стане нејзин врвен оперативец. Кога СССР се распаѓа, владата се обидува да ја убие додека акцијата се преселува во денешен Њѕјорк, каде што таа е хонорарна оперативка.

КРУЕЛА
Злобната Круела од филмовите „101 Далматинец“ и „102 Далматинци“ која сака да си направи бунда од кожите на кучињата Далматинци, доби и свој филм кој преставува приквел на споменатите филмови,односно говори за младата Круела де Вил.Филмот е во продукција на Волт Дизни кој во последните неколку години направи низа играни филмови кои преставуваат ново видување на анимираните класици на Волт Дизни.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Ема Стоун, Ема Томпсон, Пол Волтер Хаузер и други.Интересно е да се спомене дека извршен продуцент на овој филм е актерката Глен Клоуз која го играше ликот на Круела де Вил во споменатите филмови за Далматинците.Филмот би требало премиерно да биде прикажан на 28.мај.

ВИВО
На 4. Јуни во кино салите ширум светот би требало да започне да е прикажува компјутерски анимираниот фим „Виво“.
Филмот доаѓа од студиото за анимација на компанијата Сони Пикчерс која стоеше зад анимираниот филм за „Спајдермен“. „Виво“преставува анимирана музичка авантура со целосно нови авторски песни напишани од Лин-Мануел Миранда, творецот на бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“, чиј талент за мешање музички стилови ќе му даде на филмот целосно уникатен и современ звук. Оваа неверојатна приказна за музиката и пријателството ќе ја одведе публиката во епска авантура до прекрасни и живописни локации што досега не биле видени во анимација.
Режисери на филмот се Кир Де Мико и Брендон Џефордс.

ИСТЕРУВАЧИ НА ДУХОВИ:ЗАДГРОБЕН ЖИВОТ
Дека Холивуд не се откажува така лесно од некогаш популарните филмови кои им ги полнеле касите на кино благајните со зелени доларчиња, покажува примерот со филмот „ Истеувачи на духови“ кој беше голем филмски хит во 1984 година. По огромниот успех со истата актерска екипа (Бил Мареј,Ден Ејкројд, Сигурни Вивер и Харолд Ремис) во 1989 година беше реализирано и продолжението на филмот. И покрај тоа што во 2014 година почина актерот Харолд Ремис, продуцентите во 2016 година одлучија да снимат нов филм но со женска постава и го именуваа како „Истерувачки на духови“.Филмот не го постигна саканиот успех.Но во Холивуд одсекогаш владее старото правило„Никогаш не речи никогаш“, и во оваа 2021 година ја најавија премиерата на филмот „Истерувачи на духови:Задгробен живот“ во кој повторно настапуваат актерите од првиот филм ,разбира се, без починатиот Харолд Ремис.Во филмот покрај Бил Мареј, Ден Екројд, и Сигурни Вивер настапуваат уште и Фин Волхард, Мекена Грејс, Ерни Хадсон, Логан Ким и Харолд Ремис.
Режисер на филмот е Џејсон Рајтман ,син на Иван Рајтман кој беше режисер на првите два филма на „ Истерувачи на духови“.
Приказната на филмот говори за една самохрана мајка и нејзините две деца кои кога ќе пристигнат во еден мал град, тие почнуваат да ја откриваат нивната врска со оригиналните духови и тајното наследство што го оставиле нивниот дедо.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк







