• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски евергрин – Француска врска (1971)

мај 28, 2021
in Филмољубие
Филмски евергрин – Француска врска (1971)

Еден од најдобрите филмови на сите времиња , кој според многу анкети е сместен помеѓу 100 те најдобри, е филмот „Француска врска “ од 1971 година во режија на Вилијам Фридкин. А во  токму таа 1971 година беа создадени неколку антологиски филмски дела кои и ден денес се гледаат со задоволство. Беше тоа година во кои беа создадени и филмовите : „Дуел“првиот игран филм на режисерот Стивен Спилберг, култниот филм на Стенли Кјубрик „Пеколниот портокал“, дебитантскиот филм на Џорџ Лукас – научно фантастичниот „ТНХ 1138“, трилер драмата „Кучиња од слама“ на Сем Пекимпо,„Клут“ со Џејн Фонда кој и’ го донесе Оскарот за главна улога , „Сексуално воспитување“ на Мајкл Николс  , „Последната кино престава“ на Питер Богдановиќ …

Од таа богата понуда на незаборавни филмови го одбравме филмот „ Француска врка“ кој може слободно да се рече дрка ја обележа таа 1971 година и тоа од неколку причини.Беше еден од најгледаните како во САД така  и во остатокот од светот, освои пет награди Оскар но и други 22 награди а ќе остане запаметен и по извонредно реализираното бркање со автомобил кое влезе во историјата на филмот. Освен тоа, според многумина, тој е еден од најдобрите филмови во историјата на филмот.Американскиот филмски институт го вклучи овој филм во својата избор на најдобрите во 1998 и повторно во 2007 година. Во 2005 година филмот беше избран да се зачува во Националниот филмски регистар на САД во Библитеката на Конгресот како „значаен од културно , историски и естетски аспект“.

Флмот е снимен според сценариото кое е напишано од Ернест Тидиман кое тој го напишал врз книгата „ Француска врска“ од 1969 година на авторот Робин Мур.Во него се раскажува приказната за детективите од полицискиот оддел за наркотици во Њујорк Џими „Попај“ Дојл и Бади „Облачниот“Русо, чии колеги во  вистинскиот живот биле детективите за наркотици Еди Еган и Сони Гросо, во потрага по богатиот француски шверцер со хероин Ален Шерние.

4 copy

Трите главни улоги во филмот ги играат Џин Хекман како Попај,Рој Шајдер како Облачниот и Фернандо Реј како Шарние.Актерската екипа е можеби главниот адут на овој прекрасен филм, но режисерот Фридкин кој уште во самиот почеток имал проблеми со кастингот односно поделбата на улогите.За ликот на Попај во игра биле неколку актери. Режисерот го посакувал Пол Њумен , но тој не се вклопувал во буџетот на филмот.Во игра биле Џеки Глисон и Питер Бојл кој ја одбил улогата заради насилната тема на филмот. Улогата му била понудена и на Стив Меквин но тој не сакал да сними уште еден полициски филм по „Булит“ каде ја играше главната улога а и неговиот хонорар не се вклопувал во релативно скромниот буџет на филмот .Бил во игра и Чарлс Бронсон но најблиску до улогата бил актерот Род Тејлор со што се согласило и студиото но на крајот улогата ја добил Хекман и тоа само по разговорот со режисерот на филмот Фридкин .

Мошне интересен бил изборот на Фернандо Реј кој го игра ликот на Шарние.Имено, Фридкин во една прилика го гледал францускиот филм „Убавицата на денот“ на режисерот Луис Буњуел од 1967 година и бил инпресиониран од улогата на актерот Франциско Рабал,кој имал малечка улога во филмот.Фридкин не го знаел неговото име но само запомнил дека се работи за шпански актер. Тој го замолил својот кастинг директор да го пронајде актерот , а тој наместо да го контактира Рабал, го исконтактирал Фернандо Реј, шпански актер кој настапи во неколку филмови на Буњуел.Но, откако конечно стигнале до Рабал , тие откриле дека тој не знае да зборува ниту француски ниту англиски.Го задржале Фернандо Реј  иако не биле задоволни со неговиот француски изговор па одлучиле да го надсинхронизираат а го задржале неговиот англиски изговор. 

Филмот имал предвиден произвоствен  буџет од 1,5 милиони долари , но тој бил надминат за 300000 долари.Филмот доживеа голем успех на кино благајните заработувајќи околу 52 милиони долари.

Режисерот на филмот Фридкин во едно свое интервју ќе посочи дека при реализацијата на неговиот филм големо влијание имал филмот „З“ на Коста Гаврас . Тоа особено важи за реализмот кој е сличен на документарен филм.

Филмот на Фридкин е еден од првите во кој е прикажан Светскиот трговски центар во Њујорк, во кој може да се видат кулите од кои едната е изградена а другата е во завршна фаза , а кои подоцна ќе бидат срушени во терористички напад.

2 copy copy

Веќе споменавме дека филмот е еден од најпознатите и по тоа што во него постои можеби најдоброто и највозбудливо бркање со автомобили во историјата на филмот.Во оваа бркотница учествува Попај кој со возилото „Понтијак Лемана од 1971 година  , избезумено брка еден убиец скриен во воз од подземната железница кој во моментот јури по подигнатата патека над авенијата Стилвел, 86 тата улица и авенијата Утрехт во Бруклин.

Бркотницата била снимена без да се добијат соодветни дозволи од градот. Голема помош во реализацијата пружиле членовите на тактичките сили на Њујорк кои помогнале во контролата на сообраќајот која била постигната со помош на службеници кои не биле на должност .Сообраќајот во делот на снимањето бил под надзор цели пет блока во секоја насока.Била дадена дозвола за контрола на сообраќајната сигнализација на улиците каде се одвивала бркотницата.

1 copy copy copy copy

Највозбудливите моменти од оваа бркотница се снимени со камерата која е поставена на предниот браник од автомобилот со што е прикажан низок агол на гледање на улиците низ кои се одвива бркотницата.Возилото освен Џин Хекман ,во опасните сцени го возел каскадерот Бил Хикман. Сцените во автомобилот на Хекман ги снимал самиот режисер Фридкин кој бил сместен на задното седиште од автомобилот ,бидејќи не бил женет и немал деца за разлика од другите камермани кои имале деца, заради големиот ризик од несреќа.  Голем удел во успешноста на оваа антологиска сцена има и монтажата (која е наградена со Оскар) како и кинематограферот Овен Роизман кој бил задолжен за снимањето.

3 copy copy

На 44 тото доделување на Оскарите филмот ги освои наградите во категориите :Најдобар филм, најдобра режија (за Вилијам Фридкин) , најдобра машка улога за Џин Хекман, најдобра монтажа и најдобро адаптирано сценарио.

Филмот доживеа продолжение во 1975 година во кое Хекман и Фернандо Реј ги повторија своите улоги.Режисер на филмот беше Џон Франкенхајмер. Буџетот на филмот беше 4, 5 милиони долари а неговата заработка достигна 12, 3 милиони долари што во споредба со оригиналот е некоклу пати помала.

Од актерите кои ги толкуваа главните улоги во овој прекрасен филм , денес и по 50 години од неговата реализација се живи Џин Хекман кој денес има 91 година и Тони Ло Бјанко кој има 84 години. Жив е и режисерот Вилијам фридкин кој има 85 години.

Актерите , Рој Шајдер почина во 2008 година, Фернандо Реј во 1994 година а Марсел Бозуфи во 1988 година.

Ова потсетување , нека биде причина повторно да го погледнете овој филм кој оваа година го слави својот 50 ти роденден.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 124
Share
Previous Post

Во Охрид нема нов случај на корона за активни се водат уште 183 лица

Next Post

Денес им е роденден: Елеонора Новичиќ

Next Post
Денес им е роденден: Елеонора Новичиќ

Денес им е роденден: Елеонора Новичиќ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 124

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk