• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во мај (1)

април 30, 2021
in Филмољубие
Филмски премиери во мај (1)

Откако беа доделени годинешните награди Оскар, вниманието на љубителите на филмската уметност повторно се враќа на актуелните филмови од редовниот кино репертоар. А понудата на нови филмови , барем според најавите, е многу побогата и поразновидна од онаа во месецот април . Што е уште поинтересно на репертоарот во кино салите , кои полека ги отвораат вратите за кино посетителите, има неколку филмови во кои настапуваат познати актерски имиња кои би требало да бидат гаранција за поголема посетеност. Овој пат изборот го сведовме на десетина филмови .

MV5BNGVkOTlhOTktNjZiNS00NDg3LWIxMDAtZTY5Y2E0YjllN2IxXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL copy copy

ГНЕВ НА ЧОВЕКОТ

Следниот петок на репертоарот на кино салите доаѓа акциониот трилер „Гнев на човекот“ во режија на Гај Ричи. Главната улога во филмот ја толкува Џејсон Статам , инаку еден од омилените актери на Ричи . Тие досега соработуваа на три филмови а ова е нивна четврта соработка . Овојпат Статам игра лик на еден чувар за обезбедување на комбе кое превезува пари од една банка, кој при еден обид за грабеж на комбето ги неутрализира напаѓачите користејќи се со невидени способности за ракувње сооружјето.

Остатокот од неговиот тим за обезбедување немаат поим одкаде доаѓа тој и што има на ум,но како што поминува времето станува се поизвесно дека тој има зацртано одредена цел.

Актерската екипа ја сочинуваат уште и Џош Хартнет, Скот Иствуд, Енди Гарсија, Холт Мекалани, Роки Вилијамс, Џефри Донован и други.

Инаку филмот преставува своевиден римејк на францускиот филм „Камион за готовина“од 2004 година.

MV5BODdjZGY0NzgtZjZjMS00NTQ2LWI4ZDYtNmY5MTk0MmY3ZDQ4XkEyXkFqcGdeQXVyMTA3MzQ4MTg0. V1 UY209 CR00140209 AL

ЕВЕ ДЕНЕС

Кога ветеранот писател на комедии, Чарли Бурнц, ќе се сретне со уличната пејачка во Њујорк, Ема Пејџ, тие создаваат неверојатно , но сепак смешно и трогателно пријателство што го одвојува генерацискиот јаз и го редефинира значењето на љубовта и довербата.

Режисер на оваа комедија е Били Кристал кој го потпишува сценариото но ја толкува и главната улога во филмот. Покрај него настапуваат уште и Шерон Стоун, Пен Бадгли, Лора Бенанти, Тифани Хадиш, Кевин Клајн, Бери Левинсон, Џоана Адлер и други.

MV5BNTBhOWM5MGEtOWYxNC00MDZkLWJkOGUtMTcxZTJmNzI4MDQ5XkEyXkFqcGdeQXVyMTkwNjcyOTk. V1 UX140 CR00140209 AL

ТИВОК ЖИВОТ

Мистериозната дама во црно која тврди дека е последната љубов на првиот секс симбол на екранот Рудолф Валентино, умира во нејзиниот стан во Холивуд. Единствениот контакт што го открил детективот е визитната картичка на младиот режисер Пол Хартс. Додека одговара на прашањата на истражителот, Пол нè враќа половина година порано на гробиштата во Холивуд кога за  првпат ја запознава Дамата во црно и ја убедува да ја открие нејзината тајна пред камера. Приказната за старата дама нè враќа во минатото уште подалеку, во 1926 година, кога таа била млада медицинска сестра во Њујорк и кога го сретнала  Рудолф Валентино на болничкиот кревет.

Режисер на оваа драма е Владислав Козлов а главните улоги ги толкуваат Шерилин Фен, Избела Роселини ,Теи Мур и Франко Неро кој го игра духот на Рудолф Валентино.

MV5BOWMzNzQ2YTctYmE1Ni00ZjUyLThlOWYtOGNhYmU1ZTkzOWIxXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ЧОВЕКОТ ВОДА

Филмот преставува режисерско деби на актерот Давид Ојелово кој својата премиера ја имаше на минатогодишниот фестивал во Торонто.

Станува збор за семејна авантура во која се следи судбината на едно дете кое се обидува да пронајде лек за својата болна мајка.На патот по потрагата на чудата на Човекот вода , му помага едно девојче . Тие двајца ќе се изгубат во една шума…

Во филмот покрај Давид Ојелово настапуваат уште и Розарио Досон, Лони Чевиз, Амиах Милер, Алфред Молина и Марија Бел.

MV5BZjI4ZWQwYzctMGJlMi00OTE1LWFkNjMtY2VlOGQxZmVhNDYyXkEyXkFqcGdeQXVyMjMxOTE0ODA. V1 UY209 CR00140209 AL

СПИРАЛА

Главната улога во мрачниот трилер „Спирала“ ја толкува актерот Крис Рок. Тој го игра ликот на полицискиот детектив Езекиел Банкс кој истражува низа на грозоморни злосторства. Под будното око на ценетиот полициски ветеран Маркус, кој го игра легендарниот актер Семјуел Л. Џексон , храбриот детектив и неговиот партнер (Макс Мингела) ја превземаат истрагата  на  убиства кои грозоморно потсетуваат  на едно страшно минато.Заробен во неописива мистерија ,Езекиел ќе се најде во средиштето на една морбидна игра на суровиот и садистички настроен убиец.

Режисер на филмот е Дарен Флин Боусмен.

MV5BYTEyNDEzNjAtNjIyNy00ZGYxLWJjNDYtNTJhM2JhYjIxYTBmXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyMjM2NDc2. V1 UY209 CR00140209 AL

ОНИЕ КОИ МИ САКААТ СМРТ

Во почетокот на мај во кино салите ширум светот требе да пристине возбудливиот трилер „ Оние кои ми сакаат смрт“ кој е темелен врз истоимениот роман на Мајкл Корејт , во кој главната улога ја толкува оскаровката Анџелина Џоли. Режисер на филмот е Тејлор Шеридан , познат по сценаријата на жанровски филмови како што се , хитот „Сикарио“,„Траги во снегот“ и „Се’ или ништо“.

Филмот ја раскажува приказната за едно малолетно момче кое, откако ќе стане сведок на едно брутално убиство, влегува во системот на заштитен сведок и му е издаден нов лажен идентитет. Убијците кои се одговорни за злосторството на кое тој бил сведок, го ловат него и го убиваат секого кој ќе им се најде на патот во потрагата по него.Единствена шанса за преживување му е пожарникарката која сеуште се опоравува од губитокот на три животи кои не успеала да ги спаси.

Во филмот покрај Анџелина Џоли настапуваат уште и: Николас Хоут, Фин Литл, Аиден Гилен, Медина Сенгхор, Џек Вебер и Џон Бернтал.

MV5BZTliZWZiNTUtZjM5Yi00NTNiLTk0MzMtYjE1MTA2OTRmZDRmXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR10140209 AL copy

УБИСТВОТО НА ДВАЈЦА ЉУБОВНИЦИ

Филмот преставува љубовна драма во режија на Роберт Мачојан и говори за Дејвид кој  очајно се обидува да го задржи заедно своето шестчлено семејство за време на разделбата со својата сопруга. И двајцата се согласуваат да се видат со други лица , но Дејвид се бори да се справи со новата врска на неговата сопруга.

Главните улоги во филмот ги толкуваат :Крис Кој, Клејн Крафорд, Ари Греам и Брус Греам.

MV5BN2ZkM2QxOTYtNzFmZS00NDY0LWE2NTUtYzJhYjE1YWY4ZTA2XkEyXkFqcGdeQXVyNzczNjc5MTY. V1 UY209 CR00140209 AL copy

ЧОВЕКОТ СО ШЕШИР

Еден човек со шешир со својот Фиат 500 патува низ Франција во придружба на една врамена фотографија од непозната жена.Попатно запознава многу луѓе и убавини кои ги нуди руралната Франција во која времето како да застанало. Но, него го гонат петммина лути мажи со „Ситроен Дијана“. Зошто го бркаат и како може да се отараси од нив?

Се работи за еден малечок и забавен филм со многу емоции и многу убава музика. Ако пак очекувате дека во филмот има многу акција и бркотници со автомобили, тоа побарајте го во некој друг филм.Ако пак сакате интересна сага со малку дијалог , тогаш сте го нашле вистинскиот филм.Овој филм во себе содржи и комедија и драма и љубов и интриги.

Режисери на овој англиски филм се Џон – Пол Давидсон и Стивен Варберк.Главната улога во филмот ја толкува англискиот актер Киријан Хиндс познат по сериозни улоги а тука се уште и Стивен Дилејн , Саша Хаилс и Француската актерка Маивен.

MV5BNzk3ZWRiMjMtYWNhZS00N2U0LWI2YTYtMDliMzU5ZWZjZWFmXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ПРОНАОЃАЈЌИ ТЕ

Романтичните љубовни приказни секогаш го наоѓаат патот до публиката од причина што во нив се говори за доживувања низ кои секој поминал во текот на својот живот . Токму една таква приказна именувана како „Пронаоѓајќи те“ од14 .мај ќе започне да се прикажува во кино салите ширум светот.

Филмот ја раскажува приказната за талентираната и амбициозна вилионистка Финли, која се среќава со Бекет, позната филмска ѕвезда, патувајќи кон нејзиниот колеџ во странство , во едно малечко крајбрежно село во Ирска. Меѓу нив се развива неочекувана романса во која срцекршачот Бекет ,вознемирената Финли ја води во авантура за која таа го охрабрува да ја превземе одговорноста за нејзината иднина се’ додека таа авантура не биде спречена од притисокот кој го чуствува младата ѕвезда.Главните улоги во филмот ги толкуваат: Кетрин Мекнамара, Том Еверет Скот, Ванеса Редгрејв и Џудит Хоаг.Режијата ја потпишува Брајан Баг.

MV5BZWVkNTFmNTQtMGRiZC00NjAwLThjYTgtYmI3ZjA2Zjc1MTM1XkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UY209 CR00140209 AL

ЈАВАЧИ НА ПРАВДАТА

Се работи за дански филм кој преставува акциона комедија со драмски елементи. Режисер на филмот е Андрес Томас Јенсен а главната улога во филмот ја толкува познатиот дански актер Мадс Микелсен кој моментно е актуелен со филмот „Уште една тура“ кој пред неколку дена го освои Оскарот во категоријата  Најдобар меѓународен игран филм.Инаку ова е петта соработка помеѓу режисерот Јенсен и актерот Микелсен.

Тој во филмот го игра ликот на војникот Маркус , кој мора да оди дома за да биде со неговата ќерка Метилде која е тинејџер, откако неговата сопруга ќе настрада во железничка несреќа.Се чини како несреќа се’ до моментот кога на неговиот домашен праг не дојде еден човек со двајца негови сопатници  со информации за терористите кои се виновни за нападот.

По ова Маркус заедно со сведоците на овој напад тргнува во поход по членовите на терористичката организација.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 114
Share
Previous Post

Тодорче Тасевски директор на СВП за искуството со короната вели: Не очекував ваква голгота!

Next Post

Денес им е роденден: Ѓорѓи Алчески

Next Post
Денес им е роденден: Ѓорѓи Алчески

Денес им е роденден: Ѓорѓи Алчески

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk