• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во јули (2)

јули 23, 2021
in Филмољубие

Во вториот дел од информацијата за новите филмови кои треба да започнат да се прикажуваат во кино салите  ширум светот до крајот на овој месец, ќе ви преставиме уште десетина филмови од различни жанрови во кои настапуваат познати филмски актери.Неколку од нив започнаа да се прикажуваат од вчера а неколку пред публиката ќе излезат следниот петок.

MV5BZGMxYmI2MDAtMjZlMC00YjQyLTljNGYtOGI0YmMwOGE3YWNiXkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UX140 CR00140209 AL

СТАР

Ова лето, познатиот режисер Нејт Шјамалан , познат по филмот „Шесто сетило“ од 1999г., се преставува со еден нов застрашувачки , мистериозен трилер  кој говори за едно семејство кое оди на летен одмор на едно тропско место .Тие откриваат дека затскриената плажа каде што престојуваат неколку часа , на чуден начин предизвикува нивно брзо стареење – намалувајќи го нивниот цел живот во еден ден.

Главните улоги ги толкуваат : Гаел Гарсија Бернал, Вики Крипс, Алекс Волф, Руфус Севел, Томасин Мекензи, Кен Леунг …

MV5BNGJmMWUwMDgtYjEyNS00YmZhLTk3ZGEtZDliZDBhMDJkMGUyXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR130140209 AL

ЗМИСКИ ОЧИ

Еден мистериозен осамен борец, познат само како „Змиски очи“е пречекан и обучен од древниот јапонски нинџа клан наречен Арашикаге, но ќе се открие  дека неговата  лојалност се тестира кога ќе бидат откриени тајни од неговото минато, бидејќи тој треба да стане херојски оперативец на организацијата Џи Јо.

Режисер на филмот е Роберт Швентке а главните улоги ги толкуваат:Хенри Голдинг, Ендрју Коџи, Орсула Корберо, Харука Абе и други.

MV5BZGM2MDQ4OTUtNjI3Mi00OTNiLWJhYmYtOTdiN2JiYTNmN2Q0XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ЏО БЕЛ

Вистинска приказна за еден мал град, за еден човек од работничка класа, кој тргнува на самостојно патување  низ САД во крстоносна војна против малтретирање, откако неговиот син е мачен во средно училиште затоа што е хомосексуалец.

Оваа драма е во режија на Реиналдо Маркус Грин а главната улога ја толкува Марк Волбрг. Покрај него во филмот настапуваат уште и Кони бритон, Максвел Џенкинс, Гери Синиз, Морган Лили…

MV5BMTRkZmUwZjktMGU3NC00Y2ZjLTg0NTMtZDYyNzQ4MDNhMTY2XkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ПОЛНОЌ ВО СВИЧГРАС

Филмот е темелен врз основа на вистинската приказна за најопасниот сериски убиец на Тексас чија драматизација е преместена во Флорида. Агентот на ФБИ Карл Хелтер и неговата партнерка Ребека Ломбарди се многу близу до разбивање на синџир за трговија со секс. Кога ќе сфатат дека нивната истрага го открила  патот на бруталниот сериски убиец, тие се здружуваат со агентот за спроведување на законот во Флорида, Бајрон Крафорд, кој со години работел на овој случај. Кога самата Ребека ќе биде киднапирана од нивната цел и нејзиниот живот виси на конец, Бајрон има на располагање само неколку часа за да ги состави последните коцки и да стави крај на делата на озлогласениот убиец.

Филмот е режисерско деби на Рандал Емет а главните улоги ги толкуваат :Емили Хирш, Меган Фокс, Брус Вилис и Лукас Хас.

MV5BNDE1MGRlNTQtZjc4ZC00MTI0LWEwY2MtODk1YTM2NmFmYTNmXkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UY209 CR00140209 AL

КРСТАРЕЊЕ ВО ЏУНГЛА

Се работи за авантуристички филм кој е снимен врз основа на тематскиот парк на Волт Дизни кој има исто име и е направен врз основа на филмот „Африканската кралица“. Разбира се, филмот е направен во продукција на компанијата на Волт Дизни и е во режија на Џејми Колет – Сера. Во филмот главната улога ја толкува еден од најскапите актери Двејн Џонсон а тука се уште и Емили Блант, Џеки Вајтхоул , Џеси Племонс и Пол Џиамати.

Дејствието на филмот се случува во 20 век, кога Френк,  капетанот  на еден речен брод, ќе ги одведе една  британска научничка и нејзиниот брат во мисија за да го пронајдат дрвото на животот, за кое се верува дека поседува лековита моќ што може да биде од голема корист за модерната медицина.За цело време на патувањето оваа тројка мора да се бори против опасните диви животни , жешката и смртоносна околина и членовите на конкурентската германска експедиција коа е решена прва да го пронајде дрвото на животот.

MV5BNWUzMDA5MzMtYzU5Yy00M2U3LTg5YWUtYTk1NmY0ZDJhOGU3XkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UY209 CR00140209 AL

ВАЛ

Американскиот документарен филм „Вал“ во режија и во продукција на Лео Скот и Тинг Пу, својата светска премиера ја имаше на 7.јули оваа година на штотуку завршениот Кански филмски фестивал каде беше оценет со високи оценки од страна на критиката и публиката.Филмот го следи животот и кариерата на познатиот актер Вал Килмер.Во него се користени снимени материјали од самиот Килмер направени во текот на неговата кариера , вклучително и снимки од неговото детство од неговата приватна колекција.

MV5BMjMxNTdiNWMtOWY0My00MjM4LTkwNzMtOGI0YThhN2Q4M2I4XkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ЗЕЛЕНИОТ ВИТЕЗ

Филмот преставува историси епски филм чие дејствие се случува во средниот век.Филмот е во режија на Дејвид Лоули а главните улоги ги толкуваат Дев Пател, Алиша Викандер, Џоел Еџертон, Сарита Чудури, Шон Харис, Кејт Дики, Бери Киоган и Ралф Инесон.

Филмот преставува фантастична авантура која е темелена врз легендата на Артурјан. Во него се раскажува за Сер Гавејн,тврдоглавиот внук на кралот Артур, кој тргнува во обид да се спротистави на истоимениот витез ,кој всушност е огромно суштество кое наликува на дрво.

MV5BN2IzMTUyMDUtZGJmZC00YWMzLWFhMGMtZjQwMTkzMzViMjFkXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyMjM2NDc2. V1 UY209 CR00140209 AL

СТИЛВОТЕР

На штотуку завршениот филмски фестивал во Кан, светска премиера доживеа крими драмата „Стилвотер“ на режисерот Том Мекарт. Во филмот главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон, Абигејл Бреслин и Камил Котин кои се прошетаа по црвениот килим во Кан на 8 . јули кога беше одржана премиерата на ова остварување.

Бил Бејкер, работник во нафтена индустрија во Стилвотер , Оклахома, дознава дека неговата отуѓена ќерка Алисон, додека студирала една година во Марсеј, била уапсена во очекување на судење и обвинета за убиство на нејзината пријателка и партнерка Лина. Тој патува таму за да ја посети во затвор и открива дека таа ги има исцрпено сите нејзини законски опции. Тој се преселува трајно во Франција и се бори да го исчисти нејзиното име, борејќи се со јазичната бариера, културните разлики и сложениот и непознат правен систем заснован на француското казнено законодавство. Му помагаат Французинката Вирџини и нејзината осумгодишна ќерка Маја. Како што се зголемува притисокот, тој мора да одлучи колку далеку е подготвен да отиде.

Пишува:Ѓоко Симјаноски,Публицитет.мк

Посетеност: 158
Share
Previous Post

Се реконструира патот преку Галичица

Next Post

Денес им е роденден:Мартин Милески

Next Post
Денес им е роденден:Мартин Милески

Денес им е роденден:Мартин Милески

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 158

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk