• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

ФИЛМСКИ ПРЕМИЕРИ ВО ОКТОМВРИ (2)

октомври 15, 2021
in Филмољубие
ФИЛМСКИ ПРЕМИЕРИ ВО ОКТОМВРИ (2)

Во вториот дел од прегледот на нови филмови кои битребало на кино репертоарот да се појават до крајот на овој несец, ќе ви преставиме избор од уште десет филмови кои би требало да го привлечат вниманието на публиката за чие присуство од почетокот на следниот месец ќе важат нови правила , засега само во Лос Анџелес но се чини дека тие мерки ќе важат и во други градови ширум САД.

Имено, градскиот совет на Лос Анџелес на почетокот од овој месец донесе уредба со која ќе се бара од жителите на овој град да покажат доказ за вакцинација против Ковид -19 за да можат да влезат во затворени простории вклучувајќи кино сали, ресторани , спортски сали, трговски центри, кафулиња, салони за коса и нокти и други многубројни места.Се очекува новата уредба да стапи на сила на 4 .ноември.

Од кино салите не се очекува са се спротистават на оваа иницијатива , исто како што тоа го направија кога Њујорк наметна слична мерка кон крајот на летото.

Ова секако е лоша вест за кино прикажувачите  и воопшто за филмот и филмската индустрија. Но, мора да се прифати реалноста и да се живее со неа.

Еве го изборот од  филмската  понудата  до крајот на овој месец:

MV5BM2RmMGY2Y2UtNjA1NS00NGE4LThiNzItMmE1NTk5NzI5NmE0XkEyXkFqcGdeQXVyNjY1MTg4Mzc. V1 UX140 CR00140209 AL

НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ УБИВА

Мошне интересно е дека голем број на хорор филмови имаат долг филмски живот кој трае дури и со децении со реализација на повеќе продолженија. Таков е случајот и со хоророт „Ноќ на вештерките“кој се појави во 1978 година и досега доживеа шест продолженија а веќе е најавено и неговото седмо продолжение чија премиера е закажана за следната 2022 година.

Шестото продолжение од овој серијал има наслов „Ноќта на вештерките убива“ и е во режија на Дејвид Гордон Грин.Приказната на филмот говори за случувањата во ноќта  кога се одбележува Ноќта на вештерките кога Мајкл Мајерс се враќа и кога таа сеуште не е завршена.Филмот всушност е продожение на филмот од 2018 година. Неколку минути откако Лори Строд, нејзината ќерка Карен и внуката Алисон ќе го остават маскираното чудовиште Мајкл Мајерс во кафез во кој гори во подрумот на Лори,таа е итно пренесена во болница со повреди кои се опасни по живот притоа верувајќи дека конечно го убила нејзиниот доживотен мачител.Арно ама…Мајкл успева да се ослободи од стапицата на Лори и неговиот ритуал на крвопролевање продолжува и понатака.Додека Лори се бори против нејзината болка и се подготвува повторно да се одбрани од него, таа го покренува целиот Хадонфилд да се крене против нивното незапирливо чудовиште. Жените од Строд се приклучуваат на групата други преживеани од предходното дивеење на Мајкл, кои одлучуваат работите да ги превземат во свои раце , формирајќи толпа која тргнува да го лови Мајкл еднаш засекогогаш.Арно ама…Следи ,нели, седмото продолжение кое би требало да биде крај на овој серијал, барем според насловот „Завршува ноќта на вештерките“. Но, има едно старо филмско правило кое гласи: „Никогаш на речи никогаш…“

Главните улоги во филмот ги толкуваат :Џејми Ли Кертис ,која ликот на Лори Строд го повторува по шести пат, Џуди Грир, Анди Матичак, Ник Кастел, Џејмс Џуд, Кортни, Ајрон Армстронг, Вил Патон, Томас Ман и други.

Филмот својата светска премиера ја имаше на годинешниот филмски фестивал во Венеција на 8. С ептември кога беше прикажан во чест на Џејми Ли Кертис на која и беше доделен Златен лав за живото дело.

Филмот од вчера започна дасе прикажува во САД и во поголем број на други земји во светот.

MV5BZGExZTUzYWQtYWJjZi00OTI4LTk4OGYtNTA2YzcwMmNiZTMxXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyMjM2NDc2. V1 UY209 CR00140209 AL  

ПОСЛЕДНИОТ ДУЕЛ

Уште еден филм кој својата светска премиера ја доживеа на годинешниот фестивал во Венеција (на 10. септември) од вчера започна да се прикажува во кино салите во САД и во остатокот од светот. Се работи за историскиот спектакл „Последниот дуел“ на познатиот режисер Ридли Скот познат по неколку историски спектакли кои го прославија меѓу кои и Оскаровскиот „Гладијатор“.Скот важи за еден од најпродуктивните филмаџии кој зад себе има близу 60 филмови на кои се потпишува како режисер.

„Последниот дуел“е темелен врз истоимената книга на Ерик Џегер според која сценариото го напишале Никол Холофценер, Бен Афлек и Мет Дејмон.Да се потсетиме дека  Афлек и Дејмон го напишаа сценариото за филмот „Добриот Вил Хантинг“ и го освоија Оскарот за најдобро сценарио.

Во филмот главните улоги ги толкуваат : Мет Дејмон, Адам Драјвер, Ободи Комер, Хариет Волтер, Бен Афлек, Алекас Лотер, Мартин Чокас и други.

Приказната на филмот говори за витезот Жан де Каруж, кој го предизвикува својот пријател и племеник Жак Ле Грис на дуел откако неговата сопруга , Маргарита, го обвинува Ле Грис дека ја силувал. Афлек во филмот го игра ликот на грофот Пјер Д’Аленсон.

Инаку ова бил последниот ваков законски дуел во историјата на Франција.

MV5BMzUyMjIzOTMtMjlmZi00MWM4LWEwYmMtYmIyNzc0Mjk5YzEyXkEyXkFqcGdeQXVyMTE1MzI2NzIz. V1 UY209 CR00140209 AL

ОСТРОВОТ БЕРГМАН

Филмот говори за една американска брачна двојка која се повлекува на еден остров во текот на летото за секој од нив да напише сценарио за нивните престојни филмови и тоа на местото кое преставувало инспрација и за Бергман.Како што изминува летото ,  така напредуваат нивните сценарија а границата помеѓу реалноста и фикцијата  започнува да ја замаглува позадината на дивиот пејзаж на островот.

Режисер на оваа драма е Миа Хансен – Леве а главните улоги ги толкуваат: Вики Крипс, Тим Рот, Грејс Делру, Миа Васиковска…

MV5BNjBlZTkwOWYtNTQwYS00MTBkLTgzNjItMWZlMmM3MWI1ODFjXkEyXkFqcGdeQXVyMTMwMDA5ODU3. V1 UY209 CR00140209 AL

ИГЛА ВО ВРЕЌА

Се работи за љубовна приказна со елементи на научна фантастика.Режисер на филмот е оскаровецот Џон Ридли а улогите ги толкуваат Лесли Одом јуниор, Синтија Ериво, Орландо Блум и  Фрида Пинто.

Во оваа возбудлива, скоро идна љубовна приказна ,една двојка (Ник и Џанин) живее во брачно блаженство, додека поранешниот сопруг на Џанин не го искористи времето во обид да го раскине, користејќи ја девојката на Ник од колеџот .Како што сеќавањата и реалноста на Ник исчезнуваат, тој мора да одлучи што е подготвен да жртвува за да издржи – или да се откаже – од се’ што сака. Дали љубовта може да издржи во иднина каде времето е течно, а целиот живот може да биде само илузија?

MV5BNzVhMzdlMTEtZDk3Yi00YmYyLTg0ZmYtZTlkMDY5OTAyZDQ5XkEyXkFqcGdeQXVyMzY3MzcyNTE. V1 UY209 CR00140209 AL

ТИМОТ ФОКИ

Откако неговиот најдобар пријател е убиен во напад на ајкула, Квин, симпатична, но упорна фока собира Тим фоки за да возврати против бандата ајкули што ја вознемируваатнаселбата. Но, овој весел бенд од меѓународни членови воопшто не се обучени за таква мисија. Тие бараат помош одеден многу повешт борец, Клагарт, но дури и неговите трикови и превртувања не можат да ги доведат овие момци во форма. Меѓутоа, со малку генијалност, интелигенција и многу срце, нашиот Тим од фоки можеби ќе може да го врати мирот во нивната подморска заедница.

Се работи за компјутерски анимиран филм кој доаѓа од Јужна Африка. Режијата ја потпишуваат Грг Камерон и Кејн Крудас. Гласовите на главните ликови им ги поајмуваат: Џ.К.Симонс, Кристен Шал, Шармито Коплеј, Патрик Варбутон и други.

MV5BN2FjNmEyNWMtYzM0ZS00NjIyLTg5YzYtYThlMGVjNzE1OGViXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ДИНА

Еден од најочекуваните филмови во изминативе две години (што заради реализацијата , што заради пандемијата) , конечно од следниот петок (22.октомври) доаѓа пред судот на гледачите. Се работи за научно фантастичниот филм „Дина“ во режија на еден од најнадежните режисери во последните неколку години , Денис Вилнев.Ако се спомене дека култниот Дејвид Линч направи негова верзија во 1984 година , која не се прослви (а и самиот Линч не е задоволен од овој негов филм), многумина очекуваат дека Вилнев со својата верзија ќе ги задоволи сите оние кои го прочитале романот на Френк Херберт.

Се работи за митско и емотивно исполнето патување на херојот. „Дина“ ја раскажува приказната за Пол Атреидес, брилијантен и надарен млад човек роден во голема средина која не може да го разбере. Тој мора да патува на најопасната планета во универзумот за да ја обезбеди иднината на неговото семејство и неговите луѓе. Додека злонамерните сили избиваат во конфликт околу ексклузивното снабдување на планетата со најскапоцениот ресурс за постоење-стока способна да го отклучи најголемиот потенцијал на човештвото-само оние што можат да го победат својот страв, ќе преживеат.

Актерската екипа е предводена од Тимоти Шаламет а во филмот настапуваат ште и Ребека Фергусон, Зендаја, ОскаР Исак, Џош Бролин, Стелан Скарскаг, Хавиер Бардем, Дејв Баутиста, Шарлота Ремплинг и многу други.

MV5BNmQxZTNiODYtNzBhYy00MzVlLWJlN2UtNTc4YWZjMDIwMmEzXkEyXkFqcGdeQXVyMTkxNjUyNQ. V1 UY209 CR00140209 AL

ФРАНЦУСКИ ДИСПЕЧЕРИ

Американскиот режисер Венс Андерсон својот најнов филм, комедијата со драмски елементи. „Француски диспечери“премиерно ја престави на годинешниот Кански филмски фестивал.Тоа е , според неговите зборови, еден сосема нобичен филм. Приказната не е лесно да се објасни. Се работи за американски новинар со седиште во Франција кој го создава своето списание. Тоа е повеќе портрет на овој човек, на овој новинар кој се бори да го напише она што сака да го напише. Тоа не е филм за слободата на печатот, но кога зборувате за новинарите, зборувате и за она што се случува во реалниот свет.

 Андерсон е познат по тоа што во неговие филмови настапува огромна екипа на познати актери. Така е и во овој филм.Во него настапуваат:Бенисио Дел торо, Адриен Броди, Тилда Свинтон, Леа Сејду, Френсис Мек Дермонт, Тимоти Шаламет, Џефри Рајт, Метју Алмарик, Бил Мареј, Овен Вилсон, Вилием Дафо, Саорис Ронин, Елизабет Мос, Џејсон Шварцмен и Анџелика Хјустон.

MV5BZjgwZDIwY2MtNGZlNy00NGRlLWFmNTgtOTBkZThjMDUwMGJhXkEyXkFqcGdeQXVyMTEyMjM2NDc2. V1 UY209 CR00140209 AL

СИНОЌА ВО СОХО

Англискиот филм „Синоќа во Сохо“ преставува психолошки трилер со драмски елементи кој како режисер го потпишува Едгар Рајт. Филмот ја раскажува приказната за аспирантната модна дизајнерка која на мистериозен начин е способна да влезе во 1960 тите, каде што наидува на блескавата ванабе пејачка , Сенди.Но, гламурот не е онаков каков што изгледаи соништата од минатото започнуваат да пукаат и да се распрснуваат во нешто многу потемно.

Главните улоги во филмот ги толкуваат :Ања Тејлор –Џој, која неодамна се прослави со мини тв серија „Гамбит на кралицата“, Томасин Мекензи, Дијана Риг (во последната најзина улога, која почина во 2020), Ејми Андреа, Елизабет Берингтон,Пол Брајтвел,Конор Каланд…

MV5BODllMjY0MWYtNTMzMi00MDU4LTllZjItY2ViMDkwNDRmZTI0XkEyXkFqcGdeQXVyMDA4NzMyOA. V1 UY209 CR00140209 AL

СУВЕНИР: ВТОР ДЕЛ

Во 2019 година режисерката Џоана Хог го реализираше филмот „Сувенир“ кој требало да биде во два дела. Но, заради немање на средства таа вториот дел ги реализира две години подоцна и пред публиката доаѓа на 29. октомври.

Во вториот дел од оваа англиска драма таа раскажува за она што што и се случува на Џули по нејзината бурна врска за која зборуваше во првиот дел од приказната.Овојпат таа ја разоткрива својата преголема љубов кон него во снимањето на нејзиниот дипломски филм притоа сортирајќи ги фактите од нејзината детално изградена фикција.

Џоана Фог сценариото за овој филм го напишала врз основа на нејзините искуства од вистинскиот живот додека го посетувала филмското училиште во Лондон во раните 80 ти години од изминатиот век.Тилда Свинтон , која ја толкува главната улога во овој филм , и режисерката и сценаристка Џоана Фог, се пријателки уште кога имале по 10 години, а Свинтон била сведок на врската на Хог во тоа време.

Во филмот една од улогите толкува и родената ќерка на Свинтон- Онор Свинтон Брн. Во филмот настапуваат уште и Џејмс Спенсер Ешворт, Алис Мекмилан , Оливер Бауер и Аријан Лабед.

 

MV5BMTlmYjQwNjAtMTY0Yi00ZjJmLThmNTktZWUwYzNmYTQ3YjA2XkEyXkFqcGdeQXVyNjY1MTg4Mzc. V1 UX140 CR00140209 AL

УСТА ОД ВОЗДУХ

Џули Дејвис е млада љубезна жена полна со љубов кон својот сопруг и детето. Таа е најпродаван автор на книги за деца.Додека нејзините книги се занимаваат со отклучувањето на стравовите од детството, таа допрва треба да ја открие темната тајна што ја прогонува во нејзиниот сопствен живот. Но, кога ќе го роди своето второ дете, се случуваат настани кои ја истакнуваат таа тајна а со неа и една убедлива моќна битка за преживување.

Вака отприлика изгледа приказната на оваа драма на режисерката Ејми Копелман која е снимена според нејзината истоимена книга .

Главните улоги во филмот ги толкуваат:Аманда Сејфилд, Брит Робертсон, Пол Џиамати, Џенифер Карпентер, Џош Хамилтон, Ејми Ирвинг, Мајкл Фадтон и други.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 125
Share
Previous Post

КОВИД-19 денеска однесе 9 животи, а регистрирани се 413 нови случаи

Next Post

Уште бројот на нови случаи од Ковид -19 е повисок од оној на оздравените

Next Post
Уште бројот на нови случаи од Ковид -19 е повисок од оној на оздравените

Уште бројот на нови случаи од Ковид -19 е повисок од оној на оздравените

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 125

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk