• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во април (1)

април 2, 2021
in Филмољубие

И во четвртиот месец од оваа година кино салите ширум светот во некои земји целосно се затворени а во некои работат со прекини притоа спроведувај ќи ги сите предвидени заштитни мерки против пандемијата со Ковид  – 19.

Следствено на ова и филмската понуда за овој месец е мошне скромна . Во кино салите ,според најавите досега, предвидено е прикажување на дваесетина нови филмски остварувања. Со дел од нив ќе ве запознаеме денес а со дел во втората половина од овој месец.

MV5BZmYzMzU4NjctNDI0Mi00MGExLWI3ZDQtYzQzYThmYzc2ZmNjXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyMjM2NDc2. V1 UY209 CR00140209 AL

ГОДЗИЛА ПРОТИВ КОНГ

Овој научно фантастичен филм својата премиера требаше да ја има во ноември 2020 година но заради пандемијата неговата меѓународна премиера се одржа пред неколку дена на 24. март а во САД започна со прикажување на 31.март. Филмот од 25.март се прикажува и во нашата земја , се разбира, онаму каде што работаат кино салите.

Научно фантастичниот филм „Годзила против Конг“ кој говори за судирот помеѓу најголемите филмски чудовишта , преставува продолжение на филмовите „Годзила:

Кралот на чудовиштата“ од 2019 и „Конг:Островот на черепите“ од 2017 година.

Интересно е дека ова е 36 филм од франшизата за Годзила , 12 филм од франшизата за Кинг Конг и четврти филм за Годзила кој целосно е продуциран од холивудско студио.

Филмот имал буџет од 200 милиони долари и е во режија на Адам Винград.

Главните улоги во филмот ги толкуваат:Александар Скарскаг, Мили Боби Браун,Ребека Хол, Шун Огури, Еиза Гонзалес, Џулијан Денисон и други.Во филмот луѓето се сведоци на колосалниот судир помеѓу најголемите светски суштества Годзила и Конг кои се борат за тоа кој ќе владее во светот на Титаните.

MV5BY2VhOTgxZGEtNGRiZi00NzVkLWE3MGEtZTRjNWEwY2MwZTI0XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR130140209 AL

НЕСВЕТИОТ

Филмот преставува хорор во режија на Еван Спилиотопулос во кој настапуваат Џефри Дин Морган,Крикет Браун, Вилијам Садлер, Кери Елвес…

Приказната на филмот говори за Дева Марија која е посетена од едно девојче со оштетен слух. По средбата на девојчето и се враќа слухот започнува да зборува и има моќ да лекува луѓе. И додека луѓето се собираат за да бидат сведоци на нејзините чуда, започнуваат да се случуваат засташувачки настани. Дали тие се дело на Дева Марија или нешто уште позлобно?

MV5BMDc0YzQ0YzEtM2YzMC00OGYxLTkxYjEtYmVmZmE1M2RiOWNkXkEyXkFqcGdeQXVyMTAyMjQ3NzQ1. V1 UY209 CR00140209 AL  

СЕКОЈ ЗДИВ ШТО ГО ЗЕМАШ

Филмот преставува необичен психолошки трилер кој говори за еден психијатар  чија кариера е доведена во прашање кога една негова пациентка ќе си го одземе животот.Кога тој ќе го покани братот на неговата пациентка во неговиот дом да се сретне со неговата сопруга и неговата ќерка, неговиот семеен живот одеднаш се распаѓа.

Главните улоги во филмот гитолкуваат: Мишел Монаган, Сем Клафин, Кејси Афлек, Емили Алин Линд и Вероника Ферес . Режисер на филмот е Вон Штајн.

MV5BMzAzMTAxZGUtMGY0OS00MTk1LTlkMTMtMzNhYmRlZDVhNTA3XkEyXkFqcGdeQXVyMTQ3ODkwMjc. V1 UY209 CR00140209 AL

ДЕВОЈЧЕТО  КОЕ  ВЕРУВА  ВО  ЧУДА

Се работи за семејна драма говори за малечката Сара Хопкинс , која за разлика од повеќето луѓе е подготвена  да го држи Господ за збор.Со други зборови, кога ќе го слушне проповедникот кој вели дека верата може да помести планини, таа започнува да се моли.Она што започнува со исцелување на една птица на мистериозен начин, доведува до тоа сите луѓе  во градот да бидат излекувани од својата мизерија и несреќа.

Но,вниманието на печатот за чудото во градот наскоро ќе и нанесат  голема штета на Сара.Дали нејзиното семејство ќе може да го спаси своето чудо од девојче пред да биде предоцна?

Режисер на филмот е Ричард Корел а главните улоги ги толкуваат: Мира Сорвино, Кевин Сорбо, Питер Којот и Томи Роуз.

MV5BZDIzODQyODQtYzIyYy00MDE5LWJmZjMtMDRmYTRkNzAyZjAzXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyMjM2NDc2. V1 UY209 CR00140209 AL

ВОЈАЏЕРИ

Дејствието на овојав антуристички научно фантастичен филм со елементи на трилер е сместено во блиска иднина. Филмот ја прикажува одисејата на 30 млади мажи и жени кои се испраќаат длабоко во вселената во мулти-генерациска мисија во потрага по нов дом. Мисијата прераснува во лудило, бидејќи екипажот се враќа во најпристојната состојба, не знаејќи дали вистинската закана со која се соочуваат е она што е надвор од бродот или во него.

Режисер на филмот е Нил Бургер кој го потпишува и сценариото на филмот а главните улоги ги толкуваат: Колин Фарел, Тај Шериден, Лили Роуз – Деп, Шанте Адамс, Квинтеса Синдел и други.

MV5BYTg4NWQ4ODEtMmQ3Zi00N2JlLTgzNDEtMDMzYjNkODUzODE5XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ПОНЕДЕЛНИК

Романтичната драма „Понеделник“ преставува грчко англиска копродукција во режија на Аргирис Пападимитропулос. Филмот всушност преставува еден вид на продолжение на неговиот фестивалски хит „Сунтан“.

Кога Мики (Себастијан Стен) во една жешка ноќ во Атина ќе ја запознае Клои (Дениз Гоф)меѓу нив веднаш се појавува нескриена симпатија која и пред да се свестат завршува следното саботно утро кога ќе се разбудат голи на песочната плажа.И така, од двајца осамени во петок тие доживуваат прекрасна викенд романса која води до сериозни разговори кога ќе се соочат со суровата сончева светлина во понеделник наутро. Филмот дава еден забавен но изненадувачки и реален поглед на одлуките со кои сите треба да се соочиме кога забавата ќе заврши и кога сонцето ќе изгрее во понеделник.

Светската премиера филмот ја имаше на 11септември 2020 година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто откако неговата првична премиера која требаше да се случи на Филмскиот фестивал Трибека на 15 април 2020 година а која беше одложена заради пандемијата Ковид 19.

Филмот во кино салите треба да започне со прикажување од 16.април.

MV5BZWEzZDdjMjAtOWM1Zi00MTZkLWE5OTEtMDg2YmNmODFjOTBjXkEyXkFqcGdeQXVyMDA4NzMyOA. V1 UX140 CR00140209 AL

ПОБЕДИ

На 16 април во кино салите би требало да започне да се прикажува и акциониот криминален трилер „Победа“ на режисерот Џорџ Гало.Во филмот главните улоги ги толкуваат:Руби Роуз, Морган Фримен, Патрик Мулдои, Џули Лот, Екатерина Бекер, Ник Валегонга, Ричард Салваторе и други.

Мајката, Викторија, се обидува зад себе да го остави мрачното минато кога била руски курир за наркотици, но пензионираниот полицаец Дејмон ја принудува Викторија да се врати на старите патеки , држејќи ја во заложеништво нејзината ќерка. Сега, Викторија мора да употреби оружје и мотор за да изведе серија насилни  акции , бидејќи ако не го направи тоа можеби никогаш повеќе нема да го види своето дете.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 114
Share
Previous Post

ФА „Бисери“ со поддршка на лицата со аутизам

Next Post

Заев: Со Бугарија треба да постигнеме согласност дека станува збор за два различни народа со заеднички делови од историја

Next Post
Заев: Со Бугарија треба да постигнеме согласност дека станува збор за два различни народа со заеднички делови од историја

Заев: Со Бугарија треба да постигнеме согласност дека станува збор за два различни народа со заеднички делови од историја

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk