• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, мај 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски премиери во октомври (2)

октомври 22, 2016
in Филмољубие

 

Вчера и во наредниот петок беа и ќе бидат представени пред публиката уште 15 тина нови филмови. Ние направиме избор од уште неколку наслови за кои мислиме дека ќе предизвикаат интерес кај публиката во кино салите ширум светот но во нашата земја, бидејќи да не заборавиме веќе неколку години наназад најновите филмови започнуваат да се прикажуваат во истовреме како и во светот.

 

 

 OKTOMVRI 1 copy copy copy

 СЛУГА

Изминаа такаречи три години одкако публиката имаше можност да го погледне британско- американскиот психолошки трилер „ Ложач“ во режија на јужно корејскиот продуцент, сценарист , филмски критичар и режисер Парк Чанк- Вук. Неговото најново остварување е именувано како „ Слуга“ и преставува адаптација на новелата која ја

напишала Сара Вотерс.

Дејствието на филмот е сместено во 1930 година кога Јапонија владеела со Кореја.Приказната се врти околу четири личност:Племенита дама која наследила големо богатство,измамник и љубовник на племенитата дама,една џепарошка и вујкото на племенитата дама кој е нејзин старател.Филмот беше прикажан во рамките на годинешниот Кански филмски фестивал а од вчера започна да се прикажува во кино салите во САД и ширум светот.

Главните улоги ги толкуваат:Ким Мин- Хе, Ха Јунг- Ву, Ким Тае – Ри и Чо Јин – Вон.

OKTOMVRI 2

31

Од креативниот ум на музичарот, режисерот, сценаристот и филмскиот продуцент Роб Зомби , познат по филмовите „ Куќата на 1000 черепи“, „ Отфрлање на ѓавокот“ и римејкот на филмот „ Ноќ на вештерките“, доаѓа една нова хорор приказна која говори за петмина карневалски работници кои се киднапирани непосредно пред Ноќта на вештерките.Тие се принудени да играат 31 игра на живот или смрт која трае во наредните 12 часа во кои тие ќе се борат за своите животи против убијци и манијаци кои носат аристократски перики. Ако ги преживат тие 12 часа , се слободни.

Актерската екипа ја сочинуваат:Шери Мун Зомби, Џеф Даниел Филипс, Џинџер Лин, Лоренс Хилтон Џејкобс, Трејси Волтер, Кевин Џексон,, Џермаин Холман и други.

Филмот светската премиера ја имаше на почетокот од годинава во рамките на фестивалот Санденс. Филмот обилува со крв, насилство, пцости… и во ограничена дистрибуција во САД започн да се прикажува од вчера.

OKTOMVRI 3 copy

ПОВИКУВАЊЕ НА ДУХОВИТЕ:ПОТЕКЛОТО НА ЗЛОТО

Од вчера започна да се прикажува и хоророт„ Повикување на духовите:Потеклото на злото“ во режија на Мајк Фланеган кој го напишал и сценариото за филмот во соработка Џеф Хауард.

Во филмот настапуваат:Елизабет Расер, Анализа Басо, Лулу Вилсон, Хенри Томас, Кејт Сигел и Алексис Зол.

Дејствието на филмот е сместено во Лос Анџелес во 1965 година и го следи животот на една вдовица и нејзините две ќерки кои со помош на една плоча која се користи за комуникација со духови го повикуваат исконското зло во својата куќа.Откако помладата сестра ќе ја запоседне немилосрдниот дух, ова малечко семејство се соочува со незмисливи стравотии и е принудено да направи се’само за да ја вратат назад.

Филмот преставува приквел на филмот „Повикување на духовите„кој и покрај тоа што доживеа негативни критики , со буџет од 5 милион долари успеа да заработи фантастични 103 милиони долари од прикажување ширум светот.

OKTOMVRI 4 copy

ЏЕК РИЧЕР:БЕЗ ВРАЌАЊЕ

Познатиот актер Том Круз ја репризира улогата на Џек Ричер во филмот „ Џек Ричер: Без враќање“ кој од вчера започна да се прикажува во кино салите ширум светот.

Филмот е во режија на Едвард Звик  а во филмот покрај Том Круз настапуваат уште и Алдис Џоџ, Роберт Катрини, Даника Јарош,и Холт Мек Калани.

Некогашниот воен полицаец Џек Ричер во овој филм тргнува на пат од Јужна Дакота кон Вашингтон во средиштето на воената полиција на американската војска за да се сретне со старата пријателка и неговиот нов шеф Сузан Тарнер. По доаѓањето него го дочекуваат шокантни вести: тој е обвинет за убиство кое се случило пред 20 години, а Сузан е уапсена заради шпијунажа.

 Првиот филм „ Џек Ричер„ публиката имаше можност да го види во 2012 година.Тогаш филмот имал буџет од 60 милиони долари а успеал да заработи вкупно 218 милиони долари.

OKTOMVRI 5

АМЕРИКАНСКА ПАСТОРАЛА

Драмата „Американска пасторала“ преставува режисерско деби на познатиот шкотски актер Јуан Мек грегор. Филмот е темелен врз истоимената новела на Филип Рот  од 1997 година и која е наградеана со Пулицеровата награда. Приказната го следи семејството Левов чиј идиличен живот е пореметен од социјално – политичките турбуленции кои во 60 тите години  е сслучиле во текот на председателствувањето на Линдон Џонсон.

 Јуан Мек Грегор во филмот го игра ликот на Сејмур Левов , некогашен легендарен средношколски спортист кој сега е успешен деловен човек кој е оженет со некогашната мис Даун ( Џенифер Конели).Кога неговата сакана ќерка Мери ( Дакота Фенинг) ќе исчезне откакјо ќе биде обвинета дака направила акт на политички тероризам, Сејмур тргнува во потрага по неа.Она што ќе го открие во текот на потрагата длабоко ќе го потресе присилувајќи го да погледне под површината и да се соочи со хаосот кој го обликува светот  кој го опкружува.

Освен споменатите актери во филмот настапуваат уште и Руперт Еверет, Валори Кири, Питер Ригерт, Моли Паркер и други.

OKTOMVRI 6 copy

ОДРЖУВАЊЕ СО ЏОНС

Акционата комедија Одржување со Џонс е во режија Грег Мотола во кој главните улоги ги толкуваат Исла Фишер , Гал Гедот, Зак Галифакианис и Џон Хам.

Филмот е работен според сценариото кое го напишал Мајкл Ле Сиер . Приказната ја следи една двојка од предградието кои откриваат дека нивните совршени нови соседи кои изгледаат најобично всушност се шпијуни на владата.

 Филмот преставува враќање на режисерот Мотола по неговиот успешен филм „ Пол“ од 2011 година.

Филмот започна да се прикажува од вчера во кино салите во светот.

OKTOMVRI 7

ИНФЕРНО

Од 28.Октомври во кино салите низ САд како и во светот ќе започне да се прикажува Трилерот со елементи на мистерија „ Иферно“ во режија на Рон Хауард , човекот кој ги потпиша и двата предходни филма кои се снимени според делата на писателот Ден Браун. Да се потсетима првиот филм од оваа франшиза „ Кодот на Да винчи“ беше реализиран пред точно 10 години , во 2006 година, а продолжи две години подоцна во 2008 година со филмот „ Ангели и демони“.

Во најновиот филм актерот Тм Хенкс ја репризира својата улога од предходните два филма на професорот Ландгон а покрај него во филмот настапуваат уште и Фелисти Џонс во ликот на докторката Сиена Брукс, Ифан Кан како Хери Симс, Омар Си во ликот на Кристо Брудер кој е водач на тимот на тимот СРС, Сидсе Бабет Кнудсен како Елизабет Сински- шњфица на Светската здравствена организација, Бен Фостер како главниот негативец, Џон Донахју како Ричард и Ана Улару во ликот на Вајента која во чекор го следи др. Ландгон.

Приказната на филмот и понатака го следи др, Ландгон , познатиот толкувач на симболи од Хардвард, во следењето на трагите кои водат кон Данте, авторот на „ Боженствената комедија“. Откако во една италјанска болница ќе се разбуди со амнезија , др.Сиена Брукс ќе му помогне да ги поврати своите сеќавања.Тие заедно тргнуваат на пат низ Европа за да ја сопрат глобалната смртоносна завера

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 67
Share
Previous Post

Отворен третиот КАМ маркет во Струга

Next Post

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Next Post

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески го честита 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 67

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk