Повеќе од половина кинески компании се чии акции се тргува на тамошните берзи, го суспендираа тргувањето поради нестабилност и големи загуби на вредноста.
Најмалку 1.430 од 2.800 листирани компании го стопираа тргувањето, додека пазарот ја продолжува неверојатната флуктација, пренесува СиЕнЕн, повикувајќи се на државните медиуми во Кина.
Компаниите – воглавно мали и средни, очигледно се под притисок поради големите промени на вредноста на своите акции на берзата.
Акциите на компаниите, како што пренесува СиЕнЕн, можат да бидат суспендирани од трговија можеби со месеци, но и година, бидејќи се е работа на регулаторно одобрување. Акциите во Шангај паднаа повеќе од 30 отсто за помалку од еден месец, по 12 јуни, откако достигнаа неверојатна вредност, со скок од 60 отсто
Кинеската влада се обидува да го стабилизира пазарот, но се чини дека тие напори немаат ефект, пазарите остануваат крајно нестабилни. Централната банка ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, брокерските куќи се обврзани да купат акции вредни милијарди, а регулаторите ги суспендираа новите ИПО. Но, инвеститорите не веруваат во новите мерки.
Извор: lider.mk