
Според најавите , се чини дека , љубителите на филмот полека но сигурно ќе може да се вратат во кино салите по такаречи по година и половина заради пандемијата на вирусот, но мора да се спомене дека и понатака важат пропишаните мерки при посетата на кино салите.Во кино салите за овој прв месец во кој завршува пролетта и започнува календарското лето, ќе се прикажат триесетина нови филмови, бројка која беше вообичаена во изминатите „нормални години“. Во првиот дел од овој приказ на новите филмови , направивме избор од десетина филмови кои на репертоарот започнаа со прикажување од изминатиот петок и дел кои започнаа со прикажување од вчера.
Еден филм кој со прикажување започна од изминатиот петок , веднаш се најде на врвот на топ листата на најгледани филмови за време на изминатиот викенд со вкупна заработка во светски рамки од 58 милиони долари од кои 24 милиони долари заработка во САД.Тоа е филмот „Насилство:Ѓаволот ме натера да го сторам тоа “ за кој говориме на почетокот од овој преглед.

НАСИЛСТВО : ЃАВОЛОТ МЕ НАТЕРА ДА ГО СТОРАМ ТОА
Овој трилер хорор со елементи на натприродното , всушност преставува трето продолжение на филмот „Насилство“ од 2013 година кој своето продолжение „Насилство 2“ го имаше три години подоцна. Како и во првите два филма така и во ова трето продолжение главните улоги ги толкува филмската двојка Вера Фармига и Патрик Вилсон. Овој пат како режисер се потпишува Мајкл Чавес кој во таа улога го замени
Џејмс Ван, кој седеше во режисерското солче на првите две продолженија.
Филмот преставува застрашувачка приказна за терор, убиство и непознато зло кои ги шокира дури и искусните истражувачи на паранормалното во реалниот живот, брачната двојка Ед и Лореин Ворен.Еден од нивните најпознати сензационални случаи од нивните досиеја , започнува со борбата за душата на едно младо момче , нешто што дотогаш не го виделе. Овој случај е првиот во историјата на САД во кој еден осомничен за убиство како одбрана да го користи ѓаволот кој е во него.

НЕСКРОТЛИВИОТ ДУХ
Пред такаречи 20 години (2002)компанијата за анимирани филмови „Дрим воркс“ го создаде анимираниот филм „Дух:Пастувот на Кимарон“во кој главен лик беше коњот викан Дух.
Истото студио оваа година пред љубителите на анимираните филмови излегува со уште еден филм во кој главниот лик е коњот Дух. Филмот овојпат е изработен со помош на компјутерска анимација и е насловен како „Нескротливиот дух“.
Овој пат приказната на филмот говори за едно тврдоглаво девојче кое ќе открие сродна душа во коњот Нескротливиот дух .Лаки Прескот, всушност , никогаш не ја запознала својата покојна мајка Милагро Наваро, бесташната и храбра каскадерка од малечкото градче Мирадеро, кое се наоѓа блиску до отворената граница.
Како и нејзината мајка, Лаки не е некој почитувач на правила и ограничувања, што кај нејзината тетка предизвикува голема грижа.Лаки израснала во градот на источниот брег под будното око на нејзиниот татко. Но кога таа ќе претера со предизвикување на среќата со премногу ризични вратоломии, Кора заедно со Лаки оди кај нејзиниот татко Џим , во Мирадеро. А таму, таа ќе го сретне коњот Дух со кој ќе доживее невидена авантура.
Режисери на овој компјутерски анимиран филм се:Елејн Боган и Енио Торесаи а гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат актерите: Изабела Мерцед, Џејк Гиленхал, Џулиен Мур, Марсаи Мартин, Мекена Грејс …
Филмот моментно е на четвртото место на топ листата на најгледани филмови во САД.

ПОД СВЕТЛАТА НА СТАДИОНОТ
Се работи за спортска драма која е снимена според вистински настан.Тоа приказна за еден мал градски фудбалски тим кој ќе ги искористи сите шанси за да го освои државниот шампионат. Нивниот успех ќе остане запаметен во историјата на спортот во САД. Режисер на филмот е Тод Рандал а главните улоги во филмот ги толкуваат; Мило Гибсон( родениот син на Мел Гибсон), Абигејл Хол, Картер Ретвуд, Лоренс Фишбурн, Рути Остин, Адријан Фавела и други.

ТОВЕ
Оваа финско шведска копродукција преставува биографска драма за финската сликарка Тове Јансон која е родена во 1910 година во уметничко семејство. Дејствието на филмот се случува во Хелсинки 1945 година , кога кон крајот на војната и носи ново чувство за уметничка и социјална слобода на сликрката Тове.Нејзината модерна уметност, неконвенционалниот живот проследен со вртоглави забави и отворена врска со оженет политичар е во чиста спротивност, со строгите идеали на нејзиниот татко скулптор.Нејзината желба за слобода ќе биде ставена на тест откако ќе ја сретне театарската режисерка Вивика Бандлер. Нејзината љубов кон неа и одзема многу од нејзината сила , но таа започнува да сваќа дека љубовта за која навистина копнее мора да биде возвратена. Сето тоа ќе биде причина нејзината уметничка кариера да добие сосема поинаков тек.
„Тове“ е волшебна драма за креативната енергија на исконскиот талент и нејзината бурна потрага по идентитет, желба и слобода.
Филмот е во режија на Заида Бергрот а главната улога ја толкува Алма Пјести.
Овој филм беше кандидат на Финска за наградата Оскар во категоријата Најдобар меѓународен филм.

ЗАЈАКОТ ПИТЕР 2 :БЕГСТВО
Филмот преставува продолжение на филмот од 2018 година, „Зајакот Питер“.
По бракот на Беа и Томас, Питер се чувствува како секој да го гледа само како бунтовник. Затоа, кога Беа и Томас решија да одат на пат, Питар смета дека ова е можност да се тргне во бегство.
Во оваа семејна комедија , која преставува мешавина на игран и анимиран филм, улогите ги толкуваат :Роуз Брн и Доминал Глисон кои ги повторуваат улогите од првиот филм од 2018 година. Гласовите на анимираните ликови ги позајмуваат повторно актерите:Џејмс Горден, Елизабет Дебицки, Лени Џејмс и Маргот Роби.
Режијата на филмот повторно ја потпишува Вил Глук.

КРАЛИЦА НА ПЧЕЛИТЕ
Филмовите за животот во третото доба се честа тема во светот на филмот, без разлика дали се работи за драми или комедии. Во нив обично се говори за судбината на луѓето во поодминати години за нивните проблеми и нивното право на живот во похумани услови .
„Кралицата на пчелите“ преставува романтична комедија со драмски елементи и говори за една повозрасна жена која со тешко срце се согласува да живее во старечки дом. Таму таа ќе се соочи со група жени со кои тешко наоѓа заеднички јазик…
Режисер на филмот е Мајкл Лембек а главните улоги ги толкуваат Елен Бурстин, Џејмс Кан, Ен Маргрет, Лорета Девин, Кристофер Лојд, Елизабет Мичел, Метју Барнес …

ЦЕНЗОР
Во филмската понуда за месец јуни се наоѓа и хоророт „ Цензор“ на режисерот Прано Бејли – Бонд во кој главните улоги ги толкуваат Нијам Алгар, Мајкл Смајли, Николас Барнс, Винсент френклин …
Откако ќе погледне едно чудно видео , Енид, филмски цензор, се стреми да ја реши мистеријата од минатото кога исчезнала нејзината сестра. Тргнувајќи во потрага по неа ќе исчезне границата помеѓу фикцијата и реалноста.

НЕСООДВЕТНИТЕ
Се работи за акционен авантуристички трилер во кој главната улога ја толкува веќе подостарниот Пирс Броснан.Покрај него во филмот настапуваат уште и Џејми Чун, Тим Рот, Хермиона Корфилд, Ник Канин, Гонзало Мендез и други. Режисер на филмот е познатиот Рени Харлин ,кој се прослави со неколку акциони филмови (Умри машки, Умри машки 2…)
Дури и федерален затвор за максимална безбедност не може да го држи Ричард Пејс, брилијантен меѓународен крадец. Но, неговото смело бегство и бркање со автомобили со високи октани, избегнувајќи ги ФБИ и полицијата, завршува со тоа што тој ќе се приклучи на групата на современи Робин Худовци. Предводени од ексцентричниот и харизматичен Ринго со Виолет ,принцот и Вик со ќерката на Пејс, Хоуп .Тоа е мистериозна група која прави понизни работи со вистински причини. Квалификуваната група го убедува Пејс да им се придружи за да ја акцијата на векот: кражба на милиони во златни шипки што се чуваат под еден од најбезбедните затвори на земјата, сопственост на лажниот бизнисмен Шулц кои се користат за финансирање терористички групи ширум светот . Настрана парите, Пејс сака да му се одмазди на Шулц, човекот кој стои зад неговото затворање. За да успеат, од ЛА до Абу Даби, ќе бидат потребни мотори со голема моќ, фалсификувани идентитети, повеќе лоши момчиња, камили, нитро и масивни експлозии.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк







