• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во февруари (2)

февруари 12, 2021
in Филмољубие
Филмски премиери во февруари  (2)

И овојпат ќе ви презентираме неколку филмови кои својата кино премиера би требало да ја имаат до крајот на месец февруари.За три филмови кои својата премиера треба да ја имаат следниот петок (19.2.) веќе ве запознавме .Тоа се филмовите „Земја на номадите“, „Татко“ и „Мавританецот“.Интересно е да каже дека трите филмови добија номинации за престижните награди Златен глобус (вкупно 10) кои треба да бидат доделени на 28. Февруари.

Денешниов преглед ќе го започнеме со филмот кој  од вчера требаше да се прикажува во кино салите во САД и остатокот од светот. Тоа е филмот:

MV5BMGI5NTM1ZTktNmJmZS00Mzg5LTljZjQtMDEwMWVmZjQ1NDkxXkEyXkFqcGdeQXVyMzQwMTY2Nzk. V1 UY209 CR10140209 AL

НЕСАКАНИ

Се работи за криминалистички трилер на режисерот Брајан Метклаф кој стои и зад сценариото на филмот кое говори за еден возач кој открива дека неговата сестра е во долгови на опасен криминален синдикат.

Во филмот настапува поголема група на познати актери предводена од Томас Јан Николсон. Тука се уште и Мики Рурк, Пенелопе Ен Милер, Шон Остин, Лу Дајмон Филипс, Сем Левин, Ендрју Кеган , Мет Рајан и други.

MV5BZjhjNjVmNGYtOTU2MC00ZTJlLTg5ZjMtNDk5MjZmYmVhMWEyXkEyXkFqcGdeQXVyODE5NzE3OTE. V1 UY209 CR00140209 AL

БЛИТ СПИРИТ

Актерот Ден Стивенс го игра писателот на криминални романи, Чарлс Кондомин, кој е креативно блокиран по смртта на неговата прва сопруга Елвира (Лесли Ман) пред седум години. Тој сега повторно се жени со младата Рут (Исла Фишер). Тој има идеја да стави дух во новото филмско сценарио на кое работи и ја поканува озлогласената, Мадам Аркати (Џуди Денч)специјалист за духови, во неговата куќа да изведе сесија за повикување духови, за да може да истражува за овие измамници. Но, на негово изненадување (и на мадам Аркати), сесијата го враќа духот на Елвира, кој прави хаос.

Покрај споменатите актери во оваа романтична англиска комедија на режисерот Едвард Хол , настапуваат уште и Емилија Фокс и Адил Реј.

Инаку филмот преставува римејк на истоимениот англиски филм од 1945 година.

MV5BZjM0NzMyMjUtYTE0ZS00YWNhLWFjMTItZTAwYWJkOGI5MGY3XkEyXkFqcGdeQXVyMDA4NzMyOA. V1 UY209 CR00140209 AL

ПАТОТ НА СВИЛАТА

Филмот преставува акционен трилер кој говори за младиот Рос Улбрихт кој ја создава веб страницата „Патот на свилата“која преставува  тајна мрежа за продажба на наркотици.Негов противник е агентот на ДЕА ,Рик Боуден, кој се обидува да го сруши овој пат на младиот хакер.

Режисер на филмот е Тилер Расел а главните улоги ги толкуваат: Ник Робинсон, Џенифер Јун, Џејсон Кларк, Џими Симпсон, Пол Блот, Кенет Милер и други.

MV5BMmYzMjQ4ZTAtMjI0OC00ZDhiLWJkMzctMDgxYTI2ZDRiYTg0XkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

БРОКЕРИ ЗА ТЕЛО

Јута (Џек Килмер) и Опал (Алис Енглерт) се наркомани кои живеат на улиците на руралното Охајо сè додека навидум случајната средба со загадочниот Вуд (Мајкл Кенет Вилијамс) не ги донесе во Лос Анџелес на третман со дрога. Јута се чини дека ја открива трезвеноста во центарот за лекување, со помош на д-р Вајт (Мелиса Лео) и љубовниот интерес интерес на Меј (Џсика Роте). Наскоро дознаваат дека третманот со дрога е само покритие за предаторски бизнис, повикувајќи ги зависниците да регрутираат други зависници. Јута не е исклучок. Вуд и неговиот партнер магнат за третман со лекови, Вин (Френк Грило), го земаат Јута под своја закрила, воведувајќи го во добар живот, иако зависноста кај Јута останува неговата најголема пречка.

Режисер на овој криминален трилер еЏон Брис. 

MV5BYzE3ODhiNzAtOWY4MS00NTdiLThmNDctNDM4NjRiNGFmYjI1XkEyXkFqcGdeQXVyMTI2ODM1ODUw. V1 UY209 CR130140209 AL

ТОМ И ЏЕРИ ,ФИЛМ

Пред неколку дена , поточно на 10. февруари се навршија точно 81 година од премирата на првиот кусометражен филм за мачката Том и глувчето Џери „Том и Џери“.Нивните творци Хана и Барбера продуцираа огромен број на кусометражни филмови со време траење од 6 до 10 минути  чии оригинални филмови беа прикажани во кино салите во периодот од 1947 до 1957 година, но огромна популарност доживеаја со прикажувањето на телевизијата. Така речи не постои некој на нашава планета кој не знае за доживувањата  на оваа урнебесна двојка.

Овој пат, оваа двојка се враќа на големото платно со еден нов играно анимиран филм насловен како „Том и Џери Филм“. Ова би требало да биде големо враќање на овој двоец чија застапеност беше на тв екрани во изминатите неколку децении.

Овојпат нив ќе ги видиме во еден игран филм во кој по пат на класична метода на додавање на анимација со помош на современа компјутерска магија преку играниот дел од филмот е добиена урнебесна комедија чие дејствие е сместено во еден хотел.Анимацијата е изведена во дводимензионална техника со што на анимираните ликови им дава поголема визуелна сличност со нивниот препознатлив и вообичаен изглед.Филмот пред публиката би требало да излезе на 26. Февруари.

Режисер на филмот е Тим Стори а играните ликови во филмот ги толкуваат:Кло Грејс Морец, Мајк Пења, Роб Делани, Колин Џост, Кен Џеонг, Палава Шадри и дсруги.

MV5BMDRhMmM1ZGMtNjhlYi00ZTczLTlmMzgtNGEzZDM3ZGY4NTQyXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

КРИЗА

Во оаа трилер драма ,се судираат три приказни за светот на опијатите:Еден  шверцер на дрога организира операција за шверц со мулти-картелот „Фентанил“ помеѓу Канада и САД, архитект кој се опоравува од зависноста од „ОксиКонтин“и кој  ја открива вистината за вмешаноста на неговиот син со наркотици и еден универзитетски професор кој  се бори со неочекуваното откритие за неговиот истражувачки работодавач, компанија за лекови со длабоко владино влијание, носејќи на пазарот нов тип на  лекови против болки сотака наречена„не-зависност“ .

Режисер на филмот е Николас Јарецки а главните улоги ги толкуваат: Гери Олдман, Арми Хамер, Евангелина Лили,Грег Кинеар, Мишел Родригез, Индира Варина, Миа Киршнер  и други.

MV5BZTliZWZiNTUtZjM5Yi00NTNiLTk0MzMtYjE1MTA2OTRmZDRmXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR10140209 AL

УБИСТВО НА ДВАЈЦА ЉУБОВНИЦИ

Режисер на оваа драма е Роберт Мачојан а главните улоги ги толкуваат:Брус Грахам, Крис Кој, Ари Грахам, Клејн Крафорд, Азра Грахам, Авери Пицуто, Џонах Грахам и Барбара Винери.

Дејвид очајно се обидува да го задржи своето шестчлено семејство за време на разделбата од неговата сопруга. И двајцата се согласуваат да се видат со други партнери, но Дејвид се бори да се справи со новата врска на неговата сопруга.

MV5BYjY5N2RmZjktNTYzOC00MjA0LWE2MTktODY2YzU4YTc3ZDRmXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

БДЕНИЕ

Во заедницата Хасидиќ во Боро Парк, Бруклин, еден малодушен млад човек, не голем верник, неволно се согласува да ја преземе одговорноста да престојува  преку ноќ и да ја исполни еврејската практика да бдее над телото на починатиот член на православната заедница . Само во друштво на болната вдовица на  неодамна починатиот  која има резерва во однос на способноста на човекот да ја изврши задачата, тој наскоро ќе се најде изложен на застрашувачко прогонство во клаустрофобичните граници на домот кој станал домаќин на злонамерен субјект.  Во текот на оваа необична ноќ, неговото бдеење постепено се претвора во вознемирувачка духовна истрага и на проколнатата околина и на неговото жално минато – патување во кое се соочуваат самите во длабочините на колективната траума на неговата заедница. 

Режисер на овој хорор трилер е дебитантот Кент Томас кој го потпишува и сценариото за филмот. Главните улоги во филмот ги толкуваат. Дев Дејвис, Менаш Лустиг, Лин Коен, Малки Голдман, Фред Меламед, Роналд Коен и други.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 110
Share
Previous Post

Денеска од 2596 тестирања 367 се позитивни на ковид-19

Next Post

Доделени 52 таблет компјутери на ОУ „Братство – Единство“

Next Post
Доделени  52 таблет компјутери на ОУ „Братство – Единство“

Доделени 52 таблет компјутери на ОУ „Братство - Единство“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 110

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk