• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски блокбастери – како се „прават“ долари

јули 14, 2015
in Филмољубие

Летото е период од годината кој најмногу го очекуваат филмаџиите за да ги пласираат пред публиката своите најголеми филмски адути кога таа најмногу оди во кино салите.

Меѓутоа не секогаш нивните очекувања се исполнуваат до крај.Така,барем досега,на истекот од првата половина од оваа 2015 година,планот го оствари филмот „Светот јура“кој  пред гледачите излезе на 12 јуни кога за време на првиот викенд успеа само во американските кино сали да заработи фантастични 208,8 милиони долари. Тоа е воедно и филм кој за најкус можен период од прикажувањето успеа да заработи една милијарда долари. Неговата вкупна заработка во светски рамки за само 30 дена од неговото прикажување изнесува една милијарда и 465, 8 милиони долари и со таквата заработка тој се искачи на високото петто  место на листата на филмови со најголема заработка на сите времиња, на која првите две места ги завземаат два филмови направени од ист режисер – Џејмс Камерон. Првиот е „ Аватар“ од 2009 година со вкупна заработка од две милијарди и 788 милиони долари, и „ Титаник“ од 1997 година со заработка од две милијарди и 186 милиони долари.

                                                              Jurassic World INT Poster mk

Интересно е дека на четвртото и шестото место на оваа листа се наоѓаат уште два филма од оваа 2015 година. Филмот „ Брзи и бесни 7“ со вкупна заработка од една милијарда и 511,6 милиони долари во светски рамки ги надмина сите очекувања на продуцентите и стана филм со најголема заработка од оваа франшиза ,чиј прв филм беше реализиран во 2001 година.Филмот пред гледачите во САД беше прикажан на 3 април кога за време на првиот викенд успеа да инкасира 147 милиони долари.До 18 јуни филмот успеа да заработи вкупно во светски рамки една милијарда и 511,6 милиони долари . Филмот имал буџет од 190 милиони долари.

                                                              Furious7 Poster MK

На 1 мај во американските кино сали, но и во кино салите ширум светот, започна да се прикажува филмот „Одмазници 2:Ерата на Ултрон“-очекуван блокбастер,кој за време на првиот викенд од своето прикажување во САД успеа да заработи 191 милион долари. Неговата вкупна заработка досега изнесува една милијарда и 388,5 милиони долари. Филмот нема шанси да ја надмине заработката на филмот Марвеловите „Одмазници “ од 2012 година ,кој со вкупната заработка од една милијарда и 518,6 милиони долари се наоѓа на високото трето место на оваа листа.

                                                              Avengers2 Plakat mk

Ова лето многу се очекуваше од филмот „Терминатор:Џенезис“ кој всушност преставува петто продолжение од франшизата „ Терминатор“особено заради враќањето на Арнолд Шварценегер по неговото отсуство во четвртото продолжение.Филмот премиерата ја имаше на 1 јули кога за време на првиот викенд успеа да инкасира ептен скромни 27 милони долари или вкупно 68,7 милиони долари по 12 дневно прикажување  ширум САД.Неговата вкупна заработка во светски рамки за истиот период исто така, е мошне„ посна“-изнесува 224,8 милиони долари.

Но така е тоа во филмскиот бизнис некогаш се добива а некогаш губи. Сепак, се наоѓаме така речи на почетокот на летото 2015 . Во перидот што следи треба да бидат прикажани неколку филмски блокбастери од кои се очекува да ја поправат „ крвната слика “ на заработката но тешко е да се очекува дека некој од нив ќе им се прилкучи на трите филма за кои предмалку говоревме.

Инаку, вториот „бран “ на филмските хитови ,како што нели е вообичаено ,се очекува кон крајот на годината.

Автор: Ѓоко Симјаноски / publicitet.mk 

Посетеност: 184
Share
Previous Post

Подмолни болести што долго немаат симптоми

Next Post

Близу четири децении македонска литература во Сиднеј

Next Post

Близу четири децении македонска литература во Сиднеј

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 184

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk