• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмови според литературни дела: „Ана Каренина“ Л.Н.- Толстој

август 7, 2015
in Филмољубие

Во светот на филмот,уште од неговите почетоци,филмаџиите честопати посегнувале по познати литературни дела кои кај вљубениците на пишаниот збор доживеале голем успех и ги адаптирале за големото платно.

 

Некои од нив постигнале голем успех , некои не, но има голем број филмови кои придонесле популарноста на некое литературно дело, по неговата екранизација, дури и да се зголеми.Интересно е дека некои популарни литературни дела доживеале и по неколку екранизации со учество на најпознати филмски ѕвезди.Токму на неколку од нив ќе Ве потсетиме во неколку продолженија.

Филмовите за АНА КАРЕНИНА се снимени спред романот на рускиот писател Лав Николаевич-Толстој,кој најпрвин бил објавен во делови од 1873 до 1877 година. Првото објавување романот го имал во „Руски гласник“, но не бил објавен до самиот крај, бидејќи Толстој дошол во судир со уредникот Михаил Коктков околу прашањата кои се покренати во завршниот дел од романот.

АНА КАРЕНИНА  за  многумина е врв во реализмот. Толстој оваа книга ја сметал за свој  прв роман.Ликот на Ана веројатно е инспириран од Марија Хартинг (1832 – 1919), постарата ќерка на рускиот поет Александар Пушкин. Интересно е и тоа дека како прототип за ликот на грофот Вронски послужил полковникот Рајевски кој навистина како доброволец учествувал во српско –турската војна и таму погинал. Судбината на Ана Каренина била инспирација за театарски, филмски, но и оперски адаптации.

Бидејќи говориме за филмот,ќе се обидеме да направиме кус преглед на најпознатите филмски  и телевизиски адаптации на овој роман на Толстој кои се досега се направени.Тоа воедно ќе биде потсетување на неколку антологиски филмови за Ана Каренина  и потсетување на имињата на актерите кои настапиле во нив.

слика 1

Првиот филм снимен според делото на Толстој бил реализиран во 1927 година во режија на Едмунд Гулдинг. Насловот на филмот бил „Љубов“ а главните улоги ги толкувале Грета Гарбо која го играла ликот на Ана Каренина и Џон Гилберт кој го играл ликот на грофот Алексеј Вронски.Интересно е дека филмот имал два завршетоци:едниот според романот на Толстој во кој Ана Каренина извршува самоубиство,верзија која била прикажувана во кино салите во Европа,и вториот алтернативен,со среќен крај-за потребите на публиката во Америка.Во филмот најпрвин требало да играат Рикардо Кортез, Грета Гарбо и Џон Баримор. Но,заради штрајкот на актерите за проектот биле ангажирани Грета Гарбо и Џон Гилберт.Осум години подоцна режисерот Кларенс Браун во продукција на Дејвид Селзник ќе го реализира филмот „Ана Каренина“ во кој Грета Гарбо повторно го игра ликот на Ана. Вронски во оваа верзија го игра Фредерик Мерч. Филмот успеал да заработи 2 милиони и 304 илјади долари.Грета Гарбо за улогата во овој филм ја добила наградата на критиката на Њујорк за најдобра женска улога. Овој филм на листата на 100 најдобри филмови, според Американскиот филмски институт ,се наоѓа на 42 место.

  ana 2                                                                                                            

Во 1948 година британците прават своја верзија на делото на Лав Толстој. Како режисер се потпишува Џулијен Дувивие, а главните улоги ги толкуваат Вивиен Ли ,тогашната голема англиска ѕвезда по успехот на филмот „Однесено од виорот“ и Ралф Ричардсон како нејзин партнер во улогата на нејзиниот сопруг Алексеј.Ликот на Вронски го толкува актерот Киерон Мур

ana 3

Има една мошне интересна верзија на „Ана Каренина“ во египетска продукција. Филмот е насловен како „Нар ал хоб“ или во превод „Река на љубовта“. Во овој филм снимен во 1961 година главните улоги ги толкуваат Фатен Хамама и неодамна починатиот актер Омар Шариф.Во оваа египетска верзија ,снимена според делото на Толстој,главните ликови се именувани како Навал и Калид.Инаку, Фатен Хамама и Омар Шариф биле во брак веќе пет години откако се запознале во 1954 година за време на снимањето на филмот „Жешко сонце“

ana 4

Русите во 1967 година прават своја верзија на ова познато дело на својот сонародник. Како режисер на филмот се потпишува Александар Зарки а ликот на Каренина го толкува познатата руска актерка Татјана Самојлова. Ликот на Вронски го игра актерот Васили Лановој.Филмот е реализиран во колор техника  на 70 милиметарски формат и бил прикажан во официјалната програма на меѓународниот филмски фестивал во Кан во 1968 година.

 ana 5

Во 1997 година во продукција на Ајкон Продакшн и Ворнер Брос  а во режија на Бернард Роуз е реализирана една мошне амбициозна верзија на „Ана Каренина“. Филмот има интернационален кастинг со учество и на руски актери, а е реализиран во студијата на „Ленин филм“ во Санкт Петербург.Филмот бил потпомогнат од Мел Гибсон кој барал за улогата на Ана Каренина да биде ангажирана француската актерка Софи Марсо. Буџетот на филмот изнесувал 20 милиони долари. Оригиналната верзија на филмот била 140 минути, но потоа била редуцирана на 108 минути.Во овој мошне амбициозен проект е употребена музика од Чајковски,Рахмањинов и Прокофјеф  во изведба на филхармонискиот оркестар на Санкт Петербург.Покрај Софи Марсо во оваа верзија настапуваат уште и Шон Бин во улогата на Грофот Алексеј Кирилович Вронски,Алфред Молина го игра ликот на Костантин Дмитриевич Левин,додека улогата на сопругот Алексеј Александрович Каренин го игра познатиот англиски актер Џејмс Фокс.

                                                                           ana 6

Последната поамбициозна филмска адаптација е реализирана во 2012 година во англиска продукција.Филмот како режисер го потпиша Џо Врајт а главните улоги ги толкуваат Кира Најтли како Ана Каренина, Џад Лоу го игра ликот на сопругот Алексеј а ликот на Вронски е во изведба на актерот Арон Тејлор-Џонсон.

Делото на Толстој има доживеано и неколку телевизиски адаптации како тв филм, но и како тв серија.

                           ana 7

Првиот телевизиски филм „ Ана Каренина“ е реализиран во Англија во 1961 година во режија на Рудолф Картие во кој настапуваат Клер Блум во ликот на Ана Каренина и тогаш непознатиот Шон Конери во ликот на Вронски,актер кој само по една година ќе стане таен агент 007.

                                                                      ana 8

Во 1977година компанијата БИ БИ СИ направила тв серија во 10 епизоди во режија на Базил Колеман во која настапиле Никол Паџет,Ерик Портер и Стуарт Вилсон.

ana 9

Во 1985 година на локации во Унгарија е реализиран тв филм „Ана Каренина“ во режија на Симон Ленгтон,со мошне интересна поделба на улогите. Ана Каренина  ја игра познатата актерка Џеклин Бисе, а Вронски,тогаш мега популарниот Супермен,односно Кристофер Рив. Пол Скофилд го игра ликот на 20 години постариот сопруг на Ана-Алексеј Каренин.

                                                                          ana 10

Во 2000 година е реализирана тв серија  „Ана Каренина“ во 4 епизоди  во режија на Дејвид Блер, во која ликот на Ана го толкува актерката Хелен Мек Крори,  а грофот Вронски го игра  Кевин Мек Кид. Се работи за англиска серија која била реализирана на локации во Финска.

                      ana 11

Русите во 2009 година снимиле мини тв серија  во која настапиле Татјана Друбих како Ана Каренина,Олег Јанковски како Алексеј и Јарослав Бојко како Вронски.

                                                                     ana 12

И конечно, во 2013 година е реализирана последната тв сеија во копродукција на Италија,Франција, Шпанија и Литванија.Главната улога ја толкува младата италијанска актерка Виторија Пучини, која ја игра Ана Каренина, Вронски го игра венецуелскиот актер Сантјаго Кабрера а канаѓанецот Бенџамин Садлер го игра ликот на Алексеј Каренин.

Сигурно е дека и во иднина ова дело на Толстој ќе биде предизвик за нови филмски и телевизиски адаптации со учество на нови актерски и режисерски имиња.

Во среда следува текстот за филмовите инспирирани од романот „ КЛЕТНИЦИ“ од Виктор Иго.

Автор: Ѓоко Симјаноски/Публицитет.мк 

Посетеност: 176
Share
Previous Post

Бутик „ЕМИЛИ“ – Кај нас потврдете го Вашиот стил на облекување

Next Post

„Малиот принц“: – Сите возрасни прво беа деца,но мал дел се сеќаваат

Next Post

„Малиот принц“: - Сите возрасни прво беа деца,но мал дел се сеќаваат

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 176

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk