Она што требаше да се случува пред еден или два месеци, заради пандемијата на вирусот Ковид -19, се сличува во овој месец и наредниот, кога се доделуваат националните филмски награди, се објавуваат номинациите за престижни филмски награди…
Пред извесно време (на 6.март) беа обелоденети наградите на Берлинскиот филмски фестивал ,а пред неколку дена беа објавени добитниците на наградите Гоја и Чешките лавови а беа објавени и номинациите за наградите Бафта .
71. БЕРЛИНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ – НАГРАДИ
Изминатата сабота беа објавени добитниците на наградите на 71. Берлински филмски фестивал. Како што веќе ве информиравме , оваа година фестивал се одржува во два дела. Во првиот дел, од 1 до 5 март во Берлин беше повикано годинешното стручно жири да ги одгледа и оцени филмовите од главната натпреварувачка програма (вкупно 15 филмови) и да ги објави имињата на победниците а вториот дел од фестивалот кој ќе сеодржи во од 9 до 20 . јуни, кога ќе бидат прикажани филмовите и ќе им бидат врачени наградите на добитниците на наградите.
Годинешното жири ,како што е познато , беше составено од шест поранешни добитници на наградата Златна мечка. Сите тие беа рамноправни бидејќи немаше председател на жирито.
Еве ги нивните одлуки:
Главната награда на жирито (Златната мечка за најдобар филм) ја освои филмот на романскиот режисер Раду Жуде „Баксузно бубање или безумен порно филм“. Филмот преставува копродукција помеѓу Романија, Луксембург, Чешка и Хрватска.
Филмот говори за наставничката Ема која ќе се најде во неблагодарна позиција откако во јавноста ќе протече една приватна секси снимка со нејзиниот сопруг.Бесните родители бараат нејзин отказ од училиштето, но таа не подлегнува на таквиот притисок.Режисерот Жуде во филмот донесува возбудлива компилација од атипична форма и бескомпромисен хумор, со мноштво бритки интересни забелешки за лицемерието и предрасудите типични за денешното општество.
Филмот е снимен кон крајот на изминатото лето помеѓу двата силни бранови на пандемијата кои режисерот не се плашел да ги стави во филмот.
Главната улога на учителката Ема ја толкува актерката Катиа Паскариу. Покрај неа настапуваат уште и Клаудија Иеремиа, Олимпија Малаи, Никодин Унгереану, Александра Потокеан и Анди Васлиуиану.
Според жирито филмот поседува ретки и основни својства на трајно уметничко дело. Филмот има содржина, дух и тело како и поглед на светот и времето во кое се наоѓаме.
Сребрената мечка –Гран при, му припадна на јапонскиот режисер Ријесуке Хамагучи за филмот „Тркало на среќата и фантазијата“
Сребрената мечка – награда од жирито,ја освои долгометражниот документарен филм „Господинот Бахман и неговото одделение“. Жирито во своето образложение вели дека филмскиот јунак Дитер Бахман е единствениот наставник кој со својата хуманост создава многу поефикасен систем, кој инаку е во криза, а тоа е европскиот образовен систем.
Наградата „Сребрена мечка“за режија, му припадна на одличниот унгарски режисер Денеш Наѓ за филмот „ Природна светлост“. Се работи за воен филм за кој жирито во својата одлука за наградата ќе рече дека филмот го одликува извонредна режија и мајсторска контрола на секој кадар.
Од оваа година се воведени измени во доделувањето на актерските награди, па така наместо наградите за најдобра машка и женска улога, сега се доделува „Сребрена мечка“ за најдобра споредна и најдобра главна улога.
Така, наградата за најдобра улога и припадна на германската актерка Марен Егерт за улогата во филмот „Јас сум твојот човек“ на режисерката Марија Шрадер.
Наградата за најдобра споредна улога ја освои унгарската актерка Лили Кизлингер за улогата во филмот “Шума – те гледам секаде“ во режија на Бенце Флигауф.
За најдобро сценарио наградата ја освои јужнокорејскиот автор Хонг Сангсу за приказната од црнобелиот филм „Запознавање“.
Наградата на меѓународното жири Фипресци , ја освои грузискиот филм „Што може да видиме кога гледаме во небото“ на режисерот Александр Коберидзе.
28.НАГРАДИ НА ЧЕШКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА – ЧЕШКИ ЛАВ
Изминатата недела , откако предходно беа доделени наградите на чешките филмски критичари, беа доделени и наградите на Чешката филмска и телевизиска академија за најдобрите чешки филмово во 2020 година.
Веќе доделените награди на филмските критичари издвои два филма , кои доминираа според бројот на освоени награди и на Чешката академија.
Така , филмот „Земја на сенките“ на режисерот Бохдан Слама кој преставува колективен портрет на едно чешко село во близина на германската граница за време на настаните во 1930 тите, 40 тите и 50 тите години од изминатиот век, освои вкупно шест награди (најдобро сценарио, монтажа, музика, костимографија, најдобра женска улога за Магдалена Борова и најдобра сопредна женска улога за Петра Шпалкова).
За најдобар чешки филм за 2020 година , според Академијата, е прогласен филмот „Шарлатан“на режисерката Агњешка Холанд коа ја освои и наградата за најдобра режија.
Биографскиот филм кој говори за еден шарлатан- исцелител, ја освои и наградата за најдобра машка улога која му припадна на актерот Иван Тројан за толкувањето на ликот на Јан Миколажек како и наградата за најдобар кинематографер.Инаку филмот „Исцелител “ имаше најмногу номинации (14) колку што имаше и биографскиот филм за последниот председател на Чехословачка и првиот председател на Чешка „Хавел“ на режисерот Славек Хорак , кој успеа да освои самио една награда – за најдобра шминка и фризура.
Наградата за најдобар документарен филм ,очекувано, му припадна на филмот „ Фатен во мрежата“.
НАГРАДИ „ГОЈА“ НА ШПАНСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
Годинешните филмски награди “Гоја“ која ги доделува Шпанската Академија за филм и наука , беа доделени во саботата на 6. март на виртуелна церемонија која се одржа пред празниот аудиториум во Малага а добитниците на наградите се јавуваа од дома преку видео врска.
Наградата „Гоја“ за најдобар шпански филм за 2020 година му припадна на дебитантскиот филм “Ученички“ на режисерот Пилар Паломеро кој ја освои и наградата за најдобар млад режисер.Филмот ги освои и наградите во категориите најдобро оригинално сценарио напишано од режисерот на филмот кое е темелено врз неговите училишни денови, најдобар кинематографер и најдобар фантастичен филм.
Филмот „Адо“освои четири награди Гоја , вклучително и за најдобра режија која му припадна на Салвадор Калво како и за најдобар млад актер –Адар Нуру.
И покрај тоа што имаше најмногу номинации , филмот „Свадбата на Роса“доби само две награди:во категоријата споредна женска улога за актерката Натали Поза и најдобра оригинална песна.
Актерката Патриша Лопез Арнаиз ја освои наградата во категоријата најдобра женска улога за филмот „Ане недостасува“ а актерот Марко Касас ја освои наградата Гоја за најдобра машка улога за за неговиот настап во филмот „ Премин на границата“.
Улогата на пожарникар во филмот„Луѓето горе“ на актерот Алберто Сан Хуан му ја донесе наградата за најдобра споредна машка улога.
За најдобра млада актерка е прогласена Јоне Ласпиур за улогата во филмот “ Ане недостасува“.
За најдобар документарен филм е прогласен „Година на откритието“во режија на Луиз Лопез Караско.
Компјутерски анимираниот филм „Туру, откачената кокошка“ ја освои наградата Гоја во категоријата најдобар анимиран филм,
За најдобар европски филм прикажан во Шпанија во 2020 година е прогласен филмот “Таткото“ на режисерот Флоријан Зелер.
Во категоријата најдобар странски филм на шпански јазик наградата му припадна на филмот „Сеќавањата на татко ми“ на режисерот Фернандо Труеба.
Почесна награда Гоја за животно дело и беше врачена на познатата актерка Ангела Молина. Таа беше единствената што ја прими наградата на сцената во Малага од рацете на режисерот Хаиме Чавари.
Председателот на Академијата , Маријано Баросо, говореше за актерка Молина но тој во својот говор се осврна и на необичноста на времето во кое живееме и изрази надеж дека следната година манифестацијата ќе биде одржана во нормални услови.„ Бевме решени и покрај се, да не ја одложуваме нашата можност да и се обратиме на нашата публика и затоа сме тука вечерва“рече на крајот од своето обраќање Маријано Баросо.
НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДАТА „БАФТА“ НА БРИТАНСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
Пред неколку дена беа објавени номинациите на наградите Бафта која ги доделува Бритаската академија за филмска и телевизиска уметност кои оваа година ќе бидат доделени на 11. април .
Според информациите објавени во странскиот печат ,откако академијата одлучи да го реновира својот процес на гласање заради силните критики изречени изминатата година кога на четирите листи за актерски остварувања немаше ниту еден црнец актер како и номинирање само на режисери додека режисерките ретко кога добиваа .Годинешните листи на номинираните изгледаат сосема поинаку.Дури половината од номинираните актери се црнци а меѓу номинираните има дури четири режисерки.
Така , независниот британски филм „Карпи“ на режисерката Сара Гаврон има најголем број на номинации (седум)вклучително и категориите за најдобар британски филм , режисер, сценарио , главна женска улога (Баки Бакрак) и споредна женска улога (Косар Али).Меѓу номинираните за најдобар филм ,исто така со седум номинации ,се наоѓа и американскиот филм „ Земја на номадите“ (кој неодамна го освои Златниот глобус)на режисерката Клое Жао која има номинација за Бафта во категоријата најдобар режисер а актерката Френсис Мек Дорман има номинација за најдобра актерка.
Меѓу номинираните филмови во категоријата најдобар филм се најдоа и филмот„Таткото“ на режисерот Флоријан Зедел кој има шест номинации . Покрај онаа за најдобар филм има и номинации за најдобро адаптирано сценарио и најдобар актер (Ентони Хопкинс).Тука се и британско американскиот хит „Ветувачка млада жена“ на режисерот Емералд Фенел,американскиот „Судскиот процес на седуммината од Чикаго“ на Адам Соркин и „Мавританецот“ на Кевин Мекдоналдс со пет номинации , вклучувајќи ги оние за најдобро адаптирано сценарио и главна машка улога (Тахир Рахим).
Сепак се чини дека најизненадувачки се номинираните во категоријата најдобар режисер каде се наоѓаат имињата на неколку европски режисери чии филмови не се на англиски јазик.
Така, меѓу петте номинирани се наоѓаат и имињата на данскиот режисер Томас Винтерберг за режијата на филмот „Уште една рунда“, кој доби четири номинации (најдобро оригинално сценарио, најдобар актер- Мадс Микелсен, и најдобар странски фим) и Јасмила Жбаниќ од Босна за филмот „Кво Вадис Аида ?“ кој има номинација и во категоријата најдобар странски филм.
Листата од петте номинирани филмови во категоријата најдобар странски филм се уште и францускиот „Клетници“, рускиот „Почитувани другари ! “ на Андреј Кончаловски и корејскиот „ Минари“ на режисерот Ли Исак Чунг.
Новина оваа година е и тоа што листата на номинирани филмови за најдобри британски филмови е проширена на 10 филмови и воведување на нова категорија на Британски таленти (сценаристи, режисери и продуценти).
Инаку наградите Бафта се доделуваат во вкупно 24 категории.
Ѓ. Симјаноски, Публицитет.мк