Почетокот од оваа Нова 2017 година на љубителите на филмот донесува грст нови филмови од сите жанрови и за сите вкусови. Меѓутоа, мора да се каже дека вниманието на љубителите на филмот е повеќе свртено кон филмските награди кои се доделуваат во овој период од годината на најдобрите од 2016 година одколку кон новите остварувања.
Заради тоа и филмската понуда на почетокот од годината е посиромашна и без некои вистински блок бастери.Во првиот дел од овој прилог посветен на филмските премиери ќе ве запознаеме со десетина нови филмови од кои три започнаа да се прикажуваат од вчера(петок, 6.1.2017) и неколку кои пред гледачите ќе се појават следниот петок (13,1.2017).
ПОДЗЕМЕН СВЕТ:КРВАВИ ВОЈНИ
Филмот„ Подземен свет:Крвави војни„ е дел од блокбастер франшизата „ Подземен свет“во која царува прекрасната актерка Кејт Бекинсејл во ликот на Селен.Првиот филм од оваа франшиза „ Подземен свет“ е реализиран во 2003 година. Следниот беше во 2006 , потоа во 2009 , 2012 и последниот во оваа 2016 година.
Овојпат убиствената Селен (Кејт Бекинсејл) ги одбива нападите на Лајканите како и на Вампирите коишто ја имаат предадено. Заедно со нејзините сојузници, Дејвид (Тео Џејмс) и неговиот татко Томас (Чарлс Денс), таа мора да ја прекине вечната борба помеѓу Лајканите и Вампирите, дури и ако тоа значи дека таа мора да ја направи најголемата жртва.
Режисер на филмот е Ана Фоерестер.
АРДЕНИТЕ
Вчера своје премиерно прикажување пред публиката во салите во САД доживеа белгискиот филм „ Ардените“ во режија на Робин Пронт. Се работи за драма во која главните улоги ги толкуваат:Кевин Јансенс, Џероен Персевел , Верле Бетенс и други.
Едно брутално киднапирање кое ќе се случи во еден дом , излегува од контрола.
Дејв, еден од двајцата разбојници, успева да избега, оставајќи го својот брат Кенет зад себе. Четири години подоцна, Кенет е ослободен од затвор , во меѓувреме многу работи се променуваат. Дејв има својот живот кој го води по вистинскиот пат и се обидува да му помогне на Кенет колку што е можно. Но работите не се одвиваат како што тој планира бидејќи Кенет се обидува да ја врати својата поранешна девојка Силви.
ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТИГРИ
Дејствието на филмот се случува во декември 1941 година за време на Втората светска војна кога Јапонија ја проширува окупацијата на неколку соседни земји во југоисточна Азија. Железничката пруга од Тиањин до Нањинг во источна Кина станува клучен воен транспортен правец кој мошне тешко го чуваат јапонските сили.Железничарот Ма Јуан го води тимот на борци за слобода. Користејќи го своето знаење како железничар, тој и неговите луѓе прават саботажи.Напаѓајќи ги и ограбувајќи ги јапонските војници тие обезбедуваат храна за гладните кинези.
Иако овие борци за слобода немаат соодветно оружје , тие се служат со алатки и сето останато што ќе им се најде при рака да прават диверзии врз возовите и да ги преусмеруваат.Локалното население ќе ги прогласат за херои и ќе ги наречат „Железнички тигри“.
Оваа воена акциона комедија е во режија на Динг Шен а главната улога ја толува Џеки Чен.
КАМИОН ЧУДОВИШТЕ
Филмот „ Камион чудовиште“ преставува комбинација на анимиран и игран филм во режија на Крис Веџ . Се работи всушност за авантуристичко акционен филм кој говори за момчето Трип кој од стари расходувани автомобили создава камион чудовиште. По несреќата што ќе се случи во близината на местото каде што се наоѓа дупчалка за нафта ќе се појави едно чудно подземно суштество кое е добродушно и има талент за брзина. Кога тоа ќе се здружи со момчето Трип започнува несекојдневна авантура.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Лукас Тил, Џњјн Леви И томас Ленон. Филмот имал буџет од 125 милиони долари.
Интересно е да се каже дека филмот е направен според идејата на четиригодишниот син на некогашниот председател на Парамаунт пикчерс Адам Голдвин.Филмот се подготвувал уште од 2014 година за конечно оваа година да излезе пред публиката.
БАЈ БАЈ МЕН
„ Бај бај мен“ преставува хорор трилер во режија на Стејси Тил во кој главните улоги ги толкуваат Даглас Смит, Кресида Банас, Даг Џонс, Џена Канел …
Кога три студенти од еден кочеџ ќе се најдат во една стара куќа која се наоѓа надвор од кампусот , тие несакајќи ќе го ослободат натприродниот ентитет познат како Бај Бај Мен. Секој од нив станува потенцијален плен откако ќе го откријат неговото име.Единствен спас за да преживеат е да ја сочуваат тајната на неговото име.
КОМЕДИЈАНТ
Црнохумористичната комедија „ Комедијант“ е во режија на оскаровецот Тејлор Хекфорд познат по филмовите „ Реј“ и „ Офицер и џентламен“. Во главната улога се појавува Роберт Де Ниро во улогата на познатиот комичар Џеки Бурк кој бил осуден на 100 часовна општествено корисна работа заради тоа што удрил еден гледач.Во текот на работата за општо добро се зближува со Хармони , ќерка на успешен трговец со недвижнини .
Во филмот покрај Де Ниро наастапуваат уште и Еди Фалко, Харви Кајтел, Дени Де Вито, Чарлс Гродин и други.
КНИГА ЗА ЉУБОВТА
Меси Вилијамс, Џесика Бил, Џејсон Судекис, Мери Стенбургер ,Орландо Џонс и Пол Рајзер ги толкуваат главните улоги во драмата „ Книга за љубовта“ на режисерот Бил Пупле.
Дејствието на филмот , кој предходно бил познат под насловот „ Ѓаволот и длабокото сино море“, е сместено во Њу Орлеанс по ураганот Катрина.Приказната ја следи бездомничката Мили која со сплав има намера да плови на море , а во тоа и помага архитектот Хенри кој ја има сопругата Пени.
БУДНИ
Швајцарскиот режисер Баран Бо Одар го режира акциониот крими трилер „ Будни“ кој говори за агентот Винсент Даунс кој се наоѓа на тајна задача , кој се вплеткува во една мрежа на корумпирани полицајци и оние кои го контролираат коцкарското подземје. Откако гангстерите ќе му го киднапираат неговиот син , Винсент во текот на една непроспиена ноќ ќе мора да го спаси својот син од канџите на киднаперите. Притоа тој мора да ја избегне истрагата која против него ја води Џенифер Бриан и пред лицето на правдата да ги доведе киднаперите.
Главната улога во филмот ја толкува оскаровецот Џејми Фокс а покрајнего настапуваат уште и Мишел Монахан, Габриел Унион,Дермот Малруни, Скот МекНари и Дејвид Харбур.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк