Филмските премиери во кино салите обично се одржуваат во петок кога започнува викендот и кога посетеноста во кино салите е многу поголема отколку во работните денови во текот на неделата.
Оваа година месец март имаше пет петоци а со тоа и можност да се презентираат поголем број на филмови во овој месец кога зимата и пролетта си подаваат рака. Овојпат , во второто продолжение направивме избор од неколку нови филмови кои пред публиката излегоа вчера а некои од нив ќе излезат следниот петок. И овојпат понудата е мошне разновидна и за сите вкусови. Меѓу нив се наоѓаат и неколку филмови кои беа премиерно прикажани на филмскиот фестивал во Берлин а сега ќе излезат и пред судот на пошироката публика.
ПАЦИФИК РИМ:ПОБУНА
Во 2013 година режисерот Гиљермо Дел Торо , кој оваа година се закити со Оскар за најдобар режисер, ги сними филмот „ Пацифик Рим“ кој имаше буџет од 190 милиони долари.Филмот во светски рамки заработи вкупно 411 милиони долари.Уште тогаш беше најавено дека филмот ќе има продолжение кое пред гледачите треба да излезе во 2018 година.И еве , според ветеното , вчера во американските кино сали започна да се прикажува неговото продолжение именуванио како:„ Пацифик Рим: Побуна“ . Овој пат, наместо Гиљермо Дел Торо како режисер се потпишува Сивен С. Де Најт.
И актерската екипа која настапува во продолжението е различна од онаа во филмот од пред пет години. Така, во овој филм главните улоги ги толкуваат:Џон Бојега. Скот Иствуд, Џинг Тианг, Кејли Спени, Барн Горман, Чарли Деј, Ринко Кикучи…
Џон Бојега ( Војна на ѕвездите: Будењето на силата) го игра бунтовникот Џејк Пентекост, некогашен надежен пилот на Џегер, чил легендарен татко го дал својот живот за да ја обезбеди победата на човештвото против монструозните „Каиџуи“. Џејк тогаш ја напушта обуката и се вплеткува во криминалното подземје. Но кога уште понезапирлива опасност се заканува да ги уништи нашите градови и да го доведе светот на колена, добива уште една шанса да го следи наследството на татко му заедно со својата отуѓена сестра, Мако Мори ( Ринко Кикучи), која предводи храбра нова генерација пилоти која пораснала во сенката на војната. Додека бараат правда за паднатите, единствена надеж им е да се обединат во глобалната побуна против силите на истребувањето. Џејк е здружен со надарениот пилот Ламберт (Скот Иствуд од Брзи и бесни 8) и 15-годишната хакерка Амара ( Кејли Спејни), откако хероите на Пацифичките Одбранбени сили му станаа единственото семејство што го има.Станувајќи најголема одбранбена сила што некогаш одела по Земјата,ќе започнат авантура од невидени размери.
ОСТРОВ НА КУЧИЊАТА
Кога беше објавено дека 68. Филмски фестивал во Берлин ќе биде отворен за првпат во неговата историја со анимиран филм, за многумина тоа преставуваше изненадување. Но, кога се дозна дека зад овој проект стои познатиот американски режисер Вес Андерсон, на многумина им стана јасно дека одлуката на директорот на фестивалот Дитер Кослик да го избере овој филм за почеток на фестивалот, воопшто не е случајна. Потврдата за исправноста на оваа одлука дојде на самиот крај кога режисерот Вес Андерсон ја онесе наградата Сребрена мечка за најдобар режисер.
Филмот „ Остров на кучињата “ преставува една крајно инвентивно анимирано остварување во кое тој ги споил сите убавини на компјутерската стоп моушн анимација и куклените филмови со познатата јапонска анимација.
Дејствието на филмот се случува во блиската иднина во Јапонија во измислениот мегалополис Мегасаки каде градоначалник е политичарот Кобајаши кој од дното на душата ги мрази кучињата. Заради тоа неговите луѓе кришум градот ќе го заразат со кучешка грозница која се проширува и на луѓето.Кога епидемијата ќе земе замав, во градот ќе се создаде нетолерантност кон виновниците односно кучињата.Градоначалникот Кобајаши им ветува на своите бирачи дека сите кучиња од градот ќе бидат однесени на едно острово кое воедно е и градска депонија.
Три години подоцна , на островот веќе живеат стотина кучиња. Тие се болни, гнасни и изгладнети, тие се глодаат меѓу себе за да преживеат.
Но еден ден на островот доаѓа едно 12 годишно дете кое избегало од градот за да го пронајде своето куче…
Дизајнерски филмот е направен во ретро стил кој асоцира на златното доба на јапонската индустриска доминација од 70 тите.Освен тоа филмот на Андерсон ефектно го преставува загадениот , деградиран индустриски пејзаж, преполн со депонии, површински копови, пропаднати фабрики…
Во синхронизацијата на гласовите на главните јунаци учествувале голем број на холивудски актери од кои многимина од нив досега неколкуптаи соработувале со Андерсон. Брајан Кренстон,Лив Шрајбер, Бил Мареј, Џеф Голдблум, Боб Балабан, Тилда Свинтон, Грета Гервиг , Скарлет Јохансон…се дел од нив заедно со неколку јапонски актери.
Како ќе биде примен филмот од пошироката публика по премиерното прикажување вчера во американските кино сали, ќе дознаеме веќе во понеделник одкако ќе бидат објавени резултатите од заработката по првиот викенд.
НУСПОЈАВИ
И филмот „ Нуспојави“ беше дел од програмата на 68. Брлинале. Се работи за хорор трилер во режија на Стивен Содерберг , кој истотака како Вес Андерсон е чест гостин на фестивалот во Берлин.Во филмот Содерберг говори на својствен начин за дупките во американската психијатриска легислатива.Имено, во САД болницата има право со сила да го задржи пациентот 7 дена на психијатрија ако процени дека тој е опасен за себе или за другите. Но, тој параграф понекогаш се злоупотребува за здраствените осигурителни компании да им се напумпа сметката за здраствената услуга.
Во филмот жртва на таа досетка е младата Сојер Валентини која како службеничка во банка , болницата ќе ја задржи кога таа ќе отиде на психијатар заради аксиозност.На одделенето , меѓутоа, таа ќе доживее грдо изненадување:Меѓу болничарите ќе го препознае човекот кој ја прогонувал и се врткал околу неа а заради кого побегнала од Бостон на запад.
На прв поглед се чини дека главната хероина е параноична и дека докторите и не се така виновни што ја задржале во болницата, за потоа да се испостави дека работите и не се така едноставнии дека има уште еден слој или уште еден дел од приказната.
Главните улоги во филмот , кој од вчера започна да се прикажува во кино салите, ги толкуваат:Клер Фој,Џошуа Леонард, Сара Стајлс, Еми Ирвинг, Колин Вудел…
ШЕРЛОК ГНОМС
За најмладите љубители на филмот од вчера во кино салите започна да се прикажува компјутерски анимираниот филм „ Шерлок Гномс“ .Режисер на филмот е Џон Стивенсон а гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат: Кели Асбери, Мереи Блајџ, Емили Блант, Џулио Бонет, Мајкл Кејн и Џони Деп.
Градинарските џуџиња, Гномео и Јулија, го ангажираат детективот Шерлок Гномс за да го открие исчезнувањето на останатите градинарски џуџиња.
ПАВЛЕ , АПОСТОЛОТ НА ХРИСТОС
Филмот „ Павле, Апостолот на Христос“ е приказна за двајца мажи. Лука, како пријател и лекар, го ризикува својот живот кога влегува во Рим за да го посети Павле, кој се наоѓа во заробеништво во најмрачната затворска ќелија на Нерон. Но, Нерон е решен да го ослободи Рим од христијаните и не се плаши од извршување на тоа на најжестоки начини. Пред да се донесе смртната казна врз Павле, Лука решава да напише друга книга, во која ги опишува почетоците на “Патот” и раѓањето на она што ќе биде познато како црква. Врзан со синџири, борбата на Павле е внатрешна. Тој преживеал толку многу камшикувања, бродолом, каменување, глад и жед, студ и изложеност – но додека ја чека средбата со смртта, тој е прогонуван од сенките на неговите минати злодела. Сам во мракот, се прашува дали е заборавен. . . и ако има сила да заврши добро. Двајца мажи се борат против царот и слабостите на човечкиот дух, со цел да го живеат Евангелието на Исус …
Режисер на филмот е Ендрју Хајат а главните улоги ги толкуваат:Џејмс Фокнер во ликот на Павле и Џим Кавизел во ликот на Лука. Да се потсетиме дека Кавизел во 2004 година го играше ликот на Исус во филмот на Мел Гибсон „ Страдањето на Исус“.
ИГРАЧ БРОЈ ЕДЕН
Еден од најпродуктивните филмаџии секако е Стивен Спилберг , кој такаречи оди од филм во филм. Ако кон тоа се додадат и неговите активности како продуцент тогаш неговиот ангажман е уште поголем.Неговиот последен филм „ Пост“ од почетокот на оваа година започна да се прикажува во кино салите ширум светот а имаше и две номинации за наградата Оскар , во категориите најдобар филм и најдобра актерка (Мерил Стрип). Овие денови Спилберг повторно беше актуелен откако во Лондон и Рим му беа доделени почесните награди „Емпаер“ и „ Давид Ди Донатело“. Во Лондон при примањето на наградата „ Емпаер“ тој го најави својот следен проект – петтото продолжение на авантурите на Индијана Џонс кое ќе започне со реализација следниот април во Лондон.
Но тоа не е се , што се однесува до неговите активности. Имено, веќе следниот петок во кино салите ширум светот ќе започне да се прикажува неговиот најнов филм ,научно фантастичниот акционен филм „Играч број еден“.
Во 2045 година, голем дел од населените центри на Земјата стануваат градби слични на сиромашните поради пренаселеноста, загадувањето, корупцијата и климатските промени. За да се избегне нивната пустелија, луѓето се вклучени во светот на виртуелната реалност на ОАСИС, каде што можат да се вклучат во бројни активности за работа, образование и забава.
Филмот го следи младиот бунтовник Вејд Вотс. За да избегне од секојдневните проблеми, Вотс се приклучува во ММО игра наречена “Оаза”. Кога богатиот основач на играта умира, тој им го нуди своето богатство на своите играчи како награда во пронаоѓање на велигденски јајца во рамките на „Оазата“. Вотс се впушта во акција, и пет години подоцна се соочува против корпоративните непријатели кои се подготвени на било што за да ги добијат парите – и во реалниот свет и во „Оазата“.
Филмот се очекува да биде голем филмски хит особено кај помладата публика која веќе наголемо живее во виртуелниот свет.
Спилберг отсекогаш покажувал слабост кон овој филмски жанр. Само да се посетиме на прекрасните филмови „ Блиски средби од трет вид“ од 1977, култниот „ И Ти“ од 1982 или „А. И. Вештачка интелегенција “ од 2001 година.
Сценариото за филмот е дело на Зак Пен и Ернест Клајн, а е напишано врз основа на истоимениот роман на Клајн од 2011 година. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Тај Шеридан, Оливија Кук, Бен Менделсон, Т. Џ. Милер, Симон Пег и Марк Риланс.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк