И месец април на љубителите на филмската уметност ќе им донесе пооголем број на интересни филмски остварувања. Првите филмски премиери за овој месец ќе се случат во петок на 6. април.Ние направивме избор од дваесетина наслови кои мислиме дека ќе предизвикаат интерес кај публиката. Во првиот дел ќе ви преставиме пет филмови:
ЧУДОТВОРНАТА СЕЗОНА
Постојат навистина голем број на играни филмови кои преставуваат екранизација на вистински приказни за познати спортисти од такаречи сите спортови како за поединци така и за цели екипи. Да се потсетиме , еден таков филм оваа година се натпреваруваше за наградите Оскар.Беше тоа филмот „ Јас , Тоња“кој и беше посветен на шампионката во уметничко лизгање Тоња Хардинг.Филмот имаше три номинации за наградата Оскар а освои еден за најдобра споредна женска улога.
Од петок во кино салите низ светот започнува да се прикажува спортската драма „Чудотворната сезона“ во режија на Шон Макнамара во кој главните улоги ги толкуваат : оскаровката Хелен Хант ( на која помалку подзаборавивме) Вилијам Херт,Ерин Мориарити и Даника Јарош.
Филмот преставува вистинска приказна за одбојкарскиот филм на едно училиште од Ајова Сити , по трагичната смрт на лидерот на тимот Каролина Фаунд во 2011 година, преостанатите играчи од тимот мораат да се здружат под водство на својот тежок сакан тренер во надеж дека ќе го освојат државниот шампионат.
ЧАПАКВИДИК
Филмот „ Чапаквидик“ преставува уште еден филм кој е реализиран според вистински настан но овој пат од светот на политиката. Едно од најславните и најмоќните семесјства но во истовреме и семејство со најтрагична судбина , е секако семејството Кенедиеви кои ја одбележа и историјата на најмоќната земја во светот. За трагичната судбина на најпознатиот член на ова семејство ,Џон Кенеди, досега се снимени голем број на играни и документарни филмови. Нешто помал е бројот на филмовите снимени за неговиот брат Роберт Кенеди чиј живот истотака заврши трагично.
Од петок пак во кино салите низ САД и остатокот од светот ќе започе да се прикажува и филмот „ Чапаквидик“ кој говори за третиот брат од ова семејство, Тед Кенеди, односно за настанот што се случи во 1969 година а кој имаше големо влијание врз понатамошната политичка кариера на најмладиот брат од семејството Кенеди.
Во филмот се говори за скандалот и мистериозните настани околу трагичното давење на една млада жена, која била во автомобилот покрај сенаторот Тед Кенеди кога тој преоѓајќи преку мостот за островот Чапаквидиик , ќе излета од мостот и ќе се потопи во реката.
Несреќата била предизвикана од негрижата на сенаторот Тед Кенеди, и резултирала со смртта на неговата 28-годишна сопатничка, Мери Џо Копечни,(стратешки водач на неговата кампања за избори) која била заробена во возилото.Тој по несреќата веднаш испливал од автомобилот и воопшто не ја пријавил несреќата на полицијата цели 10 часа. Во меѓувреме неговата сопатничка се удавила во потонатиот автомобил. Следниот ден, автомобилот со мртвото тело на Копечни било откриено од нуркач. Кенеди се изјасни за виновен по обвинението за напуштање на местото на несреќата, предизвикувајќи смрт, а подоцна добил и двемесечна суспендирана затворска казна.
Инцидентот Чапаквидик стана национално познат скандал од 1970-тите години и најверојатно влијаеше на одлуката на Кенеди да не води кампања за претседател во 1972 и 1976 година со што на некој начин засекогаш се промени текот на председателската историја во САД.
Преку вистински извештаи, документирани во истрагата од истрагата во 1969 година, режисерот Џон Каран и писателите Ендрју Логан и Тејлор Ален, интимно го изложуваат широкото влијание на политичка моќ, влијанието на најпознатото семејство во Америка како и ранливоста на Тед Кенеди, најмладиот син, во сенката на неговото семејно наследство.
Ликот на Тед Кенеди го толкува актерот Џејсон Кларк а ликот на Џо Копечни, Кејт Мара.
ЛИН НА ПИТ
Филмот ја следи приказната на петнаесетгодишниот Чарли Томпсон. Тој сака дом, храна на маса и да оди во едно средно училиште во поголемиот дел од годината. Како син на еден татко кој што работи во магацини низ северозападниот дел на Пацификот, тешко е да си најде постојано друштво и стабилност. Надевајќи се на нов почеток, тие се преселуваат во Портланд, Орегон, каде што Чарли за време на летниот распуст се вработува на едно сезонско работно место, како тренер за коњи и се вклучува во организацијата на трката, наречена Лин на Пит.
Режисер на филмот е Андреј Хај а гланите улоги во филмот ги толкуваат : Тревис Химел, Стив Бусеми, Клое Севињи, Стив Зен, Чарли Пламер и други.
Филмот „ Лин на Пит “ својата светска премиера ја имаше на Венецијанскиот филмски фестивал и тоа во званичната конкуренција по награди.
ПРЕВРТЛИВИОТ ЧОВЕК
„ Превртливиот човек“ преставува психолошки трилер во кој настапуваат:Гај Пирс, Мини Драјвер,Одеја Раш, Александра Шип и Треја Тингли.Филмот е снимен според истоимениот роман кого објавил Џорџ Херар. Приказната на филмот го следи семејниот човек и почитуваниот универзитетски професор Јуан Бирх , кој заради неговиот шарм и углед класичната филозофија е мошне популарен предмет. Кога една од неговите студентки ќе исчезне, Јуан станува главен осомничен.Во неговото алиби се сомневаат неговата сопруга и полицискиот детектив Мелој .
Филмот како режисер го потпишува шведскиот режисер Сајмон Кајзер според сценариото кое го напишал Метју Олдрич кој беше косценарист на минатогодишниот хит на компанијата Дизни, „Коко“.
КАДЕ Е КАЈРА ?
По подолга пауза познатата актерка Мишел Фајфер повторно се враќа на големиот екран. Таа ја толкува главната улога во драмата „ Каде е Кајра ?“ во режија на Ендрју Досунму кој предходно се престави со наградуваниот филм, драмата„ Каде е Џорџ“.
Главна хероина во филмот е Кајра Џонсон , разведена средовечна жена која неодамна се вселува во станот на својата мајка на подрачјето на Бруклин и е во потрага по работа.Кога нејзината мајка одненадеж ќе почине , Кајра останува сама без емоционална и финансиска подршка. Таа пред себе има неколку опции од кои ниту една не е добра.И покрај љубовната афера со својот симпатичен сосед кој се бори со своите сопствени проблеми, Кајра не може да го прифати фактот дека нејзиниот некогаш среден живот и’ се распаѓа, заради што е принудена на очајни ,загадочни и рискантни потези, за да може да го задржи она малку што и преостанало.
Во филмот за кој сценариото го напишал режисерот заедно со актерката, сценаристката и продуцентката Дарси Пикулт, се појавува и ветерантката Сузан Шепард која своевремено настапи во филмовите: Лолита, Добрите момчиња и Реквием за еден сон.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк