• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во ноември (2)

ноември 7, 2015
in Филмољубие

Ви преставуваме уште пет филмови кои пред судот на гледачите ќе се најдат во овој предпоследен месец од годинава.

 

Фимовите се од различни жанрови што ја одразува обврската на филмаџиите да пласираат филмови за сите вкусови на гледачите. Колку пак успеале во тоа ќе покажат резултатите на кино благајните.

                  33

33

Филмот „33“ преставува Американско чилеанска копродукција во режија на Патриција Риген . Филмот е снимен според вистински настан кој се случи во 2010 година кога група од 33 рудари беше заробена во внатрешноста на рудникот Сан Хозе во Чиле повеќе од два месеци. Во филмот настапува и познатиот актер Антонио Бандерас кој го игра ликот на Марио“ Супер Марио“Сепулведа ,кој испратил видео снимки на површината на земјата на спасителите со кои ги известил за состојбата на рударите.

Неколку луѓе од Копиапо, Чиле, работат во рудникот Сан Хозе. Сопственикот ги игнорира предупредувањата за стабилноста на рудникот, кој  ќе се урне нешто подоцна. Единствениот пат во внатрешноста на рудникот е целосно блокиран, а триесет и тројцата рудари успеваат да стигнат до една комора за спасување  .Тие откриваат дека радиото е бескорисно, медицински прибор е празен, вентилацијата нема потребната скали, а и резервите со храна дека се многу мали. Марио Супелведа станува водач на рударите. Тој е задолжен за делење на храната, за запирање на насилството и паниката. Раководството на рудникот не се обидува да ги спаси рударите а роднините на рударите започнуваат да се собираат пред портите на рудникот…Меѓутоа ,интервенира владата на Чиле и превзема успешна акција за нивно спасување.

Во филмот ,кој во кино салите во САД ќе започне да се прикажува од 13 ноември, покрај Бандерас настапуваат уште и Џејмс Бролин, Родриго Санторо, Жулиет Бинош, Луи Дајмонд Филипс , Габриел Брн, Наоми Скот идруги.

 

                                     love

ГИ САКАМЕ КУПЕРОВИ

Веќе традиционално пред предстојните Божиќни празници во овој  период во кино салите своја премиера доживуваат неколку филмови кои говорат токму за овој празник.Во историјата на филмот досега има неколку навистина прекрасни филмови на оваа тема кои се влазени во историјата на филмот.

И оваа година филмските компании се погрижија да направат неколку пригодни филмови за овој празник. Еден од нив е комедијата „Ги сакаме Куперови “ кој премиерата ќе ја доживее на 13 ноември. Во филмот кого како режисер го потпишува Џеси Нелзон, настапуваат :Аманда Сејфилд, Мариза Томеи, Џон Гудмен, Дајан Китон, Оливија Вилд, Ентони Мекки, Алан Аркин…

Кога четири генерации на семејството Купер доаѓаат заедно за нивната годишна прослава на  Бадник, серија на неочекувани посетители очекуваната весела ноќ ќе ја преврти наопаку, сите ги води кон изненадувачко разоткривање на семејните врски и духот на празникот.

             amer

МОИТЕ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ

„Моите сите Американци“ преставува биографска спортска драма која говори за животот на познатиот рагби играч Фреди Штајнмарк . Режисер на филмот ,кој  воедно е и сценарист ,е Анџело Пици. Сценариото е темелено врз книгата„ Храброст надвор од игра:Приказна за Фреди Штајнмак“ напишана од Џим Дент.

Главните улоги ги толкуваат Фин Витрон, Сара Болгер, Робин Туни, Арон Екхарт…

Фреди Штајнмарк само сака да игра фудбал.Откако неговите очекувања од настапот во повеќе колеџи нема да се исполнат ,тој конечно ќе го привлече вниманието на еден тренер. Штајнмарк продолжува во Остин , каде тој дава се од себе за играта што ја сака.

Филмот имал буџет од 20 милиони долари а во американските кино сали ќе започне да се прикажува од 13 ноември.

 

                              hun

ИГРИ НА ГЛАДНИТЕ:МОКИНГЏЕЈ – втор дел

Уште во самиот наслов на филмот „ Игри на гладните:Мокингџеј “ – втор дел, се посочува дека се работи за продолжение од филмот со истиот наслов кој публиката имаше можност да го види такаречи пред една година.Филмот како и предходниот дел е снимен врз романот „ Мокинџеј“ кој преставува последната книга од триологијата „ „Игри на гладтта“напишана од страна на Сузан Колинс. Ова е всушност четвртиот и последен филм од овој серијал во кој настапуваат Џенифер Лоренс,Џош Хачерсон, Лиам Хемсфорт, Вуди Харелсон, Џулиен Мур, Џена Мелоун, Филип Сејмор Хофман (во неговата последна улога) и Доналд Сатерленд.

Катнис Евердин заедно со нејзините најблиски пријатели Пита, Гејл и Финик го напуштаат Дистриктот 13 и се вклучуваат во револуција против Капиталот за да ги ослободат граѓаните од разурнатиот Панем и претседателот Сноу, кој е опседнат со уништувањето на Катнис. Тие ќе се соочат со смртни стапици, опасни непријатели и морални одлуки од кои ќе зависи иднината на милиони луѓе.

И двата дела од филмот биле реализирани одеднаш. Реализацијата за почнала на 23 септември 2013 година во Атланта, пред да се пресели во Париз каде филмот бил сниман две недели. Филмот имал Буџет од 125 милиони долари.

Филмот во кино салите во САД ќе започне да се прикажува од 20 ноември. Направен е во повеќе верзии за прикажување: 2Д,3Д ,ИМАКС и РИАЛ Д Кино. Инаку вториот дел од овој филм ќе биде единствениот од овој серијал кој ќе може да се види во 3Д технологија.

Ваквата поделба на еден филм во два дела ,да се потсетиме, се случи и со последниот филм од серијалот за Хари Потер. Според продуцентите тоа се прави заради големиот материјал кој не може да се смести во еден филм.Но, не треба да се занемари и финансискиот ефект бидејќи математиката е едноставна :ако може да се заработи двојно повеќе со ист влог , односно со иста инвестиција , зошто да се пропушти таквата можност особено ако заработката на првиот дел од овој филм изнесуваше 755 милиони долари.

                  hor

ХОРОР

Меѓу филмовите кои ќе започнат да се прикажуваат во САД и остатокот од светот овој ноември  има и еден хорор филм чиј наслов е ,едноставно, „Хорор. Филмот е во режија на Тара Субков која го потпишува и сценарито за филмот. Инаку 43 годишната Тара е позната актерка која досега има настапено во 20 тина филмови  и овој филм преставува нејзино режисерско деби.Главните улоги ги толкуваат Кло Севињи, Тимоти Хатон , Наташа Лајон,Тарјин Менинг и Балтазар Гети.Филмот е инспириран од вистински настан и говори за една група на 12 годишни девојки кои учат во едно приватно училиште за богаташи кои една ноќ ќе се соочат со терор преку социјалните мрежи кога многу работи ќе излезат од контрола.

Филмот говори за шест млади девојки Сем, Џорџи, Софија, Франческа , Кет и Ева . Тие живеат во свет каде парите не се проблем, свет во кој ја нема едноставноста и обичниот живот. Ова е филм кој говори за ужасот кој може да им го донесе интернетот на децата.Тој дава интегрален увид на притисокот кој се врши врз децата кои растат во еден свет во кој стануваат зависни од промоцијата и вниманието од страна на социјалните мрежи , и улогата на родителите кои мора да вршат контрола во употребата на интернетот кој се повеќе навлегува во животот на младата генерација.

Не случајно дејствието на филмот се случува во еден модерен стаклен замок исполнет со уметнички дела на најпознати мајстори ,како да се работи за еден современ музеј.Што значи модерниот замок кој вреди вистинско богатство ако вредноста на обичниот живот не вреди ни пет пари.Мошне интересна тема која е сместена во жанрот на хоророт. Како ќе биде прифатен филмот од публиката ќе се знае по 20 ноември откако ќе излезе пред судот на гледачите.

Ѓоко Симјаноски – Публицитет.мк 

Посетеност: 139
Share
Previous Post

Публицитет.мк: Честит празник, граду Наш!

Next Post

ВИДЕО: Повелете на чоколадна масажа во ИЗИДА СПА – Охрид

Next Post

ВИДЕО: Повелете на чоколадна масажа во ИЗИДА СПА - Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 139

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk