• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во мај (2)

мај 21, 2021
in Филмољубие
Филмски премиери во мај (2)

Овој и следниот петок во кино салите своја премиера имаа и ќе имаат десетина нови филмови во кино салите ширум светот. И покрај напорите  на кино прикажувачите  да се врати публиката во кино салите , сепак тој процес оди потешко отколку што се очекуваше. Дека работите се далеку од нормала говорат и резултатите од посетеноста на кино салите  за време на изминатиот викенд во САД и покрај тоа што имаше премиера на неколку филмови кои , во нормални услови,тие би привлекле многу гледачи. Но, можеби во наредниот период полека работите ќе се променат и публиката конечно ќе се врати во поголем број во кино салите ширум светот.

Овојпат ќе ве запознаеме со десет нови филмови од кои дел започнаа со прикажување вчера а дел од нив во кино салите ќе започнат со прикажување следниот петок.

MV5BOTQ5MmRlYWItZmNiYS00ZmE5LTg4NjAtZjZjZjNjYTRhMDY1XkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL copy

КОЊ ОД СОНИШТАТА

Филмот ја раскажува вистинската приказна за тркачкиот коњ Алијанса на соништата кој е одгледан од страна на шанкерката на еден паб во едно малечко градче во Велс. Со многу малку пари и без искуство , таа ќе ги мотивира своите соседи да учествуваат со парични средсва за од коњот да направат шампион кој повеќекратно ќе им ги врати вложените пари во него.Нивната инвестиција ќе им се исплати, бидејќи коњот незапирливо со својата гордост и одлучност ќе стигне да се натпреварува и за велшкиот гранд национал, покажувајќи ги своите квалитети на вистински шампион.

Режијата на оваа биографска драма ја потпишува Евра Лин а главните улоги во филмот фи толкуваат: Тони колет, Демијан Луис, Син Филипс, Никола Фурел, Питер Дејвисон, Џоана Пејџ, Карл Џонсон, Кетрин Џенкинс…

MV5BN2JlMzc1NmItMTVhNy00YjcwLWJiNjAtYmVlNzNlMGM1MjNiXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR1160140209 AL

ЗОНА 414

Во овој научно фантастичен трилер во режија на Ендру Баирд главните улоги ги толкуваат :Гај Пирс, Тревис Фимел, Нед Денехи, Колин Лосос и други.

Дејствието на филмот е сместено во блиска иднина во една колонија на најсовремени хуманоидни роботи. Кога ќе исчезне ќерката на нивниот творец, тој го ангажира приватниот детектив Дејвид Кармихаел, за да ја пронајде и да ја врати неговата ќерка дома.За таа цел , Дејвид се здружува со Џејн , многу напреден и самосвесен андроид, за да и влезе во трага на исчезнатата ќерка.Движејќи се низ опасната железна џунгла, тие брзо ќе ја откријат мистеријата, откривајќи го притоа  злосторството што ги тера да го доведат во прашање потеклото на зоната 414 и вистинската цел која стои зад „Градот на роботите“.

MV5BYzdlNzYzMjAtMGVjNi00Nzg4LTkzOTUtNTc0NmE2OTg0NDUwXkEyXkFqcGdeQXVyMTE1MzI2NzIz. V1 UY209 CR00140209 AL

ЖЕДНИОТ

За време на пандемијата , трилерот „Жедниот“со Ерик Бана во главната улога доживеа забележителен успех во Австралија заработувајќи 17 милиони австралиски долари што му овозможи да се најде меѓу 15 те најгледани филмови во оваа земја.

Филмот го режира Роберт Конели кој го напиша сценариото заедно со Хари Крипсон.

Филмот преставува адаптација на истоимениот бест селер на Џејн Харпер и преставува мистериозен криминалистички трилер  во кој Бана игра австралиски федерален агент кој се враќа во својот роден град за да истражи едно убиство. Истрагата отвора стари рани и поставува нови прашања за едно старо убиство од пред многу десетлетија кое можеби е поврзано со новиот случај.

Покрај Ерик Бана во филмот настапуваат уште и Женевиев О’Реили, Кеир О’Донел, Џон Полсон, Сем Корлет и Џо Клокек. Филмот во кино салите како и двата предходни започна да се прикажува низ светот од вчера.

MV5BMDhmMWE4MjktMGVlNi00ZWU3LWI3MTktZjk5ODkzY2M2NWFlXkEyXkFqcGdeQXVyNTQwMDA5NTg. V1 UY209 CR20140209 AL

ЛОШИ ПРИКАЗНИ

Дејствието на оваа италијанска трилер драма  која беше и ќе биде дел од годинешното Берлинале се случува во едно предградие на Рим во една станбена населба во едно жешко лето.

Во тој амбиент живее едно семејство кое веќе не припаѓа никаде.Постои мистериозно чувство на нелагодност  што може да експлодира во секој миг. Родителите постојано се фрустрирани затоа што не живеат во некое подобро предградие , а животот кон кој се стремат , оној од средната класа, за нив е недостижен. Но, нивните деца се преставници и вистински протагонисти на ударниот бран кој го придвижува општеството кон колапс.

Филмот е всушност приказна за жени и мажи кои гледаат како нивните надежи и соништа прерано згаснуваат.

Режисери на филмот се браќата Дамијано и Фабио Д’ Иноченцио а главните улоги ги толкуваат . Елио Германо, Томазо Ди Кола, Џулиета Ребеџиани, Габриел Монтези, Џастин Корвник, Лино Мусела и други.

MV5BZDNhOWU5YmQtZWViZi00MjU0LWJhNjgtYzY5NDhhZTM4NWFmXkEyXkFqcGdeQXVyOTg4MDYyNw. V1 UY209 CR30140209 AL

АМЕРИКАНСКИ БОРЕЦ

Филмот преставува еден од многуте кои говорат за борците во рингот поточно боксерите и нивните судбини во и надвор од рингот.

Бидејќи му требаат пари за да ја спаси својата смртно болна мајка, борачот Али кој е на колеџ е принуден да влезе во скриениот свет на подземните борби. Тој има талент , но му недостига вештина и заради тоа честопати завршува со крваво лице. Дјук, проблематичен тренер се сожалува и одлучува да го обучи момчето да биде жесток борец, но прашање е дали е тоа доволно Али да биде победник.

Главните улоги во филмот ги толкуваат:Џорџ Костурос, Томи Фланиган, Шон Патри Фланери, Брајан Крег, Алисон Пејџ, Саломе Азизи и други. Режисер на филмот е Шон Пол Пичинино.

 MV5BOTcwNmM5MWItYmU5Mi00NmFkLWEwNmMtNWUxY2U1NTIzOWIwXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

НОВ ПОРЕДОК

Еден од најинтересните фестивалски филмови во 2020 година од вчера започна дасе прикажува во кино салите во САД но и во неколку други земји на светот. Се работи за мексиканско францускиот филм на режисерот Мишел Франко  „Нов поредок“ кој во изминатата година учествуваше на неколку светски филмски фестивали каде освои 6 награди меѓу кои највредна секако е онаа која ја освои на Венецијанскиот филмски фестивал – Сребрен лав за најдобар филм.

Една раскошна венчавка од високо општество неочекувано се претвора во класна борба што доведува до насилен пуч.

 

MV5BOWI5YTUxOWEtZmRiZS00ZmQxLWE2NzctYTRiODA2NzE1ZjczXkEyXkFqcGdeQXVyMDM2NDM2MQ. V1 UY209 CR00140209 AL

КРУЕЛА

Следниот петок во кино салите ширум светот ќе започне да се прикажува филмот  „Круела“ на компанијата „Волт Дизни“. Главната улога во филмот ја толкува оскаровката Ема Стоун а филмот ја раскажува приказната за бунтовните денови во младоста на една од најомразените филмски ликови:злогласната, модерна , фантастична негативка  – легендарната Круела де Вил.

Дејствието на филмот е сместено во Лондон во 1970 година и истражува како всушност настанала злокобната Круела, една од најстрашните но во истовреме и најдрагите зликовци на Дизни.Со желба да стане славна дизајнерка ,Круела, пристигнува во Лондон. Нејзиното чувство за мода го забележува бароницата Фон Хелман, инаку модна легенда чиј лик го толкува актерката Ема Томпсон, инаку двојна оскаровка.Нивната врска покренува низа случувања и откритија  кои ќе наведат Круела да ја искаже својата лоша страна и да стане злобна и осветољубива модистка.

Освен двете споменати актерки во филмот настапуваат уште и : Џоел Фрај, Пол Волтер Хаусер, Емили Бекам, Кирби Ховел –Баптист и Марк Стронг.Филмот како режисер го потпишува Крег Гилепси.

MV5BMTE2ODU4NDEtNmRjNS00OTk1LTg4NmMtNTAzYzVlNzJmYjgzXkEyXkFqcGdeQXVyODk4OTc3MTY. V1 UY209 CR00140209 AL

ТИВКО МЕСТО 2

Љубителите на хорор филмовите од следниот петок ќе можат да уживаат во хорор трилерот „Тивко место 2“ кој преставува продолжение на истоимениот филм од пред три години.

Следејќи ги настаните дома, семејството Абот сега се соочува со ужасите на надворешниот свет. Принудени да се впуштат во непознатото, тие сфаќаат дека суштествата што ги ловат по звук не се единствените закани што демнат над песочната патека.

Настапува истата актерска екипа во состав:Емики Блант, Милисент Симондс, Килиан Марфи ,Ѓимон Хоунсу… Режијата повторно е на Џон Карасински.

MV5BNWZmYTZjYzAtYWZjNS00NjgyLWE2MjYtZjZmNTUwMTZmODNjXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ЗАГРОЗЕНИ ВИДОВИ

Филмот преставува акциона авантура во кој се следи авантурата за преживување на едно богато американско семејствокое патува низ огромната африканска пустина во Кенија, надевајќи се дека ќе помине одмор од соништата исполнет со возбуда и шанса да ги поправи растечките расправии во семејството.Но, кога нивното сафари возило ќе биде нападнато од еден носорог кој го штити свотето младуче, семејството останува осамено и  одалечено со километри од помошта на други луѓе. Така, нивниот одмор од соништата ќе се пртвори во борба за опстанок во светот каде што тие се наоѓаат на дното од синџирот на исхрана.

Режисер на филмот е ЕмЏи Басет а главните улоги во филмот ги толкуваат: Ребека Ромињ, Филип Винчестер, Џеро О’Конел, Изабел Басет и Крис Фишер.

MV5BZmU3YzVkNWMtZTg0Ni00Yjk3LWFhMjgtMDc3ODIxYTNlNGM2XkEyXkFqcGdeQXVyMTEyNDk3MjY3. V1 UY209 CR00140209 AL

АМЕРИКАНСКИ ПРЕДАВНИК : СУДЕЊЕТО НА АКСИС САЛИ

Американката Милдред Гиларс за веме на Втората светска војна го пропагирала нацизмот. Американците ја нарекле Аксис Сали и во истовреме и ја сакале но и ја мразеле.Приказната говори за мрачното минато на пропагандната машина исполнета со омраза кон Третиот рајх. Во филмот се говори за апсењето на Сали и нејзиното судење. Улогата на нејзиниот адвокат ја толкува актерот Ал Пачино кому ова му е прва улога по неговиот настап во филмот „Ирецот“. Во филмот настапуваат уште и Медоу Вилиамс, Мич Пилеџи, Томас Кречман и Џаспер Полски . Режисер на филмот е Мајкл Полски.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 107
Share
Previous Post

Короната стивнува, само 46 новозболени

Next Post

Денес им е роденден: Павел Целкоски

Next Post
Денес им е роденден: Павел Целкоски

Денес им е роденден: Павел Целкоски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 107

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk