Месец март нуди богата филмска понуда од премиерни филмови за сите вкусови и за сите генерации. Се чини дека љубителите на филмот имаат навистина што да изберат. Застапени се такаречи сите жанрови:драма, авантура, научна фантастика, хорор,комедија, трилер…
Еве дел од понудата од првата половина на овој месец:
УРАГАНОТ ХАЈСТ
Филмовите за природните катастрофи и непогоди одсекогаш побудувале големо внимание кај публиката. Некои од овие филмови станале дури и вистински блокбастери, како на пример „ Твистер“ од 1996 година на режисерот Јан де Бонд кој заработи околу половина милион долари , или да речеме филмовите: „ Вулкан“ , „Пеколот на Данте“, „ Совршена бура“, „ Длабок удар„ и многу други во кој настапиле најпознати филмски ѕвезди.
А токму од вчера во кино салите низ светот започна да се прикажува акциониот трилер
„ Ураганот Хајст“ на познатиот режисер Роб Коен познат по многу акциони филмови.
Во филмот бурата е во втор план од дејствието на овој филм во кој настапуваат : Меги Грејс, Тоби Кебел, Рајан Квантен, Мелиса Болона …
Група на криминалци го користи смртоносниот ураган од пеета категорија како покритие за да го ограбат Националниот трезор на САД. За да го изведат грабежот потребна им е шифрата која ја знае една од вработените во Националниот трезор, а нејзин сојузник е искусниот метеоролог чиј брат го киднапирале криминалците…
ЏОЗИ
Филмот „ Џози„ преставува драма со елементи на трилер во режија на Ерик Гатланд во кој главните улоги ги толкуваат: Софи Тарнер, Дилан мек Дермонт, Дег Ферч,Џек Килмер и Робин Барлет.
Во малечкото градче Ханствил секој секого знае. Кога слаткоречивата и истетовирана Џози ќе се појави во градчето во друштво со долгокосото момче Гатор и осаменикот Хенк,тие брзо стануваат главна тема на локалните озборувања.
Нејзините вистински намери поради кои таа пристигнала во таа затворена друштвена заедница стануваат се посурови откако на површината ќе започнат да излегуваат мрачните тајни од минатото.
Филмот премиерата ќе ја има следниот петок на 16 март во кино салите ширум светот.
СТРАНЦИ:НОЌЕН ПЛЕН
Од вчера во кино салите љубителите на хоророт имаат можност да го видат филмот „Странци: Ноќен плен“ во режија на Јоханес Робертс.
Едно семејно патување ќе доживее опасен пресврт кога ќе пристигне во еден изолиран мобилен парк за да останат со своите роднини и да откријат дека паркот е напуштен .
Во темнината , тројца маскирани психопати ги посетуваат новодојденците за да ја проверат нивната граница на издржливост додека тие се борат да преживеат.Што би рекле: Кој ќе преживее ќе раскажува…
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Кристина Хендрикс, Бејли Медисон, Мартин Хендерсон и други.
ГРИНГО
„Гринго“ преставува акциона комедија со драмски елементи која како режисер ја потпишува Неш Едгертон.
Во оваа возбудлива мешавина од црна комедија, акција и драматична интрига, Гринго патува кон Мексико, каде што малку воспитаниот бизнисмен Харолд Соинка (Дејвид Ојелово) се наоѓа во милоста и немилоста на неговите подмолни колеги, локални дилери на дрога и морално конфликтни платеници. Преминувајќи ја линијата од граѓанин кој го почитува законот, Харолд се бори да опстане во опасната ситуација во која се наоѓа, при што се поставува прашњето: Дали е надвор од опасност или е два чекора напред?
Гринго е всушност неодамна оженет пристоен бизнисмен кој има удел во една фармацевтска компанија која се подготвува да излезе на берзата.Но неговиот живот ќе се претвори во пекол по инцидентот кој ќе му се случи во Мексико.
Во филмот покрај Дејвид Ојелово настапуваат уште и Чарлиз Терон, Џоел Едгертон, Аманда Сејфилд, Тенди Њутон , Мелони Дијаз, Неш Едгертон и други.
НАБОР НА ВРЕМЕТО
Авантурустичката семејна научно фантастична авантура насловена како „ Набор на времето“ преставува дебитантско режисерско остварување на 45 годишната Ава Деверно која досега има реализирано десетина документарни и кусометражни филмови.Во нејзиниот дебитантски филм ,кој имал буџет од 103 милиони долари , настапуваат Сторм Рид, Риз Витерспун, Опра Винфри, Минди Калинг…
По откривањето на новата форма на патување низ вселената како и исчезнувањето на нејзиниот татко, Мег заедно со нејзиниот брат и нејзиниот пријател се приклучуваат на три магични суштества – г-ѓа Што е, г-ѓа Кој и г-ѓа кои патуваат низ универзумот и имаат за цел да го спасат од ужасно зло.
Филмот пред судот на гледачите излезе вчера.
7ДЕНА ВО ЕНТЕБЕ
Својата светска премиера на штотуку завршениот 68. Берлински филмски фестивал ја имаа повеќе интересни филмски остварувања. Меѓу нив беше и филмот „ 7 дена во Ентебе“ кој во кино салите во САД ќе се најде од следниот петок.
Во јули 1976 година, авион на Ер Франс од Тел Авив до Париз преку Атина бил киднапиран и принуден да слета во Ентебе, Уганда. Еврејските патници биле одвоени и биле заложници на барањето за ослободување на многу терористи од затвор во Израел. По многу неуспешни преговори, израелската влада испратила единица составена од елитни командоси за да го нападне аеродромот и да ги ослободат заложниците.
Во филмот главните улоги ги толкуваат: Розамунд Пајк,Даниел Брул, Еди Марсан , Бен Шнетцер … Режисер на филмот е Хозе Падиљо.
За вој вистински настан досега се снимени неколку филмови од кои најпознат секако е оној од 1976 година во режија на Ирвин Кешнер . Во филмот „ Патот за Ентебе„ настапува мошне позната група на актери предводени од Питер Финч а тука беа и Чарлс Бронсон, Јапет Кото, Мартин Балсам, Хорст Бухолц, Џон Саксон, Роберт Лоџија и многу други.
ТОМБ РАЈДЕР
Сигурно се сеќавате на големиот успех што го доживеа авантуристичкиот филм „ Лара Крофт:Томб Рајдер“ од 2001 година на режисерор Сајмон Вест , во кој главната улога ја толкуваше Анџелина Џоли.По големиот успех филмот доживеа и продолжение со истата актерка но со друг режисер,две години подоцна во 2003 година.
И, еве по цели 15 години , мошне успешниот норвешки режисер Роар Утауг реализира нова приказна која се базира врз истоимената видео игра од 2013 година .Со тоа на некој начин се прави обид да се рестарира филмската серија за Томб Рајдер.
Филмот раскажува за првата експедиција на Лара Крофт, во која таа ќе го заврши истражувањето на нејзиниот татко и ќе ги открие античките тајни способни за расчистување на нејзиното име. Ликот на Лара Крофт овојпат го толкува актерката Алисија Викандер.Во останатите улоги настапуваат: Доминик Вест, Волтон Гоггинс, Даниел Ву, Ник Фрост и Кристин Скот Томас.
Филмот е сниман во студијата во Велика Британија и на локации во Кејп Таун, Јужна Африка.
Колку оваа нова приказна и нова Лара Крофт ќе биде интересна за гледачите ќе видиме следниот петок на 16. Март, кога филмот ќе започне да се прикажува во кино салите ширум светот.
КРАЈОТ НА ПАТУВАЊЕТО
„Крајот на патувањето“ на режисерот Сол Диб преставува британска драма за Втората светска војна. Дејствието се случува во подрачјето на департманот Ена во Франција , кој понекогаш се нарекува „Втора битка за Ена“во 1918 година. Тоа е приказна за група британски офицери, предводена од ментално дезинтегрираниот млад офицер Стенхопе, кои ја чекаат својата судбина.
Во филмот настапуваат: Пол Бетани, Сем Клафин, Стефен Грахам, Тоби Џонс и многу други.
Овој британски филм својата светска премиера ја имаше изминатата година на филмскиот фестивал во Торонто а во британија во февруари оваа година. Од следниот петок филмот ќе започне да се прикажува во ограничен број на кино сали и во САД.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк