И во второто продолжение донесуваме приказ на неколку филмови кои својата премиера ќе ја имаат во овој месец.Меѓу нив има неколу кои се фаворити на кино блага.
(НЕ)ПРОФЕСИОНАЛЕЦ
Познатиот британски комичар Саша Барон Коен во секој свој нов филм нуди нов лик. Го паметиме како актер кој ни ги донесе Борат и Али Џи а во својот најнов филм „(Не)професионалец“ тој го игра ликот на Ноби.
Шпионот Себастијан Бачер од МИ-6 (Марк Стронг) има брат. За жал, тој е англиски хулигански фудбалер од градот Гримзби. Ноби Бачер има сѐ што еден маж од сиромашен англиски град би посакал – 9 деца и најатрактивната жена во северна Англија (Ребел Вилсон). Но, има една работа што му недостасува во неговиот живот: неговиот помал брат Себастијан. Од кога биле посвоени од различни семејства како деца, Ноби поминал 28 години барајќи го својот брат. Штом слушнал за неговата локација, Ноби тргнува да се обедини со неговиот брат, не знаејќи дека не само што неговиот брат е шпион на МИ-6 туку и дека открил завера која ќе го стави целиот свет во опасност. Бегајќи, неправедно осудениот Себастијан ќе сфати дека ако тргне да го спасува светот, ќе му биде потребна помош од неговиот брат.
Режисер на филмот е Луис Летерие а покрај веќе споменатите актери во филмот настапуваат уште и Исла Фишер, Пенелопе Круз, Анабел Воли, Скот Еткинс, Иан Мекшин и други.
Филмот, овие денови започна да се прикажува во повеќе европски земји а во американските кино сали започна да се прикажува од вчера.Инаку филмот својата премиера ја имаше во Лондон пред неколу дена, каде Коен се појави облечен во сини гаќи со што го привлекол вниманието на присутната публика.
„ЗДРАВО, МОЕТО ИМЕ Е ДОРИС“
Актерката Сели Филд во осумдесетите години од изминатиот век беше една од најангажираните актерки. Токму во тој период ги освои и двата Оскари за главна улога во 1980 и 1985 година. Во новиот милениум нејзината филмска кариера како да подзастана . Настапи во неколку телевизиски серии и во неколку епизодни филмски улоги како оние во филмскиот серијал за Неверојатниот Спајдер мен. Конечно, изминатата година режисерот Мајкл Шоволтер оскаровката ја ангажира за комедијата „ Здраво, моето име е Дорис“ во која таа го игра ликот на една жена во шеесеттите години, која има романтична врска со еден помлад соработник. Секако ваквата врска предизвикува различни реакции кај оние кои секојдневно контактираат со нив.
Во филмот покрај Сели Филд настапуваат уште и Макс Гринфилд,Бет Берс, Стивен Рот, Елизабет Рејзер и други.
ЧУДА ОД РАЈОТ
Филмот „Чуда од рајот“ преставува драма во режија на Патрициа Риген во која
главните улоги ги толкуваат Џенифер Гарнер, Мартин Хендерсон, Брајтон Шарбино, Квин Латифа, Кајли Роџерс и други.
Филмот е снимен врз основа на неверојатна вистинска приказна за семејството Беам од Тексас која се случила во 2011 година .Кога Кристи (Џенифер Гарнер)ќе открие дека нејзината 10-годишната ќерка Ана (Кајли Роџерс) има ретка, неизлечива болест, таа станува жесток поборник за лекување на својата ќерка барајќи начин како да ја излечи.
Девојчето страда од ретко дигестивно нарушување и не во можност да јаде. Таа исклучиво се храни преку специјални цевки за исхрана. Еден ден таа ќе се соочи со смртта одкако ќе падне од едно дрво по што ќе се излечи од болеста на чудесен начин во детската болница во Бостон.
ПРОГРАМА
Англискиот филм „ Програма“ на познатиот режисер Стивен Фрирс ,говори за еден ирски спортски новинар кој е убеден дека перфомансите на велосипедистот Ленс Армстронг за време на неговите победи на Тур де Франс , се поттикнати од забранети супстанци.
Филмот е базиран врз книгата „Седумте смртни гревови“од Дејвид Волш. Тој беше премиерно прикажан во 2015 на Меѓународниот филмски фестивал во Торонтона на 14 септември 2015 година. Во кино салите во франција започна да се прикажува во септември а во Велика Британија во октомври 2015 година.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Бен Фостер во улогата на Армстронг и Крис О’ Дов во улогата на новинарот Дејвид Волш.Во останатите улоги настапуваат уште и Гулаум Кане,Џеси Племонс , Дасин Хофман и други.
БЕТМЕН ПРОТИВ СУПЕРМЕН: ЗОРА НА ПРАВДАТА
„ Бетмен против Супермен:зората на правдата“е филм кој долго време се очекуваше и најавуваше од страна на компанијата Ворнер Брос.Филмот е во режија на Зак Шнајдер а во него на спротивставени страни ќе се најдат најпознатите супер херои Бетмен и Супермен.
Во филмот настапуваат : Бен Афлек како Брус Вејн / Бетмен, Хенри Кавил како Кларк Кент/Супермен, Ејми Адамс како репортерката Луис Лејн,Џеси Ајсенберг како младиот бизнисмен Лекс Лутор,Дајан Лејн како Марта Кент,Лоренс Фишбурн како Пери Вајт, Џереми Ајронс како батлерот Алфред Пениворт, Холи Хантер како сенаторката Финч,Гел Гедот како Дајан Принц…
Во филмот настапуваат и повеќе споредни актери меѓу кои треба да се споменат:Тао Окамото, Реј Фишер ,Џејсо Момо и Езра Милер.
Плашејќи се од непроверените акции на Супермен, Бетмен му се спротивставува,
додека светот се прашува каков херој му е навистина потребен. Додека Бетмен и Супермен се борат меѓусебно, се појавува нова закана Думсдеј кој е креиран од страна на Лекс Лутор. Сѐ е во рацете на Бетмен и Супермен за да ги тргнат на страна нивните различности за ди спречат Лутор и Думсдеј од уништување на Метрополис.
Филмот со своето дејствие се надоврзува на делото на Зак Шнајдер „ Човекот од челик“ од 2013 година инаку последниот филм од новиот серијал за Супермен.
МОЈАТА ГОЛЕМА ГРЧКА СВАДБА 2
По големиот успех што го доживеа ширум светот во 2002 година филмот „ Мојата голема грчка свадба“ , по цели 14 години има продолжение во кое учествува истата актерска екипа, но и некои нови ликови.
Во филмот главните улоги повторно ги толкуваат Ниа Вардалос и Џон Корбет, а новиот член на семејството е нивната ќерка Париз која ја глуми Елена Камбурис. После фокусирањето на големиот дел од времето врз својата проблематична ќерка, Тулелани во ова продолжение се соочуваат со брачни проблеми, но мора да се сносат и со уште една грчка венчавка – овој пат, уште поголема и дебела.
Сценариото на филмот го потпишува повторно Ниа Вардалос која во 2003 година доби номинација за Оскар за сценариото на првиот филм.
Филмот од 2002 година имаше фантастичен комерцијален успех.Буџетот на филмот изнесувал ептен скромни 5 милиони долари и никој не очекувал дека на крајот ќе заработи фантастични 368 милиони долари.Тешко е да се претпостави продолжението дека ќе го повтори овој финансиски резултат, но сепак повторната средба со ведрите ликови од оваа приказна сигурно ќе го привлече вниманието на љубителите на добрите семејни комедии. Овој пат режисер на филмот е Кирк Џонс.
ВИДОВ СВЕТЛИНА
Досега се снимени голем број на филмови кои говорат за познати личности од светот на популарната музика. Филмот „ Видов светлина “ е еден од нив. Тој говори за познатиот кантри пеач Хурам Кинг „ Хенк“ Вилиамс , кој живеел мошне кратко, само 30 години , но зад себе оставил големо музичко богатство. Филмот всушност ја раскажува приказната за неговиот кус живот, неговиот подем и неговиот трагичен крај.
Режисер на филмот е Марк Абрахам а главните улоги ги толкуваат Елизабет Олзен, Том Хиделстон, Дејвид Крумболц, Бредли Вудворд, Чери Џонс и други.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк