• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Филмски времеплов: „Вратата на Рајот“ ( 1980)

ноември 22, 2017
in Филмољубие

Во историјата на филмот ретко се случува некој филм да доживее вистинско фијаско на кино благајните и дури и да предизвика пропаѓање на филмска компанија а потоа по дваесетина години како феникс да се издигне од пепелта и да доживее вистинска рехабилитација. А токму таква судбина доживеа филмот „ Вратата на рајот“ на режисерот Мајкл Чимино кој својата премиера ја доживеа на 19. Ноември. 1980 година.

                                                 capture 20171122 023346 copy

Сценариото за филмот за овој американски епски вестерн филм го напишал самиот Мајкл Чимино кое делумно е темелено врз вистински случувања кои се случиле за време на граѓанската војна во округот Џонсон.Дејствието на филмот се врти околу фиктивниот судир помеѓу земјопоседниците и европските имигранти во државата Вајоминг  во текот на 90 тите години на 19 век.

                                                capture 20171122 023419

                              

Шерифот Џејмс Аверил се обидува да ги заштити доселениците кои се занимаваат со земјоделство од богатите сточари. Џејмс е вљубен во Ела Вотсон која води јавна куќа, а за нејзината наклонетост се бори против револверашот платеник Натан Чемпион.Организацијата на сточарите направила список за ликвидација на селани на кој се наоѓаат 125 имиња.Еден од ангажираните револвераши е и Натан кој започнува да се сомнева во исправноста на своите постапки откако тројца платеници ќе ја силуваат Ела и ќе ги убијат нејзините девојки.Џејмс убива еден од силувачите и ја моли Ели да си оди бидејќи ја сака, но таа одбива да го напушти својт посед.Ела воглавно го искористува Натан, но кога тој ќе и понуди брак, таа одлучува да ја прифати неговата понуда, што ќе предизвика негодување кај Џејмс.Сакајќи да го избегне судирот ,градоначалникот го отпушта шерифот. Наредбодавците на Натан одлучуваатда го убијат за да им покажат на сите како изгледа казната за непослушните.Жителите сепак одлучуваат да им се спротистават на злосторствата…

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Крис Кристоферсон, Кристофер Вокен, Изабел Ипер, Џеф Бриџиз, Џон Хрт, Сем Вотерестон,Бред Дариф,Џозеф Котен,Џефри Луис, Ричард Масур,Мики Рурк и Вилијам Дефо ,кому ова му е дебитантска улога.

На Мајкл Чимино ова му бил првиот филм по големиот успех со неговиот предходен филм „ Ловци на елени“ со кој освои пет Оскари.Филмот го одликува извонредната фотографија на Вилмош Зигмонд и мошне деталната сценографија и костимографија кои верно ја прикажуваат атмосферата од тоа време.Композиторот Дејвид Мејнсфилд компонирал исклучително убава партитура за инструменти кои биле карактеристични за тоа време од американската историја.

Меѓутоа , продукцијата на филмот го надминала предвидениот буџет како и дозволеното време за снимање. Филмот во текот на реализацијата го следел негативен публицитет и за претераниот перфекционизам на режисерот Чимино.

                          capture 20171122 023451

Филмот многумина го сметаат за еден од најголемите губитници на бокс офисот на сите времиња, а според некои тоа е најлошиот филм кој негогаш е снимен.Кога започнал да се прикажува , филмот добил исклучително лоши критики, а во домашните кино сали успеал да заработи само 3, 5 милиони долари. Неговиот продукциски буџет изнесувал фантастични 44 милиони долари(или 120 милони долари со пресметана инфлација во 2006 година) со што такаречи го довел до пропаст студиото на Јунајтед Артист пречекорувајќи го буџетот за четири пати  .Како за илустрација , Чимино снимил повеќе од 396 километри филмска лента во време траење од 220 часа. Студиото секој ден исплаќало по 200 иљади долари за плати, локации и плати на актерите.Заради своето опсесивно однесување Чимино мошне брзо го добил прекарот Ајатолах.Овој филм дефинитивно му ја уништи репутацијата како режисер на Чимино кој дотогаш важел за еден од највлијателните режисери во Холивуд.

На 26 .јуни 1980 година, Чимино на директорите на компанијата Јунајтед Артист им ја покажал првата верзија на својот филм која наводно траела пет часа и дваесет и пет минути (325 минути), а за која самиот Чимино рекол дека можеби е 15 минути подолга од конечната верзија на филмот.Директорите одбиле да го пуштат во дистрибуција филмот со толкава должина и сакале да го отпуштат Чимино од овој проект.Меѓутоа Чимино им ветил дека ќе го премонтира филмот и го потрошич целото лето и есен од 1980 година за да го стори тоа.На крајот финалната верзија на филмот траела три часа и триесет и девет минути (219 минути). Како пак првичниот датум за премиера бил  за Божиќ 1979 година, премиерата била поместена за почетокот на зимата 1980 година.

                        capture 20171122 023525

Конечната верзија на филмот својата светска премиера ја имал во Њујорк на 19. Ноември.1980година .Според тогашните извештаи премиерата била вистинска катастрофа.Така, критичарот Винсент Кандби од Њујорк Тајмс  го закопал филмот нарекувајќи го како „ досега невидена катастрофа“успоредувајќи го како „ принудно четиричасовно одење во круг во сопствената соба“.

По кино дистрибуцијата која траела само три дена, Чимино и и компанијата Јунајтед Артист го повлекле филмот од кино дистрибуција . Во април следната година во Лос анџелес филмот повторно се појавил како „режисерска верзија“која траела два и пол часа (149минути) и која преставувала трета верзија која ја направил Чимино.И вака скратената верзија добила негативни критики но критичарот Кевин Томас од Лос Анџелес Тајмс бил еден од првите американски критичари кој откако ја видел скратената верзија на филмот напишал позитивна критика со напомена дека се работи за „ вистински епски филм“. По втората недела од прикажувањето филмот сепак бил повлечен од кино салите , заработувајќи 1, 3 милиони долари  од својот буџет од 44 милиони долари.

Во подоцнежните години одредени критичари започнале да го бранат филмот, а меѓу првите кои тоа го направиле биле критичарите од Европа кои го фалеле особено по неговото прикажување на филмскиот фестивал во Кан на 20 мај. 2001 година. Робин Вуд била една од првите која филмот го нарекла еден од ретките автентични иноваторски холивудски филмови.Позитивни критики за него напишал и Дејвид Томпсон а угледниот режисер Мартин Скорсезе за филмот ќе рече дека тој има многу доблести кои биле превидени.

Неговата редистрибуција се случила такаречи 25 години по неговиот првобитен неуспех. Имено, на 8.октомври. 2004 година во Њујорк филмот бил повторно прикажан а во февруари наредната година на Берлиналето била прикажана подолгата верзија која на 5. март. 2005 година бил прикажана и на Белградскиот Фест.

                           capture 20171122 023558

Својот трет живот, ако може така да се рече, филмот го започна на 30. Август 2012 година кога повторно беше прикажана   верзија во траење од 216 минути во дигитална изработка на фестивалот во Венеција. На проекцијата присуствувал и режисерот Чимино по што уследиле проекции на филмот на фестивалот во ЊуЈорк и на фестивалот Лумијер во Париз.Директорот на фестивалот во Венеција , Алберто Барбера , филмот ќе го опише како „ апсолутно ремек дело“ кое исчезнало.Истотака напоменал дека нервозните продуценти заради разните верзии кои биле направени во 1980 година, се одговорни за „ масакрот“на филмот кому му е нанесена „ една од најголемите неправди во историјата на кинематографијата“, заради што им се уништени кариерите на Мајкл Чимино и Крис Кристоферсон.

                              capture 20171122 023703

Пропаста на филмот имала големо влијание и врз наполното исчезнување на вестернот како филмски жанр , бидејќи од тогаш па до денес многу малку филмови од овој жанр се снимени под водство на големи компании.Оние кои беа снимени како на пример „ Танц со волците“ или „ Непомирливи“ воглавно добиваа позитивни критики и ги освојуваа најпрестижните филмски награди.

Мајкл Чимино по овој филм режираше уште пет филма од осумте кои вкупно ги направи во својата кариера која траеше до 2007 година. Чимино почина во 2016 година на 77 годишна возраст.

Финансиските проблеми на филмот  „ Вратата на рајот“и пропаста на студиото Јунајтед Артист доведоа до крај на филмскиот период познат како Нов Холивуд а филмските студија од тогаш па понатака одлучиле да превземат поголема контрола над сопствените филмови  кои ги продуцираат.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 91
Share
Previous Post

Изваден потонатиот брод „Мис Стон“, од каналот Студенчишта

Next Post

Во „Мерифарм“ само денеска промоција на Natura Siberica – следи изненадување!

Next Post

Во „Мерифарм“ само денеска промоција на Natura Siberica - следи изненадување!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 91

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk