
До крајот на овој месец остануваат уште десетина дена во кои пред публиката во кино салите треба да бидат прикажани уште десетина нови филмски остварувања. И веднаш да кажеме дека покрај неколкуте филмови од американска продукциа кои претежно се трилери, ви претставуваме и неколку нови европски филмови од неколку европски земји кои својата премиера во кино салите ќе ја имаат до крајот на овој месец.
Според најавите кои доаѓаат од повеќе земји, за влез во кино салите ќе треба да се покаже сертификат за вакцинација. Коклу пак тоа ќе влијае врз посетеноста останува да се види во наредниот период.

НОЌНАТА КУЌА
Паранормалното како тема во филмовите е мошне честа тема и досега е обработена во мал милион варијанти што пак покажува дека како тема и понатака е интересна за публиката која сака вакви приказни. Филмот „Ноќната куќа “ е токму такво остварување во кое една вдовица започнува да ги открива вознемирувачките тајни на нејзиниот неодамна починат сопруг.
Режисер на овој хорор трилер е Дејвид Брункер а главните улоги ги толкуваат:Ребека Хол, Сара Голдберг, Вонди Кертис – Хол, Стејси Мартин и други.

РЕМИНИСЦЕНЦИЈА
Филмот преставува комбинација на неколку филмски жанрови :научна фантастика, мистерија и малку романтика.
Главниот јунак во филмот е Ник Банистер, приватен детектив , кој се движи во светот на минатото . Неговиот живот ќе се смени во моментот кога ќе го запознае новиот клиент – Меј.Нејзиниот едноставен случај ќе му стане опсесија откако таа ќе исчезне а тој ќе се бори да ја дознае вистината за неа.
Главната улога во филмот јатолкува Хју Џекмен а тука се уште и Ребека Фергусон, Тенди Њутон, Клиф Кертис , Даниел Ву и други. Режијата ја потпишува Лиза Џој.

ШТИТЕНИКОТ
Се работи за акционен крими трилер на познатиот режисер Мартин Кембел во кој главните улоги ги толкуваат :Мајкл Китон, Меги Пи, Самјуел Л. Џексон,Дејвид Ринтвул и Роберт Патрик.
Ана е највештиот убиец по договор на светот. Таа како дете била спасена од легендарниот убиец Муди кој ја обучува во врвен професионален убиец.Но, кога Муди- човекот кој и бил како татко кој ја научил на се’ што треба да знае за довербата и опстанокт- ќе биде брутално убиен, Ана ветува дека ќе го одмазди.

ДЕНОТ НА ЗНАМЕТО
На годинешниот Кански филмски фестивал еден од филмовите кои беше дел од званичната натпреварувачка програма беше и филмот „Денот на знамето“ на режисерот Шон Пен кој воедно ја толкува и главната улога во оваа трилер драма. Во филмот покрај него настапува и неговата ќерка Дилан Пен од неговиот брак со актерката Робин Врајт. Во филмот настапуваат уште и Џош Бролин, Дејл Дики и Еди Марсен.
Филмот преставува приказна за Џенифер Вогел чиј татко Џон е нејзиниот идол. Како малечка таа била восхитена од неговата енергија и способност животот да го чуствува како голема авантура. Тој ја научил многу за љубовта и радоста но во истовреме бил и најозлогласениот фалсификатор во историјата на САД.
Филмот е снимен според вистинска приказна и преставува интимен семеен портрет за млада жена која се бори да се издигне над остатоците од минатото.
Филмот од вчера започна да се прикажува во кино салите во САД и во неколку земји во светот.

ЗА МОМЕНТ, ЗА СЕКОГАШ
Од вчера во кино салите во Полска започна да се прикажува романтичната драма „За момент, засекогаш “ на режисерот Пјотр Трзаскалски во кој главните улоги ги толкуваат
Мартина Бичковска , Павеш Домагања и Иринеуш Цоп.
Пола е на врвот на популарноста – на само 22 години, таа ги исполнува салите на нејзините концерти и е многу успешна во музичката индустрија. Еден ден, по еден од нејзините настапи, девојчето, под дејство на алкохол, предизвикува сообраќајна несреќа. Со цел да се замолчи работата, таткото и менаџерот на младата ѕвезда ја сместуваат во центар за лекување и лекување на зависност, каде пејачката е принудена да работи социјална работа. Наскоро , таа таму се среќава со Борис – харизматичен инструктор, познат по своите неконвенционални методи на работа. Тој, исто така, некогаш бил популарен музичар, но паднал во стапиците на неговата рана слава. И покрај нивната почетна недоверба, двојката се зближува благодарение на заедничката музичка страст. За жал, тајните од минатото на Борис и кариерата на Пола ,преставуваат пречка на патот на ова новородено чувство. Дали има шанса за среќа и вистинска љубов за двајца луѓе кои споделуваат толку многу?

ЗАТОПЕК
Вчера во Карлови Вари со светската премиера на филмот „Затопек“ на режисерот Давид Ондричек започна 55. издание на овој фестивал кој спаѓа во редот на фестивали од „А“ категорија. Веќе следниот четврток овој чешки филм ќе започне да се прикажува во кино салите во оваа земја.
Се работи за биографски филм за Емил Затопек кој беше чехословачки тркач на долги патеки, најпознат по освојувањето на три златни медали на Летните олимписки игри во Хелсинки во 1952 година.
Австралискиот рекордер Рон Кларк пристигнува во Прага во турбулентната 1968 година за да го види легендарниот тркач Емил Затопек на кого бесконечно му се восхитува. Во разговорите на Рон со Емил, заплетот на филмот ретроспективно се враќа во клучните моменти од спортот и приватниот живот на спортистот. Филмот прави комплексен портрет на човекот кој не губи темпо ниту по неговата последна трка и кој може да се бори не само на атлетските патеки.
Филмот ја раскажува приказната за непоклоебливата моќ на вољата што стана инспирација за иљадници спортисти низ целиот свет.Во истовреме филмот ја раскажува и приказната за уникатната врска на Емил и Дана Затопкова , кои и покрај сите пречки, го поминале заедно целиот свој живот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат : Вацлав Неузил, Марта Исова, Џејмс Фречевил, Роберт Миклус и други.

ГАРСИЈА И ГАРСИЈА
„Хиспавија“, мала авионска компанија со ниски трошоци, е во сериозни проблеми. Ниту одат на работа , ниту нивните авиони летаат. Во очајнички обид да ја спасат компанијата, тие одлучуваат истовремено да ангажираат престижен консултант за авиокомпании и невработен механички експерт. Двајцата се викаат Хавиер Гарсија. Шансата и неорганизираноста на компанијата ќе предизвикаат нивна збунетост и размена на нивните улоги, и додека механичарот го преставува консултантот на компанијата и е сместен во луксузни хотели ,консултантот завршува во хангарот, облечен во мрсен комбинезон . И без да знаат што се случува, двајцата се соочуваат еден со друг со задачите, се додека двајцата Хавиер Гарсија не се сретнат и не ја откријат грешката.
Режисер на оваа шпанска комедија е Ана Муругарден а главните улоги ги толкуваат: Хозе Мота, Пепе Вујела, Ева Угарте, Јорди Санчез, Рикардо Кастела и Антонио Ресинес.

ИЗЛЕТАНИ ОД ШИНИТЕ
Одвчера во кино салите ширум Шпанија се прикажува комедијата „Излетани од шините“ во режија на Фер Гарсија –Руиз
Четворицата пријатели Пепо, Роже, Коста и Хуан Луис , како дваесет годишници во 2000 година тргнале на патување од соништата „Интерил“. Нивната авантура и нивното пријателство завршува нагло на нивнта прва станица , Париз.
Поминуваат 20 години и еден од нив , Хуан Луис, заминува во вечните ловишта.Во неговата последна воља стои дека неговотоголемо богатство им следува на неговите тројца пријатели но под еден услов:тие мора да го завршат патувањето кое не го оствариле до крај пред 20 години.
За љубов кон нивното пријателство и нивниот пријател , тројцата пријатели кои сега имаат по четириесет години, ќе мора да ги надминат разликите, да ги посетат градовите во кои не биле , да ги преживеат забавите од соништата, но на многу попатетичен начин и со холестерол над границите.

ЉУБОВТА НЕ Е ПОЗНАТА
Филмот ја раскажува приказната за Денис, музичар, кој направил спој помеѓу работата и задоволството блгодарение на нео- мелодичната сцена контролирана од подземјето.Тој го води својот живот полн со забава и безгрижност без да се заинтересира за бизнисот на кој припаѓа.Оваа состојба на спокојство ќе исчезне кога Денис ќе се најде вклучен во решавање на резултатите од работењето што ќе го наруши неговото спокојство.Всушност тој ќе дојде до сознание дека продолжувањето да живее во тишина нема да направи ништо друго освен да дозволи подземјето да напредува.
Одлучен да да има мирен живот со својата сакана девојка Маријан , Денис, одлучува да се бори против криминалниот систем и да го одстрани овие луѓе од неговиот живот. За да го направи тоа , тој ќе биде воден од инстиктот притоа користејќи ја големата љубов што ја чуствува кон саканата жена.
Режисер на оваа италијанска музичка драма е Марчело Ди Ното а главните улоги во филмот , кој во Италија започна да се прикажува од вчера, ги толкуваат Антонио Фолето, Силвија Д’Амико, Дајан Флери, Симоне Борели, Винченцо Де Микеле и други.

ЗАЕДНО
Беше само прашање на време кога ќе ги видиме првите филмови кои за тема ќе ја имаат пандемијата од корона вирусот која ,нели, сеуште е актуелна и чии последици секојдневно ги чиствуваме во секојдневниот живот.
Филмот „Заедно“ доаѓа од Англија и е реализиран за само 10 дена. Како режисери го потпишуваат Стивен Далдри и Џастин Мартин а главните улоги ги толкуваат Џејмс Мекавој, Шерон Хорган и Самуел Логан.
Филмот преставува приказна за семејство , како и многу други, кои најдоа начин како да преживеат заедно. Ова е воедно смешна и потресна приказна за маж и жена кои се принудени да се преоценат себеси и нивната врска за време на заклучувањето заради Ковид -19.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк






