Од вчера во кино салите во САД и во остатокот од светот започнаа да се прикажуваат неколку интересни филмски остварувања меѓу кои голем интерес би требало да предизвика комедијата„Се чуствувам убаво“ со актерката Ејми Шумер, која во последните неколку години се наметна како една од најквалитетните комичарки чии филмови се почесто се едни од најгледаните кај публиката.Се разбира во понудата за овој викенд има уште неколку интерсни наслови кои доаѓаат од Франција и Италија.
СЕ ЧУСТВУВАМ УБАВО
Телесната тежина одсекогаш преставувал проблем и кај обата пола.Тоа особено дојде до израз во ова наше денешно модерно време кога од сите страни сме „бомбардирани“ со фотографии и видео материјали на кои доминираат прекрасните женски и машки тела на кои ама баш ништо не им недостасува.Сето тоа многу допринесува кај одреден број на останатиот дел од популацијата кои изгледаат поинаку,да вложат многу труд ,самоодрекување и разбира се многу средства за бидат поубави и попврилечни. И во тоа нема ништо лошо бидејќи вишокот на килограми носи и здравствени проблеми.Но, што станува со оние кои и покрај сите напори, откажувања …и понатака неможат да се отарасат од вишокот килограми? Дали тие не можат да имаат квалитетен и здрав живот?
Токму за овие дилеми говори комедијата „ Се чуствувам убаво“ во кој главната хериона Рене Бенет се соочува со прекумерната тежина заради што ја губи довербата во себе и се чуствува несигурно.
Но еден ден ,откако во теретаната каде вежба постојано, случајно ќе падне и ќе се повреди,по будењето таа е уверена дека изгледа како супермодел.Со ново стекнатата самодоверба таа сега својот живот го живее бестрашно и беспрекорно, но што ќе се случи кога ќе свати дека нејзиниот изглед всушност никогаш не се променил?Со други зборови, дали самодовербата е во убавиот изглед или таа е резултат на нешто друго.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Ејми Шумер,Мишел Вилијамс, Том Хупер,Лорин Хатон и многу други но и неколку познати лица од високата мода како Емили Ратајковски и Наоми Кембел.
Режисери на филмот се: Еби Кон и Марк Силверстеин.
СУПЕР ПОЛИЦАЈЦИ 2
По цели 17 години одкако комедијата „ Супер полицајци“ постигна убав успех на кино благајните, режисерот Џеј Чандрасекар, кој толкува една од главните улоги во овој филм,заедно со своите колеги одлучи да направи продолжение на овој филм во кој настапува такаречи истата актерска екипа од филмот од 2001 година.
Овојпат , приказната на филмот се врти околу тоа дека одкако помеѓу САД и Канада ќе се појави граничен спор, Супер полицајците имаат за задача да воспостават патна станица на спорното подрачје.
И во овој филм како и во оригиналниот од 2001 година актерскиот тим го сочинуваат актерите од тимот комичари „ Скршениот гуштер“, а тоа се : Чандрасекар, Кевин Хефернан, Стив Леме, Пол Сотер и Ерик Столанхске.
Првиот филм од 2001 година имал буџет од 3,25 милиони долари а успеал да заработи 23,2 милиони долари.Обој пат филмот имал буџет од 4,4 милиони долари, а како ќе помине на кино благајните ќе дознаеме наскоро.
СООБРАЌАЈ
Филмот „ Сообраќај“ преставува американски трилер за кого сценариото и режијата ги потпишува Деон Тејлор.Во филмот настапуваат: Паула Патон, Омар Епс, Лаз Алонсо, Роселин Санчез, Лук Гос, Вилијам Фихтнер и Миси Пјле.
Новинарката Бреа и нејзиното момче Џон, патуваат од брегот до планините на романтичен викенд. На бензинска пумпа по патот, тие се среќаваат со една група на моторџии. Тие продолжуваат за да пристигнат во куќата каде сакаат да го поминат романтичниот викенд, не знаејќи дека притоа случајно дошле во посед на мобилниот телефон на моторџиите при нивната средба на бензиската пумпа. Телефонот е важен за групата шверцери со сексуални услуги – кои моторџиите очајно се обидуваат да го повратат.
ЈАВНО МЕСТО
Француската кинематографија е позната меѓу другото и по извонредните комедии чие дејствие се случува во секојдневниот живот и ги третира проблемите на сите генерации. Мора да се признае дека овој филмски жанр е мошне популарен кај публиката која едноставно ужива во ваквите приказни кои преставуваат слика на нивното секојдневие. Дека се тие мошне успешни и надвор од границите на Франција говори податокот дека многу француски комедии доживеале римејк во САД со учество на познати филмски ѕвезди.
Дали такво нешто ќе се случи и со најновата комедија „ Јавно место“ која премиерата во француските кино сали ја имаше вчера останува да се види, но во секој случај тоа е уште една во низата комедии кои третираат современа тема.
Кастро, некогаш ѕвезда на малиот екран, сега е во ситуација на нагло губење на неговата популарност.
Неговиот возач, Ману, го води во куќата на неговиот долгогодишен продуцент и пријател Натали, која се преселува во прекрасна куќа во близина на Париз. Елена, сестрата на Натали и поранешна сопруга на Кастро, исто така, е поканета на овој настан. Кога биле млади,тие ги споделувале истите идеали, но успехот го претворил Кастро во циничен човек ,додека Хелен останала верна на нејзините убедувања.
Нивната ќерка Нина, која напишала книга која е инспирирана од животот на нејзините родители, им се придружува на овој настан.
Додека Кастро беспомошно се посветува на неумоливиот пад на неговиот рејтинг, Елена очајно се обидува да му наметне во неговото шоу еден авганистански бегалец. Во меѓувреме, забавата е во полн замав …
Реќисер на филмот е Ањес Жаоуи која ја толкува и главната улога во филмот во кој настапуваат уште и Жан Пјер Бакри, Леа Друкер, Ковин Азис, Дара Суко, Миглен Мирчев и други.
РАКОВОДИТЕЛ
Главен лик во италијанската комедија „ Раководител“ , во режија на Валерио Атанасио е
Антонио Боноре кој е практикант кај неговиот ментор познатиот адвокат Салваторе „ Тоти “ Беластела, најскапиот и најпознатиот меѓу италјанските адвокати. Антонио прави се само да биде негов асистент:Тој е негов возач, курир па дури и негов личен готвач.
Но, сопственик на адвокатската канцеларија е Тити, сопругата на адвокатот Беластела. Кога младиот Антонио бриљантно ќе го положи државниот испит, тој има можност да стане дел од адвокатската канцеларија со добра плата.Но пред да се оствари неговиот сон тој треба да изврши уште една задача за својот ментор. Антонио треба да се ожени со Изабела , аргентинската љубовница на неговиот ментор Тоти , со што би и’ овозможол таа да добие италијанско државјанство. Антонио тоа го прифаќа , но сега дури е во вистинска невоља…
Главните улоги во оваа урнебесна италијанска комедија , која премиерата во италијанските кино сали ја имаше вчера , ги толкуваат :Гулиермо Поџи, Серџо Кастелито, Елена Софија Ричи, Марија Клара Алонсо и други.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк