Архитектонско – градежната фирма „Г5Д е првата која ни подаде рака во рамките на маркетингот заедно со кафетеријата „Аквариус“ за да почнеме и да опстоиме во медиумскиот интернет бизнис.
Оттука и желбата со нив да се отвори рубриката „Публицитет“ во Новата година.
Нејзиниот прв човек – архитектот Александар Ставрески од Охрид кој долги години живее и работи во Лондон предновогодишно беше наш гостин и соговорник.
Разбирливо проговоривме за плановите во оваа 2016 година, за изминатиот пат од само една ипол година на студиото во Охрид, за идејата годинава да се издвојат во посебне објект надвор од Охрид, на периферијата со кој ќе срушат многу табуа во однос на изгледот и идејата да се работи во оваа област… Ставревски проговори и за зафатите кои ги имаат во срцето на Лонодн за нивните тамошни клинети, како и за објектите во кои се ангажирани а допрва ќе го сменат лицето на оваа светска метропола.
„Г5Д“ годинава ќе се фокусираат на десет значајни проекти, дел од нив најверојатно ќе се на македонско тло.Плановите се да отворат студио во уште една светска дестинација, посебно атрактивна во однос на архитектурата и дизајнот.
-Ќе конкурираме и се надевам во фер борба и услови дека ќе ги добиеме проектите во кои ќе се вложиме максимално, вели Александар, слушнете:
http://www.g5d.xyz/www.g5d.xyz/HOME_2.html
Публицитет.мк – Милчо Јованоски