Од вчера (7. октомври) во американските кино сали но и ширум светот како и во Македонија започнаа да се прикажуваат неколку интересни филмски остварувања така речи од сите жанрови. Во две продолженија ќе се обидеме накусо да ве запознаеме со дваесетина наслови кои верувам дека ќе ве насочат во Вашиот избор .
ДЕВОЈКАТА ОД ВОЗОТ
Еден од најочекуваните трилери оваа есен секако е „ Девојката од возот“ на режисерот Тејт Телор во кој главните улоги ги толкуваат:Емили Блант, Ребека Фергусон, Хали Бенет и Џастин Теро.
Девојката од возот е приказна за животот на Рејчел Ватсон по нејзиниот развод. Секој ден, таа со воз оди до Њујорк на работа, и секој ден возот поминува покрај нејзината стара куќа. Куќата во која живеела со нејзиниот поранешен маж, кој сѐ уште живее таму, со неговата нова жена и дете. Како што таа се обидува да не се фокусира на болката,започнува да гледа една двојка кој живее неколку куќи подолу – Меган и Скот Хипвел. Таа создава за нив извонреден живот од соништата во нејзината глава, како тие се совршено среќно семејство. Но, еден ден, кога ќе помине со возот ќе види нешто што ќе ја исполни со гнев. Следниот ден, таа се буди со ужасен мамурлак, различни рани и гребаници, и без меморија од претходната вечер. Таа има само едно чувство: нешто лошо се случило. Потоа гледа вести: Меган Хипвел е исчезна. Рејчел ќе започне истрага за да дознае што и се случило на Меган, каде е, и што точно таа правела вечерта кога исчезнала Меган.
РАЃАЊЕТО НА НАЦИЈАТА
Филмот „ Раѓање на Нацијата“ преставува историска драма која е темелена врз приказната на Нат Тарнер, поробен човек кој го водел бунтот на робовите во Саутемптон Каунти во државата Вирџинија , во 1831 година.
Филмот преставува режисерско деби на Нејт Паркер а главните улоги ги толкуваат :Нејт Паркер,Арми Хамер, Аја Наоми Кинг, Џеки Ерл Хејли, Пенелопе Ен Милер и Габриел Унион.
Филмот имал буџет од 10 милиони долари а започнал да се снима во мај 2015 година на локации во Грузија
Филмот беше премиерно прикажан во конкуренција во 2016 Санденс филмски фестивал на 25 јануари, 2016 година , ја доби наградата на публиката и Големата награда на жирито . Филмот добил и многу пофалби за режија, глума, музиката и кинематографијата.
Филмот беше прикажан на фестивалите во Торонто,и Ванкувер, моментно е дел од програмата на фестивалот во Лондон а нскоро ќе биде прикажан и на 11,. Филмски фестивал во Рим.
СРЕДНО УЧИЛИШТЕ:НАЈЛОШИОТ ПЕРИОД ОД МОЈОТ ЖИВОТ
Тинејџерските филмови од секогаш имале своја публика. Се очекува и најновиот филм наменет за оваа публика да го привлече нивното внимание барем во оној обем каков што очекуваат продуцентите на оваа комедија. Самиот наслов на филмот „ Средно училиште:Најлошиот период од мојот живот“ ветува многу. Филот е во режија на Стив Кар а главните улоги ги толкуваат:Лорен Греам, Грифин Глук ,Адам Пели и други.
Приказната на филмот го следи животот на Раф Качадопријан кој и без проблемите во средното училиште има доволно проблеми и во својот дом.За среќа, тој направил план за тоа како да ја помине учебната година. Тој , со својот најдобар пријател Леонардо, ќе се обиде да ги прекрши сите правила на однесување во неговото училиште.
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Филмот „ Сметководител “ преставува трилер со драмски елементи кој како режисер го потпишува Гевин О’Конор.Главните улоги ги толкуваат :Ана Кендрик, Бен Афлек, Џон Бертнал, Џ.К. Симонс, Џефри Тамбор, Џон Литгов и други.
Зад маската на наизглед досадниот сметководител Кристијан Вулф , се крие едно сосема поинакво лице кое ни најмалку не е досадно.Тој работи за тешки криминалци и платени убијци.Вулф е матаматички гение кој има повеќе афинитет кон бројките одколку кон луѓето.Тој во истовреме како сметководител работи во една малечка фирма а во истовреме истата работа ја работи и за најопасните светски криминални организации. Заради неговите способности за него ќе се заинтересира Министерството за финансии кое го предводи Реј Кинг…
КЕВИН СТАР:ШТО СЕГА?
„ Кевин Стар: Што сега“? Преставува документарен филм кој говори за познатиот стенд –ап комичар Кевин Стар. Имено, компанијата Јуниверзал пикчерс , на 16. Јули.2015 година објавило дека ќе го сними шоуто на овој комичар и дека ќе го објави како документрен филм.
Шоуто било снимено во живо на 30. Август.2015 година пред публика од 53000 луѓе
на стадионот во Филаделфија. Предходната ноќ била одржана проба на шоуто пред малубројна публика на истиот стадион.
Режисери на филмот се Лесли Смол и Тим Стори.
НЕКОИ ЖЕНИ
Филмот „ Некои жени “ преставува американска драма за која сценарито и режијата го потпишува Кели Ричардас.Актерската постава на филмот ја сочинуваат :Лора Дерн, Кристен Стјуарт, Мишел Вилијамс, Џејмс Ле грос, Сара Родиер и Џаред Харис.Филмот ги прикажува тешкотиите со кои се соочуваат три жени.
Адвокатката Лаура се обидува да се носи со заложнички ситуации, канцелариски сексизам и еден незадоволен клиент кој безуспешно бара оштета заради незгода која му се случила на работа.Ранчерката Џејми се грижи за коњите и се врзува за младата адвокатка Бет која подучува возрасни неписмени особи, а триото го заокружува двојката Џина и Рајан Луис со своире брачни проблеми и купувањето на земјиште на кое имаат намера да го изградат својот нов дом.
Филмот премиерно беше прикажан на почетокот на оваа година во рамките на фестивалот во Санденс.
СИНАТА ПТИЦА
„ Сината птица“ преставува романтична комедија која е режисерско деби на Алекс Лехман. Филмот е снимен во црно бела техника а во главните улоги настапуваат Сара Пулсон како Аманда и Марк Дуплас како Џим.
По 20 години , колегите од средното училиште случајно ќе се сретнат во родниот град. Тие заедно ќе поминат неколку денови потсетувајќи се на заедничките спомени.Како што изминува времето на површина излегуваат старите емоции како и големите тајни од минатото.
Филмот својата премиера ја имаше на 12 септември во рамките на филмскиот фестивал во Торонто.
ПУСТИНАТА
Мексиканската трилер драма „ Пустината“ е во режија на Џонас Куарон , познат по тоа што во соработка со својот татко Алфонсо Куарон го напишаа сценарито за наградуваниот филм „ Гравитација“.
Филмот „ Пустината“од почеток до крај е преполн со напнатост и неизвесност , а во главните улоги настапуваат: повеќекратно наградуваниот мексикански актер, продуцент и режисер Гаел Гарсија Бернал Џефри Ден Морган.
Она што започнува како патување во подобар живот се претвора во мборба за преживување од моментот кога наоружаниот чувар на мексиканско – американската граница , тргнува во прогон на група на ненаоружани мажи и жени. На немилосрдниот пустински терен, емигрантите ќе се најдат во неповолна ситуација бидејќи немаат каде да се сокријат од убиецот.
Во споредните улоги се појавуваат Алондра Хидалго,Диего Катано, Марко През,Оскар Флорес и Давид Лоренцо.За филмот да биде што поавтентичен , режисерот Куарон пред неколку години го посетил конзулатот во Тускон (Аризона) каде му биле раскажани неколку застрашувачки приказни кои се дел од максиканско-американската емигрантска проблематика.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк