Вториот дел од преставувањето на филмовите кои премиерно ќе бидат прикажани во кино салите во САД и остатокот од светот донесува уште десетина филмови од такаречи сите жанрови.
Меѓу нив има само еден потенцијален блокбастер , што само ја потврдува старата вистина дека на почетокот од годината ретко коjа од филмските компании пласира во кино салите вистински филмски хит.Но, еве ја филмската понуда за овој и следниот петок (20 и 27. јануари)

XХX: ВРАЌАЊЕТО НА КСАНДЕР КЕЈЏ
Во 2002 година актерот Вин Дизел го реализираше филмот „ ХХХ“ кој доживеа убав успех на кино благајните .Три години подоцна беше реализиранао продолжение на филмот во кој ликот околу кој се вртеше приказната на првиот филм Ксандер Кејџ, воопшто го немаше во продолжението. И еве сега по цели 15 години Ксандер Кејџ повторно се враќа во серијалот насловен како „ ХХХ“овојпат со поднаслов „ Враќањето на Ксандер Кејџ “ чиј лик повторно го толкува актерот Вин Дизел кој настапи и во првиот филм од 2002 година.Овој пат режисер на филмот е Д.Џ. Карузо а покрај Вин Дизел настапуваат уште и Семјуел Л. Џексон, Руби Роз, Нина Добрев, Рори Мек Кан…
Екстремен спортист кој станал владин оперативец Ксандер Кејџ (Вин Дизел) излегува од самонаметнатиот егзил поради кој се сметало дека е одамна мртов и влегува во судир сo смртоносниот алфа воин Ксијанг (Дони Јен) и неговиот тим во трка за преземање на злобното и навидум незапирливо оружје познато како „Пандорината кутија“. При регрутирање на целосно нова група на авантуристички настроени соучесници, Ксандер ќе се заплетка во смртоносна сплетка што укажува на заговор на највисоко ниво на светските влади.

РАЗДВОЕНИ
Откако во 1999година се прослави со филмот „ Шесто сетило“ индискиот режисер Најт Шајмален се вивна во самиот врв на најбараните творци. Но, иако сними уште неколку интересни филмови тој сепак не успеа да го повтори успехот на филмот кој го прослави.
Во петок тој пред гледачите ќе излезе со својот најнов филм ,хорор трилерот „Раздвоени“ во кој главните улоги ги толкуваат Џејм Ајвори, Ања Tејлор-Џој, Хели Лу Ричардсон и други.
Филмот говори за три киднапирани девојки од страна на еден човек со 24 различни личности. Тие мораат меѓу сите нив да пронајдат карактер кој ќе им помогне да избегаат и да останат живи.
Колку оваа приказна ќе биде интересна за гледачите останува да покаже времето.

ОСНОВАЧ
Филмот „ Основач“ на режисерот Џон Ли Хенкок ја донесува вистинската приказна за починатиот американски бизнисмен и филантроп Реј Кроц (Мајл Китон), кој во пеесетите години од изминатиот век се здружил со браќата Мек Доналд, и на подрачјето на Јужна Калифорнија покренал меѓународен синџир на ресторани за брза храна кои денес опслужуваат 68 милиоми корисници секој ден.
Актерката Лора Дерн го игра ликот на неговата сопруга Етел , од која Кроц се развел во 1961 година.
Во филмот настапуваат уште и :Џон Керол Линч,Ник Оферман,Линда Карделини,Патрик Вилсон,Рик Реиц,Џастин Рендел Брук и други.

ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА
„ Црвената желка“ е француско- белгиско –јапонски анимиран филм и преставува долгометражно режисерско деби на холандско –британскиот аниматор Мајкл Дудок де Вит
Филмот премиерно беше прикажан на минатогодишниот Кански филмски фестивал каде ја освои наградата на жирито.
Приказната на филмот го следи еден човек кој се обидува да побегне од еден пуст остров, но во тоа го спречува една огромна црвена желка.
Дудок де Вит, да се потсетиме во 2011 година го освои Оскарот за својот прв краток анимиран филм „ Таткото и ќерката“ а за истата награда беше номиниран и во 1995 година.

ЗАОБИКОЛЕН ПАТ
Студентот по право, Харпер, се сомнева дека неговиот очув,Винсент, е виновен за несреќата со автомобилот која е причина неговата мајка да биде во кома.
Својот бес тој го ублажува со чашка во раката во кафеана ковајќи план како да го убие својот очув.
Овој британски трилер како режисер и сценарист го потпишува Кристофер Смит. Главните улоги во филмот ги толкуваат :Емори Коен, Тај Шериден, Стефен Моер, Џаред Абрахамсон, Џон Линч и други.

ПРИТАЕНО ЗЛО: ПОСЛЕДНО ПОГЛАВИЕ
Продолжувајќи онаму каде што застана дејствието во филмот „Притаено зло: Освета“, човештвото стои на стаклени нозе во Вашингтон. Како единствен преживеан од последниот напад над немртвите орди, Алис мора да се врати онаму каде што започна кошмарот во Ракун Сити, онаму каде што корпорацијата Амбрела собира војска за да го нападне последниот преживеан од апокалипсата. Во трка со времето, Алис ќе се придружи на старите пријатели во неочекуван сојуз за битка со немртвите орди и мутантските чудовишта. Помеѓу враќањето на нејзините суперчовечки способности и престојниот напад на Амбрела, ова претставува најтешката авантура што Алис ја доживува во битката за спасување на човештвото, кое е на работ на заборавот.
Режисер на филмот е Пол Андерсон а во главните улоги настапуваат :Мила Јовович, Али Лартер, Иан Глен, Шон Робертс, и други.
Филмот преставува шесто продолжение од франшизата „ Притаено зло“ , чиј прв филм беше реализиран во 2002 година. потоа следуваа продолженијата во 2004, 2007, 2010 , 2012 и конечно шестото продолжение во оваа 2017 година. Во сите нив главната улога ја толкува Мила Јовович која го игра ликот на Алис.

ЗЛАТО
Златото како мотив во филмските приказни досега безброј пати е обработуван без разлика на тоа дали приказните се измислени или вистинити. Филмот „ Злато“ на режисерот Стефен Гаган е делумно направен според вистински настан односно скандалот што се случил во 1993 година, кога дотогаш просечната канадска корпорација за руда Бре-Х, според препораката на геологот Џон Фелдерхоф , купила рудник за злато во средиште на џунглата покрај реката Бусанг во Индонезија.Откако тоа го огласиле на големи ѕвона дека пронашле големи количини на злато,вредноста на рудникот на берзата веднаш скокнала. Набрзо било откриено дека се работи за измама, и дека во рудникот нема злато во огромни количества.
Во оваа епска приказна за човекот во потрага по американскиот сон улогите ги толкуваат: оскаровецот Метју Мек Конахи (Кени Велс), Едгар Рамирез (Мајкл), Брус Далас Хауард (Кеј), Тоби Кебел, Рејчел Тејлор и други.

ПРОДАВАЧ
Филмот „ Продавач“ преставува иранско-француска драма во режија на иранскиот сценарист и режисер Ашгар Фаради, кој за филмот „ Развод“во 2012 година го освои Оскарот и Златниот глобус за најдобар странски филм.
Филмот ја донесува приказната за учителот по книжевност Емад во едно средно училиште и неговата сопруга Рана, кои се принудени предвреме да ја напуштат старата станбена зграда во Техеран. Откако ќе се вселат во новиот и поголем стан, Рана во него ќе биде нападната по што станува депресивна и емоционално повлечена. Воден од желбата за одмазда, Емад тргнува во потрага по напаѓачот.
Насловот на филмот се повикува на преставата „ Смртта на продавачот“ на Артур Милер, на една техеранска аматерска продукција во која актерската двојка која ги игра главните улоги во филмот(Шахаб Хосеини и Таранех Алидости), ги играла и улогите во преставата.
Филмот премиерно беше прикажан на минатогодишниот Кански филмски фестивал каде актерот Хосеини ја освои наградата за најдобар актер, Фархади ја освои наградата за најдобро сценарио.Освен овие награди филмот освои награди и на фестивалите во Минхен, Чикаго, Мумбаи и Ваљадолид.Филмот е ирански преставник во трката по Оскар во категоријата најдобар странски филм.

НЕ БАШ ТАТКО ТАТКО
Ретко се случува во вакви прегледи да ви презентираме филм кој што доаѓа од мексиканската кинематографија. Комедијата „ Не баш татко татко“ е во режија на Раул Мартинез а главните улоги ги толкуваат :Бени Ибара, Жаклин Бракамонтез, Камила Селсер, Замиа Фандино, Хектор Бонила, Серџо Мајер Мори и други.
Кога 85 годишниот Дон Сервандо Вилегас , добродржечки старомоден мексикански патријарх ќе биде исфрлен од стеречкиот дом заради лошо владеење, неговиот помлад син Франциско е принуден да го води во својата кќа полна со хипици и да живее заедно со неговата сопруга и син.
“Новата ера” се судира со старата. Дон Сервандо и неговиот син Франциско ќе доживеат серија на конфликти и ситуации кои ќе ја стават на испит стабилноста на нивниот заеднички дом кој е во опасност од распаѓање.

ЦЕЛ НА КУЧЕТО
Верното куче го открива смисолот на сопственото постоење преку животите на луѓето да ги научи да се смеат и сакаат.Реинкарнирана во повеќе кучиња во текот на пет децении е покажана нераскинливата врска која се развива меѓу две сродни души, помеѓу кучето и Итан.Како што расте детето и доаѓа на животната раскрцница , така кучето се враќа во неговиот живот за да го потсети на неговото постоење. Филмот всушност преставува трогателна приказна за врската помеѓу луѓето и кучињата.
Се’ станува појасно ако се спомене името на режисерот на филмот, Ласе Халстром , кој во 2009 година го направи филмот „ Хачи“ кој истотака говореше за љубовта помеѓу човекот и кучето и кој доживеа огромен успех.
Главните улоги во филмот „ Цел на кучето“ ги толкуваат:Брит Робертсон, Џош Гад, Денис Квејд, Пеги Липтон и други.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк






