• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во јуни (2)

јуни 4, 2016
in Филмољубие

Во овој месец се очекува доаѓањето на неколку навистина интересни филмски наслови од кои се очекува да станат вистински филмски хитови. Дали тоа ќе се оствари останува да покаже времето.

 juni 1

БАРАЈЌИ ЈА ДОРИ

По цели 13 години компанијата Волт Дизни и нината испостава Пиксар пред гледачите овој месец ќе се престават со продолжение на компјутерски анимираниот филм  „Барајќи го Немо“ кој постигна извонреден финансиски успех заработувајќи 936 милиони долари во светски рамки. Режисери на филмот се Ендрју Стентон и Ангус Меклејн. Гласовите на главните јунаци ги позајмуваат повторно истите актери предводени од Алберт Брукс и  Елен Де Џенерис .

Овојпат филмот „ Барајќи ја Дори“ на големите екрани повторно ќе ги донесе омилените ликови од првиот филм: заборавената сина риба Дори која живее среќно на гребенот со Немо и Марлин.

Кога Дори ќе се сети дека има семејство кое можеби ја бара, ова трио ќе тргне на возбудлива авантура преку океанот до Калифорнискиот престижен Поморски инситут, рехабилитационен центар и аквариум. Во обид да ги најде својата мајка и татко, Дори ќе побара помош од три најинтригантни жители на Поморски институт: Хенк, кавгаџиски октопод кој често им бега на вработените; Бејли, кит кој е убеден дека неговите вештини не работат; и Нада, кратковидна ајкула. Додека тие вешто се движат низ сложениот внатрешен Поморски институт, Дори и нејзините другари ќе ја откријат магијата на нејзините недостатоци, другарства и семејство.

juni 2 copy

ТАЈНА СЛУЖБА

Познатата акциона ѕвезда Двејн Џонсон , така речи оди од филм во филм.Така, само во оваа и наредната година публиката ќе има можност да го види во дури девет нови филмови.Еден од нив е акционата комедија „ Тајна служба“која во кино салите доаѓа овој месец.

Во филмот ,кој како режисер го потпишува Ревсон Маршал Турбер, покрај Двејн Џонсон настапуваат уште и Кевин Харт, Еми Рајан, Меган Парк, Рајан Хенсен , Брет Азар…

Приказната на филмот е за   ЦИА агентот (Џонсон) кој доаѓа дома на прослава на матура. Тврдејќи дека работи на таен случај, бара помош од својот пријател од средното училиште(Харт), кој некогаш бил средношколска спортска ѕвезда, а сега работи како сметководител и се кае за сите пропуштени шанси кои ги имал во животот. По обединувањето со стариот пријател преку Фејсбук, сметководителот е измамен и непланирано влегува во свет на меѓународна шпионажа.

 film juni

ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА:НОВА ЗАКАНА

Точно две децении по големиот успех што го постигна научно фантастичниот филм „Ден на независноста “ кој за тогашни прилики имаше фантастичен буџет од 75 милиони долари но и фантастична заработка од 817 милиони долари во светски рамки, добива свое продолжение кое го режира истиот режисер Роналд Емерих. Во првиот филм земјата беше нападната од вонземјани но иако со големи губитоци таа беше одбранета. Арно ама еве, по две децении, таа е повторно цел на нов напад. И нормално се поставува прашањето дали формираната одбрана ќе биде способна да се спротистави на овој напад, особено што во одбраната го нема храбриот капетан Стивен Хилер , односно актерот Вил Смит кој го нема во продолжението на филмот, и според сценаристите на филмот тој во меѓувреме погинал на еден од своите пробни летови. Но , затоа тука е председателот Томас Витмор ,односно актерот Бил Пулман , кој и по 20 години е председател на САД и кој сигурно и понатака е храбар и одлучен како и пред 20 години да ја спаси Америка и се разбира целиот свет од лошите вонземјани.Нему овој пат сесрдно ќе му помогнат новите ликови кои ги толкуваат Лиам Хемсфорт, Џоел Кинг, Шарлота Гинсбург, Вивика фокс, Села Ворд , Бренд Спинери многу други.Се разбира тука е и Џеф Голдблум кој ја повторува својата улога на Дејвид Левинсон од пред 20 години. Режисерот Роналд Емерих одсекогаш бил познат по тоа што е голем „ трошаџија“ .Тој тоа го потврдува и со овој филм чиј продукциски буџет изнесува „ само“ 200 милиони долари.

Продолжението ни ја носи приказната за светска катастрофа од невидени размери. Луѓето смислуваат програма за одбрана, користејќи ја вонземската технологија, за да ја заштитат планетава, бидејќи предвидуваат враќање на напаѓачите. Но ништо не може да ги подготви за напредната и далеку понадмоќна вонземска сила. Сепак, генијалноста на неколкуте храбри мажи и жени може да го спаси светот кој се наоѓа на работ на пропаста.

film juni 5

СЛОБОДНАТА ДРЖАВА ЏОНС

Оскаровецот Метју мек Конахју овој јуни ќе се престави со својот најнов филм  „Слободната држава Џонс“ во кој тој го портретира ликот на гордиот фармер Њутон Кнајт кој за време на американската Граѓанска војна на југот создава сопствена држава.Како војник на конфедерацијата Кнајт е разочаран од политиката што ја води југот како  и  од комплетната состојба во тогашната Америка. Тој бега од фронтот за во округот Џонс во Мисисипи да  прогласи сопствена држава. Тој се жени со некогашната робинка Рејчел. Расно мешаната заедница во неговата држава долго време по завршувањето на Граѓанската војна била единствената во повоениот југ. Кнајт бил сметан за еден од поинтересните и поконтроверзните личности од американскиот југ.

На режисерот и сценаристот Гери Рос ова ќе му биде првиот филм по режијата на првиот дел од популарната франшиза „ Игри на гладните“ од 2012 година.

Во филмот настапуваат уште и Кери Расел, Гугу Мбата-Ров и Мархешала Али.

film 6

ОПАСНОСТ ОД ДЛАБОЧИНИТЕ

Вистинска револуција предизвика Стивен Спилберг во 1975 година кога го сними филмот „ Ајкула“кој постигна извонреден успех кај публиката и беше причина да се направат уште неколку продолженија на овој филм но и голем број на други филмови во кои ајкулите се главни негативци.. Стравот од ајкулите трае до денешните денови а ќе трае сигурно и во иднина.

Филмот „ Опасност од длабочините“говори за Ненси (Блејк Лајвли)која  сурфа сама на една сокриена плажа.Таа  ќе биде нападната од голема бела ајкула и ќе се најде заглавена на кратка дистанца од брегот. Иако е на само 200 метри од преживување, за да стигне до брегот ќе и треба многу храброст и воља за живот.

Филмот е во режија на шпанецот Јауме Колет –Сера а филмот е снимен според сценариото на Антони Јасвински.

Во филмот покрај Блејк Лавли , настапува и шпанскиот актер Оскар Јаенада, познат по настапот во филмот „ Пиратите од Кариби“од 2011 година. Филмот е реализиран на локации во Австралија.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 113
Share
Previous Post

Филмски премиери во јуни (2)

Next Post

Ако екологија немаш , ништо не си Повод: Јуни еколошкиот месец и 5 Јуни – Ден на животната средина

Next Post

Ако екологија немаш , ништо не си Повод: Јуни еколошкиот месец и 5 Јуни - Ден на животната средина

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk