
Со почетокот на месец јули започнува втората половина од оваа филмска 2021 година , која барем во изминатите два три месеци започна полека да се враќа во некаква нормала по оној пандемиски нокаут кој го доживеа уште во почетокот на изминатата 2020 година , кога кино салите низ целиот свет беа затворени.
И филмаџиите и публиката се надеваат дека во наредниот период работите ќе дојдат на свое место и дека конечно во кино салите ќе можат да се видат сите оние филмови чие прикажување заради пандемијата беше неколкупати одлагано.
Во првиот дел од прилогот во кој ги преставуваме филмовите кои се најавени за овој месец , ќе ве инфориаме за девет филмови кои публиката може и ќе може да ги види до 16 . јули.

ШЕФОТ БЕБЕ:СЕМЕЕН БИЗНИС
Компјутерски анимираниот филм „Шефот бебе:Семеен бизнис“ преставува продолжение на филмот „Шефот бебе“ од 2017 година на компанијата Дрим воркс.
И продолжението е создадено од истата екипа:режисерот,Том Мекград и актерите кои ги позајмуваат гласовите на главните јунаци:Ејми Седарис, Џејмс Мардсен,Џеф Годблум, Лиза Кудроу, Алек Болдвин, Ева Лонгорија, Џими Кимел…
Браќата Темплтон станаа возрасни и се оддалечија едни од други, но новото шеф бебе со врвен пристап ќе ги принуди повторно да бидат заедно – и ќе инспирира нов семеен бизнис.
Филмот во кино салите ширум светот започна да се прикажува од вчера 2. Јули.

ЧИСТКА ЗАСЕКОГАШ
Хоророт „Чистка засекогаш“ преставува петти филм од франшизата филмови со основен наслов „Чистка“.Тема на филмот е ширење на чистката надвор од границите на еден ден во годината кога законите и цивилизираното однесување престануваат да важат.
Режисер на филмот е Едуардо Гоут а во филмот настапуваат:Ана Де Ла Регуера, Џош Лукас, Вил Патон, Кесиди Фриман, Вероника Фалкон, Ентони Молинари и други.

ЛЕТО НА ДУШАТА (…ИЛИ , КОГА РЕВОЛУЦИЈАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ЕМИТУВА НА ТЕЛЕВИЗИЈА)
Се работи за долгометражен документарен филм кој говори за легендарниот културен фестивал Харлем од 1969 година , кој ја славеше афроамериканската музика и култура и ги промовираше гордоста и единството на црнците.
Во филмот можат да се видат настапите на Стиви Вондер, Нина Симон, Махалија Џексон, Би Би Кинг и многу други.

ДО СМРТ
Една жена е оставена со лисици на својот мртов сопруг како дел од заговор за болна одмазда. Не можејќи да се откачи од рацете, таа мора да преживее бидејќи пристигнуваат двајца убијци за да ја докусурат.
Режисер на овој трилер е СК Дејл а главните улоги ги толкуваат Меган Фокс , Лили Роч, Кулан Мулви и други.

ВРКОЛАЦИ ВО КУЌАТА
Предложениот гасовод ќе создаде поделби во рамките на малото гратче Биверфилд. Кога снежната бура ги заробува своите жители заедно во локалната гостилница, штотуку пристигнатиот шумски чувар Фин (Сем Ричардсон) и поштенската работничка Сесили (Милана Вајнтруб) мора да се обидат да го зачуваат мирот и да ја откријат вистината зад мистериозното суштество кое започнало да ја тероризира заедницата.
Ова е приказната на хорор комедијата која како режисер ја потпишува Џош Рубен.

ЦРНАТА ВДОВИЦА
Еден од најочекуваните филмови во оваа 2021 година секако е научнофантастичниот акционен авантуристички филм „Црната вдовица“ кој е работен според стриповите на Марвел.Режисер на филмот е Кејт Шортленд а главните улоги ги толкуваат Скарлет Јохансон, Флоренс Пуг, Рејчел Вајс, Дејвид Харбор, Вилијам Харт и други.Филмот премиерно треба да биде прикажан следниот петок на 9. јули.
При раѓањето, Црната вдовица „ака Наташа Романова“ и е дадена на КГБ, која ја подготвува да стане нејзин врвен оперативец. Кога СССР се распаѓа, владата се обидува да ја убие додека акцијата се преселува во денешен Њуорк, каде што таа е хонорарна оперативка.

СПЕЈС ЏЕЈМС: НОВАТА ЛЕГЕНДА
Глобалната икона и една од најголемите ѕвезди во НБА лигата Ле Брон Џејмс, заедно со Зајакот и останатите безвременски ликови на Луни Тунес, се ѕвезди на анимирано –играната акциона авантура „Спејс Џејмс:Новата легенда“.
Ле Брон и неговиот син Дом се заробени во дигитален свет и Ле Брон мора да ги одведе дома на сигурно, водејќи го со себе и зајакот , како и целата дружина на недисциплираните јунаци на Тунес.Ова трансформациско патување открива колку можат да одат далеку некои родители за да се поврзат со своите деца.
Покрај екипата која секогаш е подготвена за акција со своите единствени таленти го изненадуваат дури и Ле Брон Џејмс.
Покрај Ле Брон во филмот настапуваат уште и Дон Чидл, Крис Дејвис, Сонекуа Мартин – Грин и Седрик Џо.Режисер на филмот е Мелком Д. Ли.
Филмот во кино салите доаѓа на 16. Јули.

СОБА ЗА БЕГСТВО : ТУРНИР НА ШАМПИОНИ
Се работи за американски психолошки хорор филм во режија на Адам Робител кој преставува продолжение на филмот „Соба за бегство“ од 2019 година. Во филмот настапуваат Тејлор Расел и Логан Милер кои ги повторуваат своите улоги од првиот филм а во новиот настапуваат уште и Индија Мур, Холанд Роден, Томас Кокерел и Карлито Оливеиро.
Шест лица несакајќи се наоѓаат заклучени во соба за бегство, полека откривајќи го заедничкото за да преживеат. Тие наскоро ќе откријат дека сите предходно ја играле оваа игра.
Филмот својата премиера најпрвин требало да ја има на 17. април. 2020 година но заради пандемијата нејзината премиера неколку пати била презакажувана за конечно да се одржи на 16.јули оваа година.Инаку филмот својата светска премиера ја доживеа на 1. јули. 2021 година во Австралија.

НЕНАСПАНИОТ НЕМИР : ВИСТИНСКИОТ ДОМ КОЈ ПРИВЛЕКУВА
Филмот преставува мешавина од документарен филм и ријалити шоу. Во главната улога е светски познатата куќа која беше инспирација за хоророт „Маѓепсникот“ а која беше продадена неодамна и која сега служи за паранормални истраги.Со посебен пристап на една малечка група на филмаџии и истажувачи на паранормалното им е дозволено да се преселат во славно прогонуваниот дом на две недели во надеж дека ќе донесат докази за тоа што се случува таму.За тоа време групата го истражува и документира секој доживеан момент. Можат ли во тоа да успеат со нивниот престој таму?Дали злонамерните духови сеуште го прогонуваат овој дом или се случува нешто уште пострашно?
Режисери на филмот и главни учесници се Вера и Кендал Велтон.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк







