Во вториот дел од информациарта која говори за новите филмови кои ќе се најдат на репертоарот во киносалите до крајот на овој месец , ќе ве запознаеме со десетина нови филмови од такаречи од сите жанрови.
ОПСАДНА СОСТОЈБА
Филмот преставува трилер со елементи на фантастика и е во режија на Руперт Вајат за кој сценариото го напишал заедно со Ерик Бени.
Дејствието на филмот се случува во предградието на Чикаго десет години откако вонземјаните ја освоиле и окупирале вонземјани.Наместо вообичаената приказна која е раскажана од перспективата на луѓето, овој филм ја раскажува инвазијата на вонземјаните од перспективата на двете завојувани страни, човечките колаборационисти од едната и дисидентите од другата страна.Човечкото општество во оваа приказна живее во време каде нема злосторства, сиромаштија и каде вработеноста е најголема во историјата на човештвото, но сето тоа е само привидно бидејќи луѓето всушност се робови.
Актерската екипа ја предводи Џон Гудмен а тука се уште и Ештон Сандерс, Џонатан, Мејџорс, Вера Фармига, Џејмс Рансон, Кевин дун и други.
ПАРКОТ НА ВОЛШЕБСТВА
Џош Апелбаум,Андре Немец и Роберт Гордон се автори на анимираната хумористична авантура насловена како „Паркот на волшебства“.Гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат:Софија Мали, Џенифер Гарнер, Кенан Томпсон, Мила Кунис, Џон Оливер и други.
Филмот преставува возбудлива приказна за осумгодишното девојче Џун,која со помош на бујната фантазија прави спектакуларен забавен парк. Притоа таа ќе открие дека тој всушност постои во вистинскиот живот. Но кога нејзиниот омилен парк ќе започне да пропаѓа , ќе се испостави дека само таа може да го спаси, со својот фантастичен начин на фантазирање и со посебните пријатели.Замислете, единствен забавен парк, место на кое посетителите уживаат во возењето со кое и’ пркосат на гравитацијата, каде живеат интересни и шарени ликови и каде што има неповторливи атракции. Сето тоа ќе го најдете само во паркот на волшебствата…
МУСТАНГ
„Мустанг“ ја раскажува приказната за Роман Колман, насилен осуденик, на кој му е дадена шанса да учествува во програма за рехабилитација, која вклучува обука на диви мустанзи.
Режисер на оваа драма е дебитантот Лори Де Клемон-Тонер кој филмот го направил врз основа на кусометражниот филм „ Зајак“ . Главните улоги им се доверени на Матијас Шонаертс , Џејсон Мичел , Брус Дерн и Гидеон Адлон
ПОСЛЕДИЦИ
Дејствието на филмот се случува во поствоена Германија во 1946 година, Рахаел Морган (Кира Најтли) пристигнува во урнатините на Хамбург во жестока зима, за да биде повторно заедно со нејзиниот сопруг Луис (Џејсон Кларк), британски полковник задолжен за обнова на разурнатиот град. Но, додека се упатиле кон својот нов дом, Рахаел е изненадена од откритието дека Луис направил неочекувана одлука: ќе ја делат големата куќа со своите претходни сопственици, германски вдовец(Александар Скарсгард) и неговата проблематична ќерка. Во оваа наелектризирана атмосфера, непријателството и жалоста ќе отстапат пред страста и предавството.
Режисер на филмот е Џејмс Кент.
ПРОЕКТОТ КОЛИБРИ
Во овој модерен еп, режисерот Ким Нгуен ја изложува безмилосната војна во нашиот сè позастапен дигитален свет. Роднините од Њујорк, Винсент (Ајзенберг) и Антон (Скарсгард) се играчи во натпреварот за високи фреквенции, каде победата се мери во милисекунди. Кој е нивниот сон? Да се постави фибер-оптички кабел директно помеѓу Канзас и Њу Џерси, што ги прави милионери. Но, ништо не е едноставно за оваа недостапна двојка. Антон е мозокот, Винсент е извршителот, и заедно тие меѓусебно ги притискаат и сите околу нив за да ја скршат точката на нивната нереална авантура. Постојано дишење во вратот од нивниот стар шеф Ева Торес (Хајек) моќен, опојувачки и манипулативен трговец кој нема да застане на ништо за да дојде меѓу нив и да ги победи во сопствената игра. Без оглед на цената, Винсент и Антон се решени да ја премостат Америка.
ЈАРДИ
Дејствието на филмот се случува во во 70-тите години од минатиот век, и се фокусира на животот на еден млад Јамајканец, наречен Д (Амл Амин), кој никогаш целосно не се опоравил од убиството, извршено за време на неговото детство, од неговиот постар брат Џери Дред (Евералдо Криари ). Д расте под закрила на Кингстон Дон и музичкиот продуцент по име Кинг Фокс (Шелдон Шепард). Фокс го испраќа во Лондон, каде што повторно се поврзува со неговата љубовница од детството, Ивон (Шантол Џексон), и неговата ќерка која тој не ја видел откако била бебе. Тој, исто така, се поврзува со екипа за звук, наречена Високо пладне. Но, пред да може да биде убеден да се откаже од својот живот на криминал и да го следи “праведниот пат”, тој се соочува со човекот што го убил својот брат пред 10 години …
Режисер на филмот е познатиот актер Идриз Елба .
НАС
Со цел да се извлечат од нивниот презафатен живот, семејството Вилсон зема одмор во Санта Круз, Калифорнија, со план да другаруваат со своите пријатели, семејството Тајлер. Но еден ден на плажа, нивниот млад син Џејсон ќе заскита, предизвикувајќи ја неговата мајка Аделаида да го заштити нејзиното семејство. Една ноќ, четири мистериозни луѓе се пробиваат во нивниот дом во Аделаида, каде што престојуваат. Семејството е шокирано од сознанието дека натрапниците изгледаат и зборуваат како нив, само со што се гротескни појави.
Режисер на овој несекојдневен хорор филм е се’ поангажираниот автор Јордан Пеле а главните улоги ги толкуваат Лупита Нионго, Елизабет Мое, Ана Диоп, Винстон Дјук, Кара Хејворд и други.
ХОТЕЛ МУМБАИ
Храбра и вистинска приказна за човештвото и херојство, филмот ХОТЕЛ МУМБАИ сликовито ја раскажува опсадата на познатиот хотел Таџ од страна на група терористи во Мумбаи, Индија, во 2008 година. Меѓу посветениот хотелски персонал е познатиот готвач Хемант Оберои и келнрот Оскар ,кои избираат да ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат своите гости. Една очајната двојка е принудена да направи незамисливи жртви за да го заштити новороденото дете.
Режисер на оваа вистинска драма со елементи на трилер е Ентони Марас а главните улоги ги толкуваат: Дев Пател, Арми Хамер, Назнин Бониади, Маној Мехра, Динеш Кумар и други.
ДАМБО
Во последните неколку години компанијата Волт Дизни своите анимирани класици започна да ги снима наново но како играни филмови со живи актери. Тој тренд им донесе голема заработка која само ги потврди нивните планови. Кон крајот на овој месец во кино салите ширум светот ќе се појави уште еден ваков филм од нивната продукција.Се работи за филмот „ Дамбо“ чиј оригинал потекнува од далчечната 1941 година.
Сопственикот на циркусот Макс Медичи ја вработува некогашната ѕвезда во циркусот Хол Фариер и неговите деца за да се грижат за Дамбо, новороден слон чии преголеми уши го прават смешен во циркуската трупа. Но, кога децата на Холт откриваат дека Дамбо може да лета, претприемачот ВА Вандевере и воздушната акробатка Колета Марант одлучуваат од него да направат вистинска циркуска ѕвезда.
Режисер на филмот е познатиот Тим Бартон кој се прослави со еден ваков сличен проект( „ Алиса во земјата на чудата“) а главните улоги ги толкуваат: Ева Грин, Колин Фарел, Мајкл Китон, Луси Девито, Дени Девито, Алан Аркин, Сенди Мартин и многу други
Останува да видиме дали оваа играна верзија ќе го повтори успехот на оригиналот од 1941 година.
НЕПЛАНИРАНО
Како еден од најмладите планери за планираното родителство во земјата, Еби Џонсон беше вмешана во повеќе од 22.000 абортуси и советуваше безброј жени за нивните репродуктивни избори. Нејзината страст околу правото на жената да избере, ја натера да стане портпарол за планираното родителство, и да се бори да донесе закони за причината за која толку длабоко верувала.
Режисерри на филмот се: Чак Конзелман | Кери Соломон а главните улоги ги толкуваат:Ешли Брачер, Брукс Рајан, Робија Скот и Џаред Лотц.
Пишува: Ѓоко Симјаноски