Во второто парче во кое говориме за филмските премиери во септември ќе преставиме уште десетина филмски остварувања кои пред судот на публиката во кино салите во САД но и во остатокот од светот ,како и во Македонија,своето премиерно прикажување ќе го имаат овој петок (23. септември) и идниот петок(30.септември)
.
НЕГИРАЊЕ
„Негирање“ преставува британско-американска драма во режија на Мик Џексон , познат по големиот филмски хит „ Телохранител“ од 1992година. Филмот се темели врз вистински настани кои во својата книга „ Историјата на суд:Мојот ден во судот за негирање на холокаустот“ги преставила американската историчарка Дебора Естер Липштад.
Актерската постава во филмот ја сочинуваат :Рејчел Вајс,Том Вилкинсон,Тимоти Спол,Ендрју Скот, Џек Лоуден, Карен Писториус…
Дејвид Ирвинг ја обвинува за клевета Дебора Естер Липштад заради искажување на своите ставови за холокаустот.Она што по ова ја очекува е борбата пред англискиот суд за да може да ги докаже вистинските историски факти.
Интересно е да се спомене дека најпрвин за улогата на Дебора Естер Липштад , била предвидена актерката Хилари Свенк, но сепак на нејзино место била ангажирана оскаровката Рејчел Вајс позната по улогите во филмовите „ Мумија“, „ Непријател пред портите“, „ Костантин“, „ Длабоко сино море“ и „ Јастог“.
АМЕРИКАНСКИ МЕД
Филмот „ Американски мед“ преставува британско американска драма која како режисер ја потпишува оскаровката Андреа Арнолд. Филмот преставува нејзино прво остварување кое е снимено надвор од границите на Велика Британија.Филмот се натпреваруваше за „Златната палма“ на годинешниот фестивал во Кан каде ја доби Наградата за жирито
Приказната на филмот говори за тинејџерката Стар која се приклучува на една група на тинејџери – авантуристи кои патуваат низ Америка и кои за живот заработуваат продавајќи претплати за магазини.Во филмот главните улоги ги толкуваат дебитантката од Тексас,Саша Лејн, Шија Ле Боуф и Рили Кеог.
Познатиот публицист и режисер на документарни филмови ,Рори О’Конор за овој филм вели дека тоа е „ најдобриот филм кој говори за американските младинци по филмот „ Деца“ на режисерот Лери Кларк.
Британската режисерка Андреа Арнолд наградата Оскар ја доби во 2005 година за кусометражниот филм „ Оса“. Досега таа освен неколку кусометражни филмови ги има реализирано и играните филмови „ Црвениот пат“ и „ Аквариум во Орканските висови“.
ЉУБОВНИЦИТЕ И ДЕСПОТОТ
Во последните десетина години документарниот филм предизвикува се’ поголем интерес кај љубителите на филмот и од таа причина тој се’ почесто се наоѓа на репертоарот во киносалите ширум светот. Потврда за тоа е документарниот филм „Љубовниците и деспотот“кој во кино салите ќе започне да се прикажува од 23. септември. Се работи за филм кој ја донесува животната приказна од 70 тите години од изминатиот век за починатиот јужнокорејски режисер Шинг Сан-оку и актерката Чои Еун н-Хое , кои по нивната успешна филмска кариера , во 1978 година ги грабнува севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ил кој бил опседнат со нивните филмови.Иако биле гламурозна двојка , славата на крајот го зела својот данок, па биле принудени заедно да играат во бизарни филмски проекти кои ги надгледувал нивниот најголем фан.Новонастанатата животна ситуација ја разгорела нивната романса, а на крајот сватиле дека филмовите се единствениот начин за бекство од грдата стварносткоја им ја доделила нивната судбина.Додека биле во заробеништво и планирале бегство, тие снимиле дури 17 филмови за Ким Јонг.Одкако во 1986 година успеале да побегнат, тие од Северна Кореја заминале во Виена каде во амбасадата на САД побарале политички азил. Потоа живееле во Северна Америка каде во 2006 година Шинг Санг-ок починал од проблеми предизвикани од хепатитис.
„ Ким секогаш се смееше триумфално како вистински луд генерал. Јас бев како кукла и ми наредуваше што да јадам и како да се облекувам“ вели актерката Чои.
Филмот го режирале Роберт Канан и Рос Адам. Својата премиера ја имаше на годинешниот фестивал во Санденс а беше прикажан на меѓународните филмски фестивали во Кливленд, Сарасота и Сиетл.
ГЕНИЈАЛНИ УМОВИ
Комедијата„ Генијални умови“ е во режија на Џаред Хес, познат по филмовите „Наполеон динамит“,„ Начо либре“ и по авантуристичката комедија „Господата Бронкос“ од 2009 година.
Филмот е темелен врз вистински настани кои се случиле во 1997 година во Северна Каролина . „ Генијални умови“ го следи Дејвид Гант , едноставен човек кој живее монотон живот и кој секој ден вози блиндирано возило превезувајќи милионнски суми на пари на други луѓе во банкарски трезор.Монотнијата ја разбива неговата заводлива колешка и симпатија Кели Кембел која во една прилика ќе го наговори со група на тупи криминалци , кои ги предводи Стив Чамберс, да изведат апсурдно лош план на голем грабеж.И покрај се’, Дејвид успева да ограби 17 милиони долари кои неговите партнери ќе ги земат кај себе, а него го препуштаат на полицијата и платениот убиец Мики Меккини. Очајниот но во истовреме и самоуверениот Дејвид ,ќе се обидеда ја преобрати ситуацијата во своја корист и да им наплати за се’ што му направиле.
Главните улоги во филмот ги толкуваат :Зак Галифианакис, Кристен Виг, Овен Вилсон, Џејсон Судеикис, Џоди Хил , Крис Боумен и други.
ШТРКОВИ
Компјутерски анимираните филмови станаа неизбежен дел од филмската понуда.Така во месец септември покрај филмот „ Робинзон Крусо“ ,најмладата публика но и оние повозрасните кои неможат да се откажат од светот на анимираните филмови, ќе имаат можност да го погледнат и филмот „ Штркови“ во режија на Николас Столер и Дуг Свитленд.
Штрковите доставуваат бебиња..или барем за тоа користеа. Сега тие доставуваат пакети за глобалниот интернет гигант Cornerstore.com. Џуниор, најдобриот штрк за доставување, е на чекор до унапредување кога случајно ќе ја активира машината за правење бебиња, произведувајќи симпатично и целосно неовластено новородено девојче. Очаен да го испорача овој пакет пред неговиот шеф да мудрува, Џуниор и неговиот пријател Тулип, единствениот човек на штрковата планина, брзаат да ја направат нивната прва испорака на бебе – во диво патување што може да направи повеќе од една фамилија целосна и да ја врати вистинската мисија на штрковите во светот.
Гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат :Енди Самберг и Келси Грамер.
ПЕКОЛ НА ХОРИЗОНТОТ
Филмот„ Пекол на хоризонтот“ги следи случувањата од април 2010 година , кога се одвиваше најголемата катастрофа за која е виновен човечкиот фактор.Нафтената платформа „ Хоризонт длабока вода“сместена во Мексиканскиот залив не работи според прописите за ваков вид на објекти , и доаѓа до експлозија на платформата и големо загадување заради истекување на нафтата. Причина за катастрофата била ерупцијата на нафта од морското дно која настанала по дефектот и експлозијата на нафтената платформа.
Режисер на филмот е Питер Берг а главните улоги ги толкуваат:Дилан О’Браен, Марк Волберг, Кејт Хадсон, Џон Малкович, Курт Расел и други.
СЕДУМТЕ ВЕЛИЧЕНСТВЕНИ
Новото „ читање“ на филмските класици, попознато како римејк, е нешто вообичаено во филмската индустрија .Филмаџиите тоа го прават од повеќе причини а на гледачите тоа понекогаш им се допаѓа а понекогаш не ,особено кога ќе се посегне по филмови кои преставуваат одредени „ икони“. Но, во филмскиот бизнис ,како впрочем и во секој бизнис, ништо не е свето, па понекогаш се случува (мошне ретко) римејкот да биде подобро скоцкан од оригиналот.
А токму филмот „ Седумте величенствени“е еден од нив. Имено, познатиот режисер Ентони Фукуа стои зад римејкот на истоимениот филм од 1960 година во режија на Џон Старџес ,кој пак преставуваше римејк на филмот „ Седумте самураи“ на познатиот јапонски режисер и сценарист Акира Куросава од 1954 година.Римејкот на Старџес стана филмска класика пред се’ заради ѕвездената актерска екипа која настапи во филмот:Јул Бринер, Стив Мек Квин, Чарлс Бронсон, Ели Волак, Роберт Вон, Бред Декстер, Џејмс Кобурн и Хорст Бухолц.
Во филмот на Ентони Фукуа настапуваат : Дензел Вошингтон (омилениот актер на Фукуа), Крис Прат, Итан Хоук, Винсент Д4Онофрио, Бјунг-Хун Ли, Мануел Гарсија-Рулфо и Мартин Сенсмеиер.
Овојпат, дејствието на овој вестерн се врти околу градчето Рос Крик кое се наоѓа под смртоносната контрола на индустријалецот Бартоломеј Богуео (Петер Скарсгаг), па заради тоа очајните граѓани ќе побараат помош од седуммина одметници, ловци на глави, коцкари и изнајмени револвераши.Додека го подготвуваат градот за крвава пресметка за која знаат дека кога тогаш ќе се случи, седуммината платеници на крајот нема да се борат исклучиво само за пари , туку и за нешто многу поскапоцено…
Останува прашањето ,дали ова ново читање на старата книга ќе остане запишана со златни букви во историјата на филмот или буквите ќе исчезнат со првиот посилен ветар…
ДОМОТ ЗА НЕОБИЧНИ ДЕЦА НА ГОСПОЃАТА ПЕРЕГРИН
Приказната го следи шеснаесетгодишниот Џејкоб чиј живот тече сосема мирно се’ до страшната смрт на дедо му која се случила под сомнителни околности. Џејкоб добива мистериозно писмо кое го одведува на велшкиот остров и домот на госпоѓицата Перегрин за необични деца.
Филмот е работен според истоимениот роман на Рансом Ригс од 2012 г. во кој прозата се преплетува и дополнува со фотографии. Режисер на филмот е легендарниот Тим Бартон, а сценариото го напиша Џејн Голдман. Улогата на госпоѓица Перегрин ја толкува Ева Грин, а во останатите улоги се појавуваат Семјуел Л. Џексон, Аса Ватерфилд, Џуди Денч и многу други
КРАЛИЦАТА НА КАТВЕ
Познатата индиска режисерка Мира Наир ,деновиве пред публиката во кино салите ќе го престави својот најнов филм „ Кралицата на Катве“ кој гпреставува биографска спортска драма кој говори за една девојка од Уганда чиј поглед кон светот ќе се промени одкако ќе започне да игра шах.
Филмот всушност го опишува животот на Фиона Мутеси, шахистка од Уганда , од Катве која станува жена мајсторски кандидат по нејзините настапи на Светската шаховска олимпијада.
Во филмот настапуваат: Дејвид Ојелово , Лупита Н’Ионго и Мадина Налванга. Филмот е во продукција на Волт Дизни а ќе започне да се прикажува во ограничен број на кино сали во Северна Америка токму од денес ,23.септември, а во остатокот од светот од 30. септември. „Кралицата на Kaтве“ беше прикажан на штотуку завршениот Меѓународен филмски фестивал во Торонто каде доби позитивни критики и пофалби од публиката.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк