Неодамна беше објавена информацијата дека новото анимирано остварување на компанијата Дизни, „ Барајќи ја Дора“ ја поминала магичната бројка на заработка од милијарда долари на кино благајните ширум светот .
Досега на оваа магична листа се наоѓаат само 27 филмови .Според интернет сајтот boxofficemojo.com постојат неколку листи на филмови со најголема заработка: една која ги рангира филмовите според заработката во светски рамки, втората која ги рангира филмовите според заработката во американските кино сали и третата која ги рангира филмовите според заработката во американските кино сали но со пресметана инфлација.Оваа листа е мошне интересна од едноставна причина што е составена врз основа на чинењето на влезните билети во годината кога филмот бил произведен со пресметана инфлација на чинењето на влезниот билет денес, кој во просек чини 8,66 американски долари.
Така, во 1910 година влезниот билет за новата забава, чинел 0,07 долари. Таа цена се задржала се до 1924 година кога влезницата се продавала по цена од 0,24 долари. Со мали корекции таа се одржала се до 1941 година кога билетот чинел 0,25 долари.Веќе во 1956 година влезниците чинеле двојно поскапо, 0,50 долари.
Кон средината на следната деценија ,во 1965 година влезниците веќе чинеле 1 долар, за по дест години (1975) да чини двојно поскапо (2 долари). Во наредниот период тој поскапувал секоја деценија за по еден долар. На крајот од 20 тиот век , во 1999 година влезниот билет за во кино достигнал просечна цена од 5,08 долари за во новиот милениум за „само“ 16 години да се искачи на денешните просечни 8,66 американски долари.
Така на пример, на таквата листа со пресметаната инфлација , на првото место како најгледан филм на сите времиња во САД е филмот „ Одвеано од виорот“ од 1939 година кога филмот остварил заработка од 198 .676.459 долари , кога влезниот билет чинел просечно 0,23 долари. Со пресметаната инфлација тој денес би имал заработка од 1.749.706. 459 долари.
Но , да се вратиме во сегашно време и да видиме кои се десетте филмови со најголема заработка спопред важечките денешни параметри.
Кога ќе се погледне листата веднаш паѓа во очи дека дури осум од нив својата заработка ја оствариле по 2010 година .
На првото место , веќе осум години, се наоѓа филмот „ Аватар“ на режисерот Џејмс Камерон со вкупна заработка од 2,788 милијарди долари од кои само 27% , односно 760,5 милиони припаѓаат на заработката во САД а остатокот е остварен надвор од границите на матичната земја.
На второто место се наоѓа „ Титаник“ исто така во режија на Џејмс Камерон, од 1997 година кој цели 12 година опстојуваше на првото место од оваа листа со заработка од 2, 186 милијарди долари.
На третото место се наоѓа последниот филм од серијалот „ Војна на ѕвездите“ со наслов „ Војна на ѕвездите: силата се буди“ од 2015 година на режисерот Џеј Џеј Абрамс , кој беше многу блиску да се искачи на третото место и да ја сруши „империјата“ на Џејмс Камерон. Но, за таквиот потег , барем во овој момент, му недостигаат уште 118 милиони долари. Имено, третото место тој го држи со заработка од 2, 068 милиони долари.
Во истата таа 2015 година на кино благајните ширум светот прекрасен успех постигна уште еден филм од една успешна франшиза започната во 1993 година во режија на Стивен Спилберг.Четвртото продолжение од овој серијал „ Светот Јура“ го потпиша како режисер Колин Трворов , и на големо изненадување на многумина успеа да заработи фантастични 1,67 милијарди долари.
Филмовите снимени според стриповите на Марвел во последните години се едни од најпрофитабилните. Така,меѓу 27 те кои заработиле над една милијарда долари се наоѓаат дури 8 филмови а меѓу првите 10 –три.
Првиот од трите се наоѓа на петото место со вкупна заработка од 1,52 милијарди долари. Се работи за филмот „ Марвеловите одмазници“ на режисерот Џош Ведон од 2012 година.
На шеатото место на оваа листа со најголема заработка досега во светски рамки се наоѓа седмото продолжение од франшизата „ Брзи и бесни“ на режисерот Џејмс Вон во кој за последен пат настапи актерот Пол Волкер пред неговата прерана трагична смрт. Филмот досега успеа да заработи само 300 иљади помалку од „ Марвеловите одмазници“. Од својата вкупна заработка од 1,516 милјарда долари дури 76, 7% ги заработи од прикажување во светот.
Вториот филм снимен според стриповите на Марвел се најде на седмото место со вкупна заработка од 1, 4 милијарди долари. Се работи за филмот од 2015 година „Одмазници:Годините на Ултрон“ на режисерот Џош Ведон.
Со заработка од 1,34 милијарди долари на високото осмо место се наоѓа еден филм кој истотака преставува дел од еден серијал. Станува збор за филмот „ Хари Потер:реликвиите на смртта ,втор дел“ од 2011 година кој беше последен од серијалот филмови посветен на младиот волшебник Хари Потер и неговита дружина. Режисер на филмот беше Дејвид Јетс.
Веќе рековме дека меѓу филмовите кои имаат заработка поголема од една милијарда долари од неодамна се приклучи и анимираниот филм „ Барајќи ја Дори“. Освен овој анимиран филм во овој магичен клуб има уште четири анимирани филмови од кои најуспешен е „Фрозен“ на компанијата Дизни од 2013 година со вкупна заработка од 1,27 милијарди долари.
Листата на величенствените 10 магични филмови според заработката ја заклучува уште еден филм кој е создаден според стриповите на Марвел. Се работи за филмот
„ Ајрон мен“ од 2013 година со вкупна заработка од 1, 21 милијарда долари. Филмот е во режија на Шенон Блејк.
Меѓу филмовите со заработка поголема од една милијарда долари се наоѓаат и филмовите од серијалите „ Пиратите од Кариби“, „ Трансформерси“… но и еден филм од најдолговечниот филмски серијал за тајниот агент Џејмс Бонд. Тоа е 23 филм од овој серијал „ Скајфол“ од 2012 година во режија на Сем Мендес кој со заработените 1, 1 милијарда долари се наоѓа на 15 место на листата од 27 досегашни милијардери, клуб на величенствени кој наскоро ќе биде збогатен со некој нов блокбастер.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк