• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во јули (1 )

јули 6, 2019
in Филмољубие
Филмски премиери во јули (1 )

Овој месец во кино салите се очекува премиерно прикажување на неколку интересни филмски остварувања од кои три се очекува да привлечат големо внимание кај публиката. Тоа се филмовите „ Спајдермен: Враќање дома“; „ Кралот лав“ и најновиот филм на Квентин Тарантино „Беше еднаш …во Холивуд“. Интересно е дека на кино репертоарот овој месец ќе се најдат дури шест документарни филмови , што на некој начин  говори за се’ поголемата присутност на документарните филмови на редовниот кино репертоар.

Во првиот дел од материјалот ,во кој ве запознаваме со новите наслови ,ќе ви преставиме избор од десет  нови филмови кои пред судот на гледачите  се појавија вчера  а дел од нив ќе се појават – следниот петок.

 

 

 j 1 copy

СПАЈДЕРМЕН:ВРАЌАЊЕ ДОМА

Од вчера во кино салите ширум светот започна да се прикажува филмот „Спајдермен: Враќање дома “ во режија на Џон Вотс.

Во синопсисот за филмот стои: Време е повторно да се вплеткаме во мрежата на пајакот , а оваа година таа ја прекрила цела Европа.Имено, ова лето Петер Паркер оди на летен одмор со својата позната екипа со цел своите суперјуначки должности да ги стави настрана во тие неколку недели на одмор и забава.Но, неговиот план набрзо ќе пропадне и одморот ќе му го прекине Ник Фури со нова задача која тој не сака да ја прифати. Тони Старк односно Ајрон Мен погинал, Капетанката Марвел е недостапна како и поголемиот дел од останатите Одмазници, и затоа Спајдер Мен мора да се помири со губитоците и да ја превземе одговорноста.Пред него лежи тешка битка бидејќи во наполно нови околности тој мора да го спасува светот и да ги заштити своите пријатели при што го очекува и неочекуван нов сојуз.

Актерската екипа ја сочинуваат Џејк Гиленхол како мистериозниот Квентин Бек, Том Холанд како Спајдер Мен а тука се уште и Семјуел Л. Џексон, Зендаја, Џејкоб Баталан, Мариза Томеи, Коби Смудерс и други.

 

j 2 copy

МАРИЈАНА И ЛЕОНАРД :ЗБОРОВИ НА ЉУБОВТА

Еден од шесте документарни филмови кои ќе се најдат на редовниот кино репертоар во овој месец, е и документарниот филм нассловен како„ Маријана и Леонард:Зборови на љубовта “.

Филмот говори за односот меѓу починатиот музичар Леонард Коен ( кој почина во 2016 година) и неговата норвешка муза Маријана Илен.

Режисер на филмот е Ник Брумфилд а во филмот со свои искажувања учествуваат Леонард Коен, Џуди Колинс, Хеле Голдман и Маријана Илен.

 

 j 3 copy

ФИЛ

Познатиот актер Грег Кинеар кој има номинација за наградата Оскар и кој зад себе има богата актерска кариера , овој пат пред публиката се преставува со своето режисерско деби во кое ја толкува и главната улога. Се работи за драмата со елементи на комадија насловена како „Фил“во која главната улога ја толкува самиот тој.Во филмот тој игра лик на еден депресивен заболекар кој започнува да го истражува животот на еден негов поранешен пациент по што ќе дознае дека тој извршил самоубиство.

Во филмот покрај Кинеар настапуваат уште и Емили Мортимер, Џеј Дуплас,Тејлор Шилинг,Курт Фулер,Лук Вилсон и Бредли Витфорд.

 

 j 4

 

ПОЛЗАЧ

Филмот „ Ползач“ преставува авантуристички акционен филм со елементи на ужас кого како режисер го потпишува французинот Александар  Аја.

Се работи за една приказна која говори за една девојка која додека се обидува  да го спаси својот татко за време на ураганот од Категорија 5, ќе се најде себеси заглавена во поплава и мора да се бори за нејзиниот живот против алигаторите.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Каја Скоделарио, Бари Пипер и Рос Андерсон.

 

 j 5

УМЕТНОСТ НА СМООДБРАНА

Откако ќе биде нападнат на улица во текот на ноќтта од страна на една банда на моторџии, плашливиот книговодител Кејси (Џеси Ајзенберг) се зачленува во соседното карате студио за да научи како да се заштити. Под будното око на харизматичниот инструктор, Сенсеи (Алесандро Нивола) и носителката на  кафеав појас Ана (Имоген Поотс), Кејси за прв пат во својот живот добива ново чувство на самодоверба. Но, кога ќе присуствува на мистериозните ноќни часови на Сенсеи, тој открива злокобен  свет на братство, бруталност и хипермускулност.

Режисер на филмот е Рилеи Стеарнс.

 

 j 6

СУПЕР 30

Се  работи за биографски филм кој говори за животот на математичарот од Патна (Индија) Ананд Кумар , кој ја води познатата програма Супер 30 за аспрантите на ИИТ програмата во Панта.

Режисер на овој индиски филм е Викас Бал а главните улоги ги толкуваат:Ритик Рошан, Моналх Такур и Панкај Тристати.

 

j 7

МЕЧ НА ДОВЕРБА

Се работи за драма во која Синтија и Марија се појавуваат за да го соберат наследството на Синтија од нејзиниот покоен дедо, но единственото нешто што го добива  е еден антички меч за кој нејзиниот дедо верува дека е доказ дека Југот ја добил Граѓанската војна.

Режисер на филмот е Лин Шелтон а главните улоги ги толкуваат:Марк Марон, Џон Бас, Михаела Воткинс и Џилијан Бел.
Филмот пред гледачите доаѓа следниот петок.
 
 j 8
ЛЕТНА НОЌ
Во овие жешки летни ноќи еве една романтична комедија токму со таков наслов:
„ Летна ноќ“ Филмот на еден мошне симпатичен начин говори за староста но во истовреме и за комплексноста на младите романтични врски.Вечна тема за односот помеѓу младоста и искуството.
Режисер на филмот е :Џозеф Крос а главните улоги ги толкуваат: Аналис Титон, Џастин Четвун, Лана Косдор, Викторија Џастис, Елена Капурис и други.
 
b 
 
БЕТАНИ ХАМИЛТОН: НЕЗАПИРЛИВА
Овој документарен филм говори за животот на Бетани Хамилтон која ја изгубила раката при нападот на тигарска ајкула на 13-годишна возраст, но тоа не ја спречило да го оствари својот сон да стане професионален сурфер. Сепак, не бил предизвик  само натпреварот што ја поттикнала желбата да остане во големото синило, туку и нејзината љубов кон океанот. Не само што ги освоила гигантските бранови како ѕид, туку и предизвикот да се биде мајка – и сето тоа  само една рака. Инспирира и никогаш не застанува; Бетани Хамилтон е незапирлива.
Режисер на оваа вистинска приказна, во кој главен лик е самата Бетани Хамилтон , е Арон Либер.
 

 j 9

ПРЕСТАПНИЦИ

Според најавите овој трилер хорор ќе можат да го погледнат оние кои имаат челични живци за да го го издржат нападот врз сите сетила од бруталните сцени со кои обилува овој филм кој како режисер го потпишува Орсон Обловиц.

Две дисфункционални двојки изнајмуваат модерна луксузна пустинска куќа за време на викендот, надевајќи се дека ќе ги средат нивните животи. Тие  обидуваат да се смират во една луда забавна ноќ. Во текот на забавата  нивниот  сосед се појавува на влезната врата велејќи дека има проблеми со автомобилот. И токму тука  започнува ат убиствените проблеми  бидејќи, без да го знаат тоа, четворицата пријатели ќе се најдат на погрешно место во погрешно крваво време.

Главните улоги во филмот ги толкуваат:  Ангела Тримбур , Зак Евери , Џенел Париш , Џонатан Хауард

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 78
Share
Previous Post

Делегација од Кина во посета на општина Охрид

Next Post

АЛПОЈО – Охрид: Шпанските вина во бојата на виножитото ги има кај нас

Next Post
АЛПОЈО – Охрид: Шпанските вина во бојата на виножитото ги има кај нас

АЛПОЈО - Охрид: Шпанските вина во бојата на виножитото ги има кај нас

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk