• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во ноември (3)

ноември 23, 2016
in Филмољубие

Од петок во американските кино сали ќе зпочнат да се прикажуваат уште неколку интерсесни филмски остварувања од кои се очекува да го предизвикаат интересот на публиката но и на критиката.Во ова трето парче ќе говориме за шест филмови.

 

no1

МИФУНЕ ПОСЛЕДНИОТ САМУРАЈ

Такаречи 20 години по смртта ,Тоширо Мифуне и понатака преставува вистински великан на светската кинематографија. Оваа икона на јапонската кинематографија многумина ја паметат по тоа што со познатиот режисер Акиро Куросава сними 16 филмови меѓу кои се и Рашамон, Седумте самураи, Крвавиот престол и Јоџимбо. Тој популарноста ја стекна и  со толкувањето на ликот на Мијамото Мусаши во Самурајската триологија на Хироши Инагаки.Во текот на својата богата кариера успеа да реализира скоро 170 филмови, а со својата работа инспирираше многумина, меѓу кои се и гигантите на Холивуд, Клинт Иствуд и Џорџ Лукас. Тој беше првата ѕвезда на акционите филмови која не била белец , а според зборовите на Стивен Спилберг, иако многумина се обиделе да го имитираат, неговата харизма и глума никој не успеал да ја достигне бидејќи бил и останал единствена светска појава.

Овој долгометражен документарен филм на оскаровецот Стивен Оказаки, ја прикажува еволуцијата на самурајскиот филм, детсвото на Мифуне и неговото искуство од Втората светска војна, неговиот случаен влез во светот на филмот, како и динамичната но и понекогаш турбулентната соработка со Куросава.Наратор во филмот е актерот Киану Ривз а документарецот содржи и интервјуа со Спилберг и Мартин Скорсезе.

no 2

СОЈУЗНИЦИ

Компаниите Парамаунт Пикчерс и Њу Реџинси стојата зад филмскиот проект „Сојузници“ кого како режисер го потпишува оскаровецот Роберт Земекис.Главните улоги во оваа шпијунска воена драма  ги толкуваат Бред Пит и Маријон Котијар.

Дејствието на филмот е сместено во време на Втората светска војна и го следи обавештаецот Макс Ветан ( Бред Пит)и припадничката на движењето на отпорот Маријана Босежур ( Маријон Котијар)кои во текот на 1942 година на подрачјето на северозападна Африка имаат задача да убијат нацистичкиот официр.Во текот на акцијата тие започнуваат љубовна врска, но нивната заедничка иднина по враќањето во Лондон заради тајните од минатото доаѓа под знак прашање и  е обвиткана со сомнеж.

Во филмот покрај Пит и Котијар настапуваат уште и Лизи Каплан, Метју Гуд и Џаред Харис.

Сценариото за филмот го напишал британецот Стивен Кнјагт,познат по филмовите , Лок и Источни видувања.

Интересно е да се спомене дека филмот „ Сојузници“ е една од двете предстоечки воени драми чие дејствие е сместено за време на Втората светска војна а во кои настапува Бред Пит. Втората е „ Воена машина“ на австралискиот режисер,сценарист , продуцент и актер   Дејвид Миход.

no 3

ПРАВИЛАТА НЕ ВАЖАТ

Филмот „ Правилата не важат“ преставува романтична комедија со драмски елементи во режија на оскаровецот Ворен Бити.Филмот преставува негово прво режисерско остварување по неговиот филм „ Булворт“од 1998 година.

Во филмот главните улоги ги толкуваат Лили Колинс и Алден Ехенрајх. Во филмот се појавува и Ворен Бити во улогата на милијардерот Хауард Хјуз.

Дејствието на филмот е сместено во Холивуд во 1958 година, и ја следи преубавата Марија , невина млада актерка со баптистички уверувања и нејзиниот амбициозен голем верник младиот возач Френк Форбс , поклоник на методистичките начела на Евангелистичката црква,како се борат со апсурдните ексцентричности на дивиот и непредвидлив милијардер Хауард Хјуз за кого што работат.

Младиот двоец го прекршува правилото бр.1кое гласи Ниеден вработен не смее да оствари никаков однос со актерка која што има потпишано договор. Како што одминува времето, сите тројца ги менуваат своите животни уверувања што внесува промени во нивните животи.

Освен споменатите актери , во филмот настапуваат уште и Хали Бенет, Алек Болдвин, Метју Бродерик, Кендис Берген, Стив Куган,Мартин Шин,Оливер Плат и сопругата на Ворен Бити-Анет Бенинг.

Холивудската легенда Ворен Бити веќе преку десет години се обидува да сними филм за Хауард Хјуз, а по повод неговата конечна реализација ,тој изјавил дека не се работи за биографски филм за познатиот и разгален богаташ со ексцентрично однесување, и дека оние кои ќе го видат филмот од срце ќе се изнасмеат.

no 4

ВАИЈАНА – ПОТРАГА ПО МИТСКИОТ ОСТРОВ

Меѓу филмовите кои од вчера започнаа да се прикажуваат во кино салите ширум светот се најде и еден компјутерски анимиран филм на водечката компанија за анимирани филмови , Волт Дизни.

Се работи за нивниот најнов компјутерски анимиран долгометражен филм „ВАИЈАНА“ Филмот говори за авантурите на тинејџерката Моана Ваилики( чиј глас го позајмува четиринаесетогодишната Аули Кравалко).Таа е ќерка наеден познат наутичар , која во текот на своето пропатување ќе го запознае моќниот полубог Мауиу ( чиј глас го позајмува Двејн Џонсон).Тие заедно пловат преку океаните, среќаваат разни чудовишни суштества. Во текот на патувањето Моана трага по своите предци и открива поединости кои се однесуваат на нејзиниот идентитет.

Освен споменатите актери гласовите ги позајмуваат уште и пеачката Филипа Су, Алан Тудјак и други.

Освен споменатите актери гласовите ги позајмуваат уште и пеачката Филипа Су, Алан Тудјак и други.

А режијата на филмот се погрижија Рон Клементс и Џон Мускер, познати по анимираното остварување „Малечката сирена“ од 1989 година.

no 5

ЗЛОБНИОТ ДЕДО МРАЗ  2

Во предбожиќните празници вообичаено секогаш на кино репертоарот доаѓаат по неколку филмови кои говорат за Божиќните празници.Филмот „ Злобниот Дедо Мраз 2“ е едн од нив.Се работи всушност за директно продолжение на хит филмот од 2003 година. Били Боб Тортон ја репризира својата улога на мрзеливиот Дедо Мраз – Вили Соки, улога која му донесе номинација за Златен глобус.

Продолжението го донесува и враќањето на Тони Кокс како неговиот лут помошник Маркус и враќањето на Брет Кели во ликот на Турман Мерман.Остатокот на актерската екипа го сочинуваат Кети Бејтс, Рајан Хансен,Џени Зигрино и Сковрон во улогите на заштитниците Џин и Дорфман.

Продолжението на филмот како режисер гопотпишува Марк Вотерс.

no 6

ЛАВ

Филмот „ Лав“ ја донесува приказната за Сару кој на пет годишна возраст ќе се загуби патувајќи со воз низ Индија, далеку со иљадници километри од својот дом.Сару мора да научи сам да преживее во Калкута, пред конечно да биде посвоен од една австралиска двојка.

Дваесет и пет години подоцна, вооружен само со мал број на спомени , неговата непоколеблива решителност и револуционрната технологија позната како Google Earth, тој си поставува задача да го пронајде своето изгубено семејство и конечно да се врати во својот вистински дом.

Филмот преставува австралиско, американско, британска копродукција во режија на Герт Дејвис.Сценариото за филмот го напишал Лук Дејвис кое е темелено врз книгата „Долгиот пат до дома“ напишана од Сару Бриерли.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Дев Пател, Руни Мара, Дејвид Венам и Никол Кидман.

Филмот беше прикажан на фестивалите во Цирих, Лондон, Торонто,Чикаго, Филаделфија, Лисабон и многу други.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 105
Share
Previous Post

Втор ден од изборната кампања – кој и каде?

Next Post

Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид порача дека ќе го има идниот премиер

Next Post

Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид порача дека ќе го има идниот премиер

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk