• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во февруари (1)

јануари 29, 2021
in Филмољубие

 Планираната  филмска понуда  и за месец февруари е во тесна корелација со случувањата со пандемијата.Можни се промени во најавената понуда што значи дека одредени филмови иако се најавени може да не бидат воопшто прикажани во наведениот термин.Инаку, понудата на филмови за месец февруари содржи неколку интересни филмови кои имаат големи шанси да се најдат меѓу номинираните филмови за наградите Златен глобус кои ќе бидат објавени на 4.февруари а за кои пошироко ќе ве известиме следната сабота.

Но, да видиме кои филмови би требало да се најдат на кино репертоарот во месец февруари.Денес  ќе ве запознаеме со десетина филмови а по две недели уште со десетина нови филмови

MV5BMTY1N2ZhMzktMThjZi00OWNhLWJhZjctMzEzNjQyOWIwZjBjXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

МАЛЕЧКАТА РИБА

Следниот петок на 5.февруари  покрај филмовите „Минамата“ и „Паѓање“ за кои веќе ве информиравме неодамна, во кино салите треба да биде прикажан и филмот „Малечката риба“ во режија на Чад Хартиган. Во оваа романтична приказна  со елементи на научна фантастика  , главните улоги ги толкуваат:Оливија Кук, Џек О’Конел, Раул Кастиљо, Дејвид Ленон, Мекензи Кардвел и други.

Една млада двојка се бори да ја одржи нивната врска да бидат заедно, бидејќи вирусот за губење на меморијата се шири и се заканува да ја избрише историјата на нивната љубов и додворување.

Иако филмот бил готов уште пред појавата на пандемијата (2019) , оваа љубовна приказна може да се свати како метафора на присутната пандемија.

MV5BNDdlZjA3MzgtNmJlNC00NGZkLWFhNGMtNTk4ZmQwMDM1YzY0XkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

СМЕТКА

Откако ќе го изгуби сопругот за време на Големата чума , Грејс Хаверсток е неправедно обвинета  дека е вештерка и е ставена во притвор кај најбезмилосниот ловец на вештерки во Англија, судијата Муркрофт. Таа е принудена да издржи физичка и емоционална тортура додека цврсто се бори за својата невиност. Притоа таа мора да се соочи со сопствените внатрешни демони кога во истовреме самиот ѓавол започнува да работи во нејзиниот ум.

Режисер на овој англиски хорор трилер е Нил Маршал а главните улоги ги толкуваат: Шон Партви, Шарлот Крик, Стивен Вадигтон, Јан Вајт, Ема Холц, Рик Варден и други.

 

MV5BZTU4ZjhiNmYtYzFiYS00NDZkLTg5ZmUtOTY4NDE1NGE1NDIxXkEyXkFqcGdeQXVyMTA2MDU0NjM5. V1 UY209 CR10140209 AL

ДВЕТЕ

Романтичната драма „Двете“ преставува Француско,луксембуршко , белгиска копродукција во режија на Филипо Менегети.Филмот беше кандидат на Франција за изборот за Оскар во категоријата Најдобар меѓународен филм.

Нина и Медлин, две жени во пензија, се тајно длабоко вљубени со децении. Од гледна точка на сите, вклучително и семејството на Медлин, тие се едноставно соседи кои живеат на последниот кат во нивната зграда. Тие доаѓаат и си одат меѓу своите два стана, споделувајќи ги нежните задоволства од секојдневниот живот заедно се’ до денот кога нивната врска ќе се промени  од еден  неочекуван настан што ќе  ја наведе ќерката на Медлин полека да ја открие вистината за нив.

Главните улоги во филмот ги толкуваат:Барбара Сукова, Леа Дракер, Мартин Шевалие, Џером Варанфрејн, Аугустин Рејнс Стефан Роблес и други.

MV5BYjNlZWZmYTUtOGMzNy00ODVlLWFjOGMtNjUwMmUwMWNiMjk5XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ЈУДА И ЦРНИОТ МЕСИЈА

Филмот преставува историска биографска драма која како режисер ја потпишува Шака Кинг.

Филмот преставува приказна за Фред Хамптон , кој бил председател на партијата „Илиноис црн пантер“и неговото судбоносно предавство од информаторот на ФБИ, Вилијам О’ Нил.

Главните улоги во филмот ги толкуваат:Данијел Калуја, Лакид Стенфилд, Мартин Шин, Џеси Племонс, Доминик Фишбек…

MV5BNWEzOTNjNDgtZDhhYS00ODAxLWIzNGMtYjU3OGZhYmI3ZDU4XkEyXkFqcGdeQXVyMTAzNjk5MDI4. V1 UY209 CR20140209 AL

МИНАРИ

Филмот „ Минари“на режисерот Ли Исак Чунг преставува трогателна и интимна приказна за едно семејство од Кореја кое во осумдесетите години од изминатиот век дошло да живее во американскиот Арканзас.

Филмот, да се потсетиме, беше апсолутен победник на минатогодишниот Санденс филмски фестивал и досега има освоено 50 тина филмски награди и дури 90 номинации за филмски награди и сигурно ќе биде на листата на филмови кои ќе бидат номинирани и за највисоките филмски награди.

Актерската постава ја сочинуваат:Стевен Јеун, Џери Хан, Алан Ким, Ноел Кејт Чо, Скот Хазе, Вил Патон и други.

MV5BMDk4YmZiZjYtMjgxMi00ZWU4LTk5MTQtMTBjOTZiOGUxOTM2XkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UY209 CR00140209 AL

ЗЕМЈА

Кога животот на Еде е трагично изменет, таа ја губи можноста да се поврзе со светот и луѓето што некогаш ги познавала. Таа се повлекува во шума во Карпестите планини со неколку залихи и го остава стариот живот зад себе на неодредено време. Убавината на нејзината нова околина е непобитна, но сепак брзо понижувачка додека се бори да се прилагоди и да се подготви за претстојната зима. Кога Еде ќе биде спасена од работ на смртта од страна на локалниот ловец и неговото семејство, сепак таа сама мора да најде начин повторно да живее.
Со овој филм познатата актерка Робин Рајт се врати на годинешниот филмски фестивал во Санденс со своето режисерско деби, сместено во живописните, но непростувачки дивини на природата. Рајт се истакнува во својата изведба како Еди, жена изгубена во тага, додека пригушеното и шармантно присуство на Демијан Бичир претставува неочекуван  и рефлексивен придружник кој ги доведува во прашање ненадејните избори на Едеи.

Филмот е тивко, но маестрално патување во сложената желба за осаменост додека жената бара смисла во огромната и сурова американска пустина.

MV5BNjAyMTY0NmMtZDU0Zi00NzhlLWJmM2ItZGVhYjA5MDE3MzI5XkEyXkFqcGdeQXVyOTgxNDIzMTY. V1 UY209 CR00140209 AL

ФРАНЦУСКИ ИЗЛЕЗ

Една пензионерка од Менхетен, која живее од она што едвај останало од нејзиното наследство, се преселува во еден малечок стан во Париз со нејзиниот син и мачката.

Оваа комедија со драмски елементи е во режија на Азазел Џејкобс а главните улоги ги толкуваат Мишел Фајфер, Лукас Хеџис, Трејси Летрс, Валери Махави, Даниел Мекдоналд, Еди Холанд и други.

Инаку насловот на филмот „Француски излез“, познат како „Француско отсуство“, е сленг термин за напуштање на ангажман или ситуација  без предупредување и без збогување.

MV5BZDA3ZWZiNTgtYmMwYi00OWU4LWEyNjEtZjZhNWU0YmU0N2QwXkEyXkFqcGdeQXVyNjY1MTg4Mzc. V1 UY209 CR00140209 AL

СВЕТОТ ШТО ДОАЃА

Во северниот дел на Њујорк во 1850-тите, Абигејл  ја започнува новата година на руралната фарма каде што живее со нејзиниот сопруг Даер. 

 Пролетта пристигнува и Абигејл ја запознава Тали, емотивна  искрено и привлечна жена  од соседна фарма со нејзиниот сопруг Фени.Наскоро , двете   воспоставуваат тесна  врска, пополнувајќи ја  празнина во нивните животи за која ниту едната ниту другата  не биле свесни дека постои. 

Режисер на оваа драма е Мона Фаствулд а главните улоги ги толкуваат:Кетрин Вотерсон, Ванеса Кирби, Кристофер Абот и Кејси Афлек.

MV5BNjMyYmRiYmEtMjVjOC00ZGU2LThkZWEtOWIyYWQzMWZkODg3XkEyXkFqcGdeQXVyMjMxOTE0ODA. V1 UY209 CR00140209 AL

СТРАВ ОД ДОЖД

Девојче кое живее со шизофренија се бори со застрашувачки халуцинации кога започнува да се сомнева дека нејзиниот сосед киднапирал дете. Единствената личност што верува во неа е Калеб – момче за кое не е сигурна дека постои.

Режисер на овој трилер со елементи на хорор е Кастиља Лендом а главните улоги ги толкуваат:Кетрин Хајгл, Медисон Иземан, Хари Коник јуниор и Енука Окума.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 103
Share
Previous Post

Заев: Сите да покажеме одговорно однесување и да придонесеме кон пописот како државничка одговорност

Next Post

На ниво на држава бројот на активни случаи се намалува а во Охрид нови 12 лица со Ковид

Next Post
На ниво на држава бројот на активни случаи се намалува  а во Охрид нови 12 лица со Ковид

На ниво на држава бројот на активни случаи се намалува а во Охрид нови 12 лица со Ковид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 103

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk