• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, август 21, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во февруари (1)

февруари 3, 2017
in Филмољубие

 На почетокот од најкусиот месец во годината љубителите на филмот ќе имаат можност да видат неколку интересни филмови од сите жанрови.Понудата и во овој месец како и во јануари е мошне скромна , што е вообичаено за секој почеток во една филмска година. Но, еве што се нуди во кино салите од вчера и во следниот петок:

 

 f novo

ПРСТЕНИ

Љубителите на хорор филмовите сигурно се сеќаваат на филмот „Прстен“од 2002 година во кој главната улога ја толкуваше актерката Наоми Вотс. Филмот доживеа успех и по три години беше снимено и продолжение со истата екипа.И двата филма всушност беа римејк на оригиналниот јапонски филм „Прстени“ од 1998 година во режија на Хидео Наката. Сите три споменати филма како основа ја имаа новелата на јапонскиот писател Коџи Сузуки.

И сега по цели 12 години режисерот Хавиер Гутиерез сними римејк на римејк на римејкот именуван како „ Прстени“ со буџет од 33 милиони долари.

Приказната е позната , но еве потсетување:Џулија е загрижена за своето момче Холт, кога тој ја истражува црната урбана легенда на мистериозната видео касета, за која се вели дека ќе го убие гледачот седум дена од денот на гледањето на видеото.

Таа се жртвува себеси за да го спаси нејзиното момче и со тоа доаѓа до ужасно откритие дека постои филм во филмот кој досега никој не го видел.

Во филмот главните улоги ги толкуваат:Винсент Д’онофрио,Матилда Луц, Алекс Рое, Џони Галецки, Бени Морган и други.

f 2 copy

ПРОСТОРОТ МЕЃУ НАС

Вчера во кино салите ширум светот и во САД започна да се прикажува и нучнофантастичната романична љубовна приказна „ Просторот меѓу нас“.

Филмот има мошне интересна приказна:Вселенскоит шатл од една меѓупланетарна експедиција слетува на Марс во рамките на првата мисија за колонизација на црвената планета.Но, по полетувањето откриваат дека една од астронаутките е бремена.Кратко време по слетувањето таа умира при раѓањето на првиот човек на црвената планета но не се открива кој е таткото.Така, започнува животот на Гарднер Елиот високоинтелегентно момче кое цели 16 години расте покрај 14 лица од екипажот на мисијата на Марс.

Во потрага по својот идентитет Гарднер преку средствата за комуникација со земјата се запознава со девојката Тулса од Калифорнија.

Кога конечно ќе добие шанса да се упати кон земјата, тој е нестрплив да ги доживее сите чуда за кои слушнал од својата пријателка Тулса.

Но, откако научниците ќе ги започнат испитувањата врз него, ќе откријат дека органите на Гарднер не се во состојба да ја издржат атмосферата на земјата. Во преголема желба да го запознае својот татко и девојката Тулса тој бега од тимот што го надгледува…

Режисер на филмот е Питер Челсом а главните улоги ги толкуваат:Брит Робертсон, Аса Батерфилд, Џенет Монтгомери и други.

f 3 copy

ЈАС НЕ СУМ ТВОЈОТ ЦРНЕЦ

Документарните филмови во последно време се’ повеќе се дел од редовниот кино репертоар. По освојување на телевизијата овој филмски жанр полека но сигурно ги освојува и кино салите ширум светот. Потврда за оваа констатација се и двата документарни филма кои ќе се најдат на кино репертоарот во месец февруари.Првиот е насловен како „ Јас не сум твојот црнец“ кого како режисер го потпишува Раул Пек.

Во времето на неговата смрт, во 1987 година, писателот, поетот и општествениот критичар Џејмс Болдвин, поседувал недовршен текст насловен како:„Запамети ја оваа куќа“. Се работело всушност за мемоари кои се направени од неговите лични сеќавања за животот и смртта на легендите на американското движење за граѓански права:Медгар Еванс, Малком Икс и Марти Лутер Кинг јр.

Режисерот Пек ги искористил неговите текстови како база за својот нов документарен филм„ Јас не сум твојот црнец“кој говори за расните односи во САД.Режисерот на филмот користи автентични снимки, интервјуто на Џејмс Болдвин и неговите лични белешки како и искуствата за тоа како е да се биде маргинализирана личност во американското општество.

Оваа приказна за афроамериканците во Америка всушност преставува сурова приказна за Америка и нејзината историја низ која гледачите ги води нараторот Семјуел Л. Џексон.

Филмот премиерно беше прикажан на минатогодишниот филмски фестивал во Торонто каде ја доби наградата на публиката за најдобар документаец. Филмот е прогласен и за најдобар документарен филм на фестивалот во Чикаго а ја доби и наградата на филмските критичари на Лос Анџелес.

f 4 copy

ЛЕГО БЕТМЕН ФИЛМ

Освен во анимираните и играните филмови , јунакот од стриповите на Марвел доби и комјутерски анимиран филм во кој Бетмен и неговата дружина се создадени од лего коцки. Филмот кој премиерата ќе ја има следниот петок на 10. Февруари, разбира се, има наслов„ Лего Бетмен филм“.

По големиот успехна „ Лего филм“студиото „Ворнер брос“донесува нова возбудлива авантура.Во овој филм приказната го следи Бетмен кој мора да ја напушти осамената улога и да научи да работи тимски, бидејќи на неговиот омилен град му се заканува Џокер во најопасната завера до сега.

Покрај тоа , во Готам се случиле и други големи промени.Брус Вејн заедно со криминалците ќе мора да се грижи за посвоеното дете.

Гласовите на главните јунаци во филмот ги позајмуваат:Вил Арнет, Розарио Досон, Ралф Фајнс и Зак Галифијанакис

Режисер на филмот е Крис Мек Кеј.

f 5 copy

ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ ПОТЕМНО

Кога ,такаречи пред две години во ист ден, на 9.февруари беше одржана премиерата на долго очекуваниот филм „50 нијанси сиво“, никој не очекуваше дека тој ќе заработи фантастични 560 милиони долари во светски рамки. Филмот се покажа како еден од најисплатливите проекти во таа 2015 година од причина што неговиот продукциски буџет изнесувал „ скромни“ 40 милиони долари.

И нормално уште тогаш беше најавено продолжението на оваа франшиза чиј втор дел е насловен како „ Педесет нијанси потемно“. И обата филма се реализирани врз делата на писателката Е.Л.Џејмс.

И во продолжението настапуваат Џејми Дорнан и Дакота Џонсон кои им се враќаат на ликовите на Кристијан Греј и Анастасиа Стил.Освен нив во филмот настапуваат уште и Ерик Џонсон,Лук Грим,Елоиз Мафорд,Макс Мартини, Рита Ора, Марсиа Геј Харден и други. Режисер на филмот е Џејмс Фоли кој ќе го режира и третиот филм од оваа франшиза кој е насловен како:„Педесет нијанси ослободени“

Во втората приказна ,која ќе започне да се прикажува од 10. Февруари, Анастасија на ранетиот Греј му дава уште една шанса и тие повторно започнуваат жестока сензуална врска.И додека љубовната двојка наново гради меѓусебна доверба и стабилност, сенките од минатото на Кристијан кружат околу нив и се закануваат да ја уништат нивната заедничка иднина.

f 6 copy copy

ЏОН ВИК 2

Од следниот петок на кинорепертоарот ќе се најде и продолжението или ако сакате новата авантура на некогашниот платен убиец Џон Вик .Толкуваќот на овој лик, актерот Киану Ривс и во оаа приказна изгледа извонредно во костум, има ново куче, непогрешливо ја погодува целта и се обидува да се повлече …

Филмот повторно го режира Чад Стахелски а покрај Киану Ривз во филмот настапуваат уште и Рикардо Скарамаркио,Лоренс Фишбурн, Џон Легуизамо и Јан МекШин.

Првиот филм „ Џон Вик“од 2014 година имал буџет од 20 милиони долари и заработил преку 86 милиони долари.Колку ќе успее да заработи продолжението ќе дознаеме наскоро.

f 7 copy copy

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Филмот „ Велика Британија“преставува британска биографска романтична драма во режија на Ама Асанте. Во филмот главните улоги ги толкуваат Дејвид Ојелово и Розамунд Пајк.Сценариото кое го потпишува Гај Хиберт се базира врз романсата од вистинскиот живот на Сер Серетсе Кама и неговта сопруга Рут Вилијамс Кама.

Приказната на филмот всушност преставува силен доказ за големината на љубовта но и пркосот на Серетсе  Кума ,кралот на Бечуанленд(денешна Боцвана)и Рут Вилијамс административна службеничка, чија ненадејна љубовна романса ќе ја крунисаат со брак во 1948 година и покрај противењето на нивните семејства и владите на двете земји.Режисерката на филмот мошне елегантно ја следи страствената драма меѓу овие две личности кои припаѓаат на различни раси, со што открива една болна епизода од историјата на Британија и нејзината империјалистичка политика.

Филмот својата светска премиера ја имаше во рамките на минатогодишниот фестивал во Торонто а веднаш потоа беше прикажан и на отворањето на минатогодишниот Лондонски филмски фестивал кој го имаше своето јубилејно 60. издание.

f 8 copy copy

КЕДИ

Вториот документарен филм кој премиерно во кино салите ќе биде прикажан во текот на месец февруари е турскиот документарен филм „ Кеди“.Режисер на филмот е Сејда Торун .Наратор во филмоте актерот и сценаристот Булет Устун.

Филмот преставува профил на еден древен град (Истанбул) и неговите единствени луѓе, видени со очите на најмистериозните и најомилените животни кои некогаш ги запознал човекот, а тоа се мачките. Со други зборови главните улоги во филмот ги толкуваат мачките:Сари, Бенџу, Психопат,Дениз,Аслан Паркаси,Думан и Гамсиз.

 Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 125
Share
Previous Post

„Мојот живот, мојот свет“: Дејан Пановски

Next Post

ПУ на ОУ „Григор Прличев“ во Рача одржа приредба во чест на патронот

Next Post

ПУ на ОУ „Григор Прличев“ во Рача одржа приредба во чест на патронот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 125

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk