• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во јуни (2)

јуни 25, 2021
in Филмољубие

Во вториот дел од информацијата за новите филмови во месец јуни, ќе ве запознаеме уште со десетина филмови кои премиерата ја имаа во изминатиот петок и вчера на 25. јуни.Меѓу нив има неколку наслови кои би можеле да бидат потенцијални филмски хитови во месецот во кој и календарски влеговме во годинешното лето, период кој во некои други предпандемиски времиња , беше преполн со филмски блок бастери.

MV5BNGQ2MGQ1ZGQtOTY4MS00ZDA5LWE5YmUtMGE0YTE2YTZiODZkXkEyXkFqcGdeQXVyMjMxOTE0ODA. V1 UX140 CR00140209 AL

ТЕЛОХРАНИТЕЛ НА ЖЕНАТА НА МАФИЈАШОТ

Оваа акциона комедија , која говори за најсмртоносната двојка на светот – телохранителот Мајкл Брајс и убиецот Дариус Кинкаид- повторно се во животна опасност.Сеуште без дозвола и под присмотра, Брус на акција го принудува сеуште понестабилната сопруга на Дариус, озлогласената меѓународна измамничка Соња Кинкаид. На овој забавен и смртоносен хаос му се приклучуваат уште и Морган Фримен и Антонио Бандерас.

Дејствието на филмот е сместено четири години подоцна по случувањата во првиот филм снимен во 2017 година во кој главните улоги ги толкуваа Рајан Рејнолдс, Семјуел Л.Џексон и Салма Хајек.

Филмот премиерно беше прикажан изминатиот викенд кога веднаш се искачи на првото место на најгледани филмови во САД.

MV5BNTA0YTE5M2MtZTc0Ny00ODViLWI2ZjItOTU3YzJmNzdhYjI3XkEyXkFqcGdeQXVyNTI4MzE4MDU. V1 UY209 CR00140209 AL

БРАЌАТА СПАРКС

Овој документарен музички филм им е посветен на браќата Рон и Расел Спаркс од Лос Анџелес и говори за нивниот пат кон успехот . Почнувајќи од училишните денови па се’ до нивните големи успеси на сцената каде опстојуваат цели пет децении , период во кој издадоа 25 студиски албуми.

Филмот беше за првпат прикажан на годинешнопт фестивал на независни филмови Санденс, каде доби високи оценки од критиката.Режисер на филмот е Едгар Врајт.

MV5BOGVlM2FjMzYtMWEwNC00NTRlLTlhZWEtNDVkN2QzOTJjYjJkXkEyXkFqcGdeQXVyOTg4MDYyNw. V1 UY209 CR00140209 AL

СИБИР

Филмот „Сибир“ говори за Клинт, осамен човек без иднина кој живее сам во замрзнатата тундра.Оваа изолација не може да му донесе ниту живот ниту мир.Една ноќ тој одлучува да започне патување каде што мора да се соочи со своите соништа, спомени и визии , преминувајќи од темнината во светлина. Филмот беше прикажан изминатата година на фестивалот во Берлин. Главната улога во овој мошне тежок филм ја толкува Вилијам Дефо а режијата ја потпишува познатиот режисер Абел Ферара. Ова е инаку нивна шеста заедничка соработка.

MV5BZDI2NTNlYmYtYWI2MC00ZTM2LTkzZjYtNTVhMzc3MmRjNjhlXkEyXkFqcGdeQXVyMTAyMjQ3NzQ1. V1 UX140 CR00140209 AL

РИТА МОРЕНО:ДЕВОЈКА КОЈА РЕШИ ДА СЕ ПОСВЕТИ НА ТОА

Овој документарен филм преставува поглед на животот и делото на Рита Морено од нејзините скромни почетоци во Порторико до нејзините успеси на Бродвеј и во Холивуд. Таа се прослави со улогата во мјузилот „Приказна од западната страна“ во 1961 година кој се закити со 10 награди Оскар. Интересно е да се спомене дека таа по цели 60 години настапува и во римејкот на овој филм во режија на Стивен Спилберг , кој премиерата треба да ја има на 10 декември оваа година.

Режисер на документарниот филм е Мариен Перез Риера.

MV5BZWMxNzA1NWEtYjgwMC00ZjkwLTljYjYtN2E3ZWIzODJlN2Y4XkEyXkFqcGdeQXVyOTgxNDIzMTY. V1 UY209 CR00140209 AL

12 СИЛНИ СИРАЧИЊА

Станува збор за спортска драма , приказна која досега била тема на повеќе филмови, и без обзир што таа е темелена врз вистинска случка, со предвидлива приказна, секогаш, ќе се најде публика за ваков вид на филмови.

Дејствието на филмот е сместено во Амерка за време на Големата депресија . Прогонуван од своето мистериозно минато , еден посветен тренер за фудбал во средно училиште, води еден слаб тим составен од сирачиња на државниот шампионат. Филмот донесува приказна која го унапредува американскиот фудбал,како и самото сваќање на тој спорт.

Режисер на филмот е Тај Робертс а главните улоги ги толкуваат :Лук Вилсон, Роберт Дувал, Ванеса Шо , Мартин Шин и разбира се, 12 те млади актери кои ги играат членовите на овој тим.

MV5BMzU0YWE3ZGUtYTUxMS00ODZlLTk4NmQtNzk3YmY2NGYyYWNhXkEyXkFqcGdeQXVyMTAyMjQ3NzQ1. V1 UY209 CR00140209 AL

РОДЕНДЕНСКА ТОРТА

Филмот започнува со 10 годишнината од смртта на таткото на Џовани кој неволно ја прифаќа задачата токму тој да ја продолжи традицијата да донесе роденденска торта во домот на неговиот чичко Анџело, последниот шеф на мафијата , на прославата на неговиот роденден.

Само два часа по полноќ, животот на Џовани за секогаш ќе се промении тој е принуден да порасне откако ќе биде сведок на убиство, насилство ,  хаос и кога ќе ја дознае вистината за тоа што му се случило на неговиот татко.

Режисер на овој крими трилер е Џими Гианопулос а главните улоги ги толкуваат: Шилох Фернандез, Вал Коилмер, Јуан Мек Грегор, Вилијам Фитчер, Лораин Брако, Виктор Пасторо и други…

MV5BOTlkOTk1ZGQtMDM0Yi00OTQ5LWE3MDEtOGMxMTg3YjEwOTIyXkEyXkFqcGdeQXVyMjUxMzU3MTM. V1 UY209 CR90140209 AL

ЗМИЈАТА

Филмот преставува мешавина од повеќе жанрови:акција, комедија, хорор, мистерија…

Една врвна специјална агентка работи во тајниот оддел на ЦИА. Таа добива специјална задача , која таа ќе и ја довери на својата сопствена агенција.

Режисер и толкувач на главната улога е Гиа Скова а тука се уште и Травис Арон Ваде, Александра Тебано, Џејсон Скот Џејкинас, Лин Готони и други.

MV5BMjI0NmFkYzEtNzU2YS00NTg5LWIwYmMtNmQ1MTU0OGJjOTMxXkEyXkFqcGdeQXVyMjMxOTE0ODA. V1 UX140 CR00140209 AL

Ф9:БРЗАТА САГА

Еден од најдолговечните филмски серијали секако е „Брзи бесни“ кој започна пред точно 20 години. Од тогаш досега се реализирани осум филмови а деветтиот насловен како „Ф9:Брзата сага“ од вчера започна да се прикажува во кино салите во САД и низ целиот свет. Режисер на филмот е Џастин Лин а филмската екипа е предводена од Вин Дизел кој настапи во сите досегашни филмови од овој серијал. Покрај него во филмот настапуваат уште и Мишел Родригез,Џордана Бревстер, Чарлиз Терон, Џон Кена, Тајрис Гибсон, Хелен Мирен, Курт Расел, Лукас Блак …

Сифер ја бара помошта од Џејкоб, помладот брат на Дом, за да му се одмазди на Дом и неговиот тим.

 

MV5BZWM4Y2E0MzgtYmM3MS00Mzc3LTk0YjktNWE2ZTMzMDBkMjJhXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyNDk3MjY3. V1 UY209 CR00140209 AL

ЛАНСКИ

Се работи за биографска крими драма која говори за остарениот гангстер Мејер Лански. Кога федералните служби за последен пат ќе го испитуваат стариот гангстер под сомнение дека тој однел милиони долари во текот на половина век, пензионираниот гангстер раскажува вртоглава приказна , откривајќи ја нераскажаната вистина за неговиот животкако озлогласениот шеф на „Убиството АД“ и националниот синдикат за криминал.

Режисер на филмот е Ејтан Рокавеј а главните улоги во филмот ги толкуваат:Минка Кели, Ана Софија Роб, Дејвид Џејмс Елиот, Сем Вортингтон, Џеки Круз, Харви Кител , Џон Магаро и други.

MV5BZDFiZTE4NWEtMGNkNC00YjhlLTk0YjMtNDA3NWRhMjc3MTM2XkEyXkFqcGdeQXVyOTA5NzQ0MDQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ЛЕДЕНИОТ ПАТ

Од вчера во кино салите започна да се прикажува и авантуристичката драма со елементи на трилер „Ледениот пат “ на режисерпт Џонатан Хеслинг.

Откако ќе се сруши еден рудник за дијаманти во далечната северна Канада, двајца возачи ќе мораат да подготват спасувачка мисија за да ги спасат рударите кои се заробени под земја.Но, помеѓу нив и несреќните рудари се протегаат километри на непредвидлив мраз.Мразот и ниските температури , ќе биде најлесната пречка во однод на она што ги очекува…

Главните улоги во филмот ги толкуваат : Лиам Нисон, Лоренс Фишбурн, Маркус Томас, Бенџамин Волкер и други.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 122
Share
Previous Post

Се уредуваат плажите на крајбрежјето во пресрет на туристичката сезона

Next Post

Културолошката иницијатива 5 до 12 создаде мурал на ѕидот на НУ Библиотека во Охрид

Next Post
Културолошката иницијатива 5 до 12 создаде мурал на ѕидот на НУ Библиотека во Охрид

Културолошката иницијатива 5 до 12 создаде мурал на ѕидот на НУ Библиотека во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk