Во вториот дел од информациите поврзани со премиерното прикажување во кино салите ширум светот на филмовите од најновата светска продукција, ќе ве запознаеме уште со избор од десетина наслови меѓу кои има и неколку филмови кои беа прикажани на неколку познати филмски фестивали кон крајот на од почетокот на оваа година па се до почетокот на оваа есен.
ГОСПОДАРКА НА ЗЛОТО 2
Филмот преставува директно продолжение на филмот „ Господарка на злото“ од 2014 година кој доживеа голем успех кај публиката.
Дејствието на филмот се одвива неколку години подоцна по случувањата од првиот филм, а во главните улоги се појавуваат оскаровката и тројната добитничка на златниот глобус Анџелина Џоли и Ел Фенинг, кои ги репризираат своите улоги како Господарката на злото и принцезата Аурора.Остатокот од актерската екипа го чинат Мишел Фајфер во ликот на кралицата Ингрита тука се уште и Чиветел Ејџифор, Ед Скрин, Роберт Линсдеј и Харис Дикинсон.
Злокобната принцеза и нејзиното кумче Аурора започнуваат да ги преиспитуваат комплексните односи внатре во семејството кои ги поврзуваат. Додека тие се развиваат во различни правци заради скорешната свадба на Аурора, тие на својот пат се среќаваат со неочекувани сојузници и нови мрачни сили…
Филмот го режира Јоаким Ронинг, а на редовниот кино репертоар се најде од вчера.
ВРАЌАЊЕТО ВО ЗОМБИЛЕНД
Десет години по првиот дел кој стана култ и инстантен хит, главната актерска екипа составена од Вуди Харелсон, Џеси Ајзенберг, Ема Стоун и Абигејл Бреслин, повторно се здружува со режисерот Рубен Флишер(Веном) и сценаристите Рет Рис и Пол Верник(Дедпул) во Враќање во Зомбиленд. Во ова продолжение кое се протега од хумористичниот хаос во Белата куќа преку внатрешноста на Америка, овие четири убијци ќе се соочат со нови видови на зомбиња кои еволвирале од првиот дел, но и со некои нови луѓе кои преживуваат исто како нив. Најважното од се, мора да се соочат со главоболката која ја предизвикува нивното саркастично, новооформено семејство.
Филмот преставува продолжение на филмот „ Зомбиленд“ од 2009 година . Да се потсетиме , филмот тогаш донесе вистинско освежување кога се во прашање вилмови во кои главни ликови се зомбите, бидејќи целата приказна беше разкажана во форма на додро осмислена комедија.
Останува да се види дали филмот ќе го повтори успехот на предходниот филм или ќе го надмине.
ЏО ЏО ЗАЈАКОТ
Победничкиот филм од годинешниот филмски фестивал во Торонто „ Џо Џо закајакот “ од вчера започна дасе прикажува на редовниот кино репертоар ширум светот.
Филмот е во режија на Таика Ваитити. Се работи за сатира чие дејствие се случува во текот на втората светска војна. Приказната го следи смотаното младо германско момче Џо Џо кого го одгледува самохрана мајка Рози Бетцлер .Неговиот единствен сојузник е неговиот имагинарен пријател Хитлер.Неговиот наивен патриотизам ќе биде тестиран кога ќе запознае една млада девојка која ги руши неговите погледи терајќи го да се соочи со своите стравови.
Филмот е снимен според романот кој во 2008 година холандско белгиската писателка Кристин Леуненс.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Скарлет Јохансон, Сем Роквел, Роман Грифин Дејвис , Ребел Вилсон, Томасин Мек Кензи,Алфи Ален, Стефен Мерчант и Таика Ваитити.
СВЕТИЛНИК
Познатите актери Роберт Патисон и Вилиам Дефо играт улоги на светилничари во филмот „ Светилник“ на режисерот Роберт Егер.
Се работи за хипнотичката и халуцинаторна приказна на двајца чувари на светилници на оддалечен и мистериозен остров Нов Англија во 1890-тите.
Филмот својата светска премиера ја имаше на годинешниот Кански филмски фестивал а беше прикажан и на фестивалите во Торонто и Довил.
КАПЕТАНОТ
Кинескиот филм „ Капетанот“ во режија на Ендру Лау преставува драма која е темелена врз вистински настан кој се случил во мај 2018 година, кога шофершајбната на пилотската кабина на авионот од компанијта „ Сечуан ерлајнс“ пукнала додека авионот летал на височина од 30000 стапки над планината Тибет. Копилотот бил вшмукан на половина пат од пилотската кабина а патниците веќе започнале да ја губат свеста заради слабиот притисок во авионот.
На крајот , пилотот сепак успеал да го приземји авионот и да го спаси животот на 119 те патници и осумте членови на посадата.Името на вистинскиот капетан е Лиу Цхуањиан , некогашен пилот на военото воздухопловство.
ЦРНО И СИНО
Криминалната драма „ Црно и сино“ ја раскажува приказната за полицајката која дебитира на ова работно место и која ненамерно учествува во убиството на еден млад дилер на дрога при нејзината прва задача.Откако ќе свати дека убиството е извршено од корумпирани полицајци, таа ќе се здружи со една личност од нејзината заедницакоја е подготвена да и помогне бидејќи таа се обидува да им избега на криминалцитекои сакаат одмазда но и од корумпираните полицајци кои се очајни и сакаат да ја уништат инкриминирачката снимка .
Режисер на филмот е Деон Тејлор а главните улоги ги толкуваат: Мајкл Колтер,Наоми Харис, Френк Грило,Тарес Гибсон и други.
Филмот во кино салите ќе започне да се прикажува од следниот петок 25 . октомври.
ОДБРОЈУВАЊЕ
Кога една медицинска сестра ќе преземе една апликација која тврди дека го предвидува моментот кога некоја личност ќе умре, тоа и’ кажува дека има само уште три дена живот. Со работата на часовникот и бројката што ја прогонува, таа мора да најде начин да го спаси својот живот пред да истече времето.
Вака изгледа приказната на трилер хоророт кој како режисер го потпишува Џустинастин Дек.
Главните улоги во филмот , кој во кино салите доаѓа следниот петок, ги толкуваат:
Ен Винтерс , Елизабет Леил , Чарли Мек Дермот …
ЗАПАДНИ ЅВЕЗДИ
Наместо да направи турнеа и да го промовира својот најнов албум, познатиот кантавтор Брус Спрингстин направи еден документарен филм во кој своите нови песни ги изведува во еден амбиент во кој ја поминал својата младост.Тој песните ги изведува придружуван од оркестар составен од 30 музичари и пред публика од неколку пријатели како и во амбент на штала во која живеат коњи.
Секоја песна е најавена од Брус и илустрирана со слики од неговиот живот или клипови од неговата домашна видеотека.
Мошне интересен и оригинален начин за промоција на еден музички албум.
Режисери на филмот се Брус Спрингстин и Том Зимни.
ФРЕНКИ
Драмата „ Френки “ преставува француско – португалска копродукција во режија на Ира Сакс која воедно го потпишува и сценариото за овој филм кој ве тера да размислите за животот и смртта.
Дејствието на филмот се случува во еден ден , поточно од утро до вечер, во прекрасниот град Синтра во Португалија.Оваа прекрасна убавина на природата се спротиставува на заладувањето и болеста на главниот лик и воедно ја нагласува минливоста на животот.
Главниот лик, филмската ѕвезда Френки, чиј лик бриљанто го толкува Изабел Ипер, има карцином и знае дека нема уште долго да живее.Но, ова не филм кој говори за болест и борбата против неа. Не , ова е сосема поинаква приказна.
Всушност, Френки го собира целото семејство да разговара за нивниот иден живот без неа, за да помогне во решавањето на нивните проблеми.И во сите тие дијалози, без оглед колку се тие деловни , се чуствува голема љубов и копнеж на луѓето блиски едни до други.
Филмот има прекрасен крај за паметење кој е реализиран на зајдисонце кога тоа заоѓа зад планините.Френки стои и гледа надолу кон семејството и пријателите. Тоа изгледа како таа повеќе да не е тука.Темата на филмот е тажна , но по гледањето на филмот предизвикува многу светло чувство и љубов кон животот.Со други зборови ова е филм за убавината околу нас, за тоа колку е убав животот но и за тоа дека честопати тоа не го забележуваме заради тоа што тој е потопен во малите проблеми.
Покрај извонредната Изабел Ипер во филмот настапуваат уште и:Сења Нануа, Арион Бакаре, Мариза Томеи, Грег Кинеар, Жереми Рение, Паскал Грегори, Брендан Глејсон
и други.
ПОСЛЕДНАТА ЦЕЛОСНА МЕРКА
Според оние кои ја направија оваа воена драма ова не е филм кој говори за насилството во војните, туку тоа е една емотивна и трогателна приказна која говори за еден херој о војната во Виетнам.Филмот е направен според вистинска приказна и говори за воениот пилот Вилијам Х.Питснбаргер кој по дипломирањето им се приклучил на Воздухопловните сили каде по обуката бил испратен во Виетнам во август 1965 година каде учествувал во повеќе од 250 мисии за што посмртно по 34 години по неговата смрт го добил медалот за заслуги на бојното поле.Тој имал само 21 година кога бил убиен во една воена акција.
Режисер на филмот е Тод Робинсон.Главните улоги во филмот ги толкуваат:Бредли Витфорд, Семјуел Л. Џексон, Кристофер Плумер, Ед Харис, Вилијам Харт, Џереми Ирвин,Дајан Лад, Питер Фонда,Џон Савиџ и многу други.
СИНОНИМИ
Повеќекратно наградуваниот филм „ Синоними“ кој преставува изреалско- француско германска копродукција во режија на Надав Лапид , од следниот петок ќе се најде на кино репертоарот во повеќе земји во светот како и во САД.
Младиот изреалец Јоав, има еднонасочен билет за Париз, верувајќи дека Франција е неговиот спас од она што го смета за лудило во својата земја. Меѓутоа работите на самиот почеток не се одвиваат онака како што тој замислувал. Тој открива дека неговиот ангажман не е погоден за живеење, но сепак , неговите грандиозни очекувања не оставаат простор за прилагодување.Тој одлучува да го избрише неговото еврејско – изреалско потекло заради што одбива да зборува еврејски и опсесивно започнува да се дружи со неговиот постојан придружник- францускиот речник. Ништо не може да ја угаси неговата решеност тој да стане Французин. Филмот е снимен врз основа на искуствата на режисерот Надав Лапид.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк