Охридските БЕЛИ на последниот натпревар од есенската полуетапа од гостувањето во Струмица се враќаат со само бод велиме со само бидејќи можеа да освојат и три.
Во текот на целиот натпревар охриѓани играа подобро имаа целосна контрола на играта но таквата надмоќност резултира со освојување на само бод против домашната екипа на Беласица.
Домашните први дојдоа во водство уште на самиот почеток од натпреварот од само еден удар према голот на охриѓани и тоа беше се што направија на овој натпревар после тоа домашните се орентираа на одбрана на сопствениот гол но се до израмнувачкиот Евро гол на Филип Ѓоргоски за екипата на Охрид.
После овој гол екипата на Охрид се до крајот на натпреварот имаа целосна иницијативата да дојдат и до три бода но за среќа на домашните до промена на резултатот недојде.
Како и да е охриѓани и на овој натпревар докажаа дека се екипа која може уште повеќе од моменталниот пласман и до крај на сезоната ќе бидат еден од претендентите за освојување на место кое ќе значи и шанса за пласман на местата кои и обезбедуваат барем бараж за пласман во елитата.
ВТОРА ЛИГА 15. КОЛО
ГОСТИВАР – КАРАОРМАН 5-1
ВОСКА – БОРЕЦ 6-0
КАМЕНИЦА САСА – ПЕЛИСТЕР 1-2
БЕЛАСИЦА – ОХРИД 1-1
БЕСА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 2-0
СЛОГА ВИНИЦА – ДЕТОНИТ ЈУНИОР 1-2
ТЕТЕКС – АРЕСИМИ 0-2
(ВЧЕРА) ВАРДАР – КОЖУФ 2-0
На следниот линк можете да го погледнете голот на охриѓани
И Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк