Со започнување на календарската есен во кино салите започнуваат да се прикажуваат филмови кои беа дел од програмата на повеќето летни филмски фестивали.Со тоа на некој начин, на репертоарот од сега па до средината на декември ќе се најдат поголем број на филмови кои во себе носат уметнички квалитети. Ова не значи дека на репертоарот ќе нема блокбастери. Едноставно, нив ќе ги има во намален број, а најголемите се „чуваат“ за кон крајот на годината. Но, да видиме кои се филмовите кои премиерно ќе бидат прикажани во кино салите во првата половина од месец октомври:
ЏОКЕР
На штотуку завршениот филмски фестивал во Венеција филмот „ Џокер“ ја освои наградата Златен лав за најдобар филм а режисерот на филмот Тод Филпс ја освои наградата за најдобар режисер.Филмот ја освои и наградата за најдобра музика.
Филмот „ Џокер“ од вчера започна да се прикажува во кино салите ширум светот.
Главната улога во филмот ја толкува извонредниот актер Жоакин Феникс за кого веќе наголемо се шушка дека за оваа улога ќе биде награден со наградата Оскар.Да се потсетиме дека оваа улога ги прослави актерите Џек Николсон и Хит Леџер. Во филлмот покрај Феникс настапуваат уште и Роберт Де Ниро,Зази Битс, Френсис Конрој, Марк Марон, Бил Камп, Глен Флешлер, Бред Кулен и други.
Компанијата Ворнер Брос , која стои зад овој филм, филмот го опишува како „истражување на човекот кого општеството не се погрижило за него,што не е само глупаво проучување на ликовите туку и опомена кон општеството“.
Всушност ова е нераскажана , самостојна приказна за еден од најпознатите и најозлогласени негативци.Џокер е измислен лик, супернегативец кој се појавува во стриповите. Ликот го створиле Џери Робинсон, Бил Фингер и Боб Кане , а за прв пат се појавил во 1940 година во стрипот „ Бетмен“.Џокер е прикажан како високо интелегентен криминалец чија карактеризација варирала во текот на различни периоди.Истражувањето на режисерот на Артур Флек (Жоакин феникс), човекот кого општеството го отфрлило, не е само студија за карактерот , туку многу повеќе од тоа.
ВОЈНА
Филмот „ Војна“преставува акционен трилер во индиска продукција и говори за еден индиски војник, кој добива задача да го елиминира неговиот поранешен ментор, кој сега е во служба кај непријателот.
Режисерот на филмот Сидарт Аранд за филмот вели:„ Кога во еден филм ќе ги донесете двете најголеми и најдобри акциони ѕвезди во Индија и ги насочите еден против друг, тогаш потребен ви е наслов кој ќе го оправда ветувањето за масовна пресметка.Публиката ќе има можност да ги види како тие жестоко и немилосрдно се пресметуваат меѓу себе и кој кого надминува во оваа неверојатна борба.
Главните улоги во филмот ги толкуваат двете големи индиски ѕвезди Хитрик Рошан и Тигар Шроф а тука се уште и Вани Капур, Ашутш Рана, Анурија Гоена …
БОЛКА И СЛАВА
„ Болка слава “ е најновиот филм на прославениот шпански режисер Педро Алмодовар кој својата светска премиера ја имаше на годинешниот Кански филмски фестивал кога се натпреваруваше по наградата Златна палма.Филмот во Кан освои две награди: за најдобра машка улога која му припадна на Антонио Бандерас и за најдобра оригинална музика.
Според многумина приказната на филмот преставува животната приказна на Алмодовар.Главниот лик во филмот доживува пад во својата кариера. Тој неволно се свртува кон своето минато кое му носи дожд од живописни спомени. Тој се сеќава на моменти од младоста како нежни чувства кон неговата мајка, љубовта и разделбите, потрагата по среќа и успех.Сето ова го наведува господарот на киното кон важните мисли за животот и уметноста бидејќи тоа е сепак најважното во неговиот живот.
Покрај Антонио Бандерас во филмот настапуваат Уште и Пенелопе Круз, Нора Навас, Цезар Виенте, Сесилија Рот, Асиер Ександриа и други.
Треба да се спомене дека овој филм на Алмодовар е шпанскиот избор за наградата Оскар во категоријата Најдобар меѓународен филм( како што од следните награди Оскар ќе се вика досегашната категорија – Најдобар странски филм).
ЛУСИ НА НЕБОТО
Во последно време на кино репертоарот се најдоа неколку филмови чие дејствие се случува во вселената. Од вчера во кино салите ширум светот покрај се уште актуелниот филм „ Ад Астра“ со Бред Пит во главната улога, започна да се прикажува и научно фантастичниот филм „ Луси на небото“ во режија на Ноа Холи во кој главната улога ја толкува оскаровката Натали Портман.
Во филмот таа го толкува ликот на астронаутката Луси Ккола која се враќа на земјата по трансцедентното искуство за време на мисијата во вселената. Таа започнува да го губи контактот со реалноста во светот кој сега за неа изгледа премногу мал.
Во филмот покрај неа настапуваат уште и:Џон Хам, Зази битс, Ден Стивенс, Елен Бурстин , Џефри Донован и други.
БЛИЗНАК
„ Близнак“преставува иновативен акционен трилер во кој актерот Вил Смит го игра ликот на Хенри Броган. Елитен убиец, кој одненадеж станува мета на таинствен млад оперативец кој наизглед може да го предвиди секој негов потег. Режисер на овој трилер е оскаровецот Анг Ли .Тој за својот најнов филм вели:
„ Оваа приказна не е прикажана на начин на кој сме навикнале да ја гледаме во филмовите од овој жанр.Благодарејќи на неверојатната нова дигитална технологија конечно не само што можеме да го видиме младиот и постариот Вил Смит, отелотворени заедно на екранот, туку таа приказна можеме да ја доживееме и сосема на поинаков начин.Среќен сум што можам да експериментирам и да ги тестирам границите на она што може да ни го понуди новата дигитална кинематографија.На тој начин можев да работам со двајца актери Вил Смит – едниот софистициран а вториот бескрајно искрен.Според мое мислење , тоа е Вил Смит во своето најдобро издание , кога тие двајца ќе се спојат, тоа е нешто навистина волшебно.Искрено се надевам дека овој филм на публиката ширум светот ќе им донесе ново филмско искуство“.
Во филмот покрај Вил Смит настапуваат уште и Мери Елизабет Винстед, Клајв Овен и Бенедикт Вонг.
СЕМЕЈСТВОТО АДАМС
Филмот преставува компјутерски анимирана верзија на авантурите на популарното семејство Адамс кое најпрвин беше анимирана тв серија потоа игран филм и сега компјутерски анимиран филм. Режисери се Грег Тирнен и Конрад Вернон. Гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат :Оскар Ајзак,Чарлис Терон,Грејс Мортез,Ник Крол,Снуои Дог,Бет Мидлер, Алисон Џени, Мартин Шорт,Кетрин О’Хара, Џенифер Луис и Елзи Фишер.
МАЛЕЧКИТЕ ЧУДОВИШТА
Откако ќе му се распадне семејството, Дејв , барајќи прибежиште за неговиот внук Феликс, тој се приклучува на школското патување, меѓу другото, за да може да се приближи до наставничката , Мис Каролина: Се’ оди по планот, барем додека не избие инвазија на зомби , што ќе ги загрози плановите на Дејв.
Во оваа хорор комедија настапуваат Лупита Нионго, Џош Гад, Александер Енгланд, Кет Стјуарт, Хенри Никсон, и други. Режисер на филмот е Абе Форсајт.
ЏЕКСИ
Моедијата „ Џекси“ говори за Фил кој има голем проблем со зависноста. Тој е зависник од неговиот мобилен телефон. Тој нема пријатели,тој пишува за поп културата, подготвува топ 10 листи, а неговиот љубовен живот е непостоечки. Но, статусот на неговиот фејсбук профил наскоро ќе се промени.
Режисери на филмот се: Џон Лукаси Скот Мур а главните улоги ги толкуваат: Роуз Бирн, Џастин Хартли, Адам Девин , Мајкл Пења и други.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк