Потешко од очекувањата охриѓани ја совладаа екипата на Борец.
Во овој натпревар охриѓани влегоа со единствена цел да не загубат во што и успeаа меѓутоа не беше се така лесно како што и се очекуваше.
Навивачите со право стравуваа од овој меч од единствена причина бидејќи ако ја гледаме традицијата од порано таму каде што сите екипи освојувале бодови единствено охриѓани останувале со празни раце па се плашеа и овој пат да не се случи истото.
А можеше да се случи и тоа бидејќи како што одминуваше времето се стравуваше од таа помисла да не се загуби овој мошне важен натпревар.
Почетокот не ветуваше многу имено во првото полувреме гледавме јалови напади на Охрид и ниту една шанса за гол за домаќините но кога никој не се надевавше во 45 минута од првиот удар према голот на охриѓани домашните после еден прекин откосо по левата страна по удар со глава на нивно изненадување постигнаа гол и првиот дел од натпреварот го решија во своја корист.
Второто полувреме наликуваше на првиот дел но овој пат со затворена игра на домаќините и одолговлекување на истата со цел да се задржи среќно стекнатото водството.
Меѓутоа за среќа охриѓани заиграа поангажирано и со двата гола прво на Костовски во 55-тата минута и на Нически во 86-тата минута.успеаа да стигнат до мошне важни три бода во борбата за што подобар пласман на табелата.
Во изминатите денови имено прво во среда охриѓани играат на домашен терен со мошне добрата екипа на Детонит Плачковица за викендот кој следи повторно на домашен терен да го играат вечното Езерски дерби со Караорман.
Еве уште две прилики со две победи охриѓани да обезбедат што подобар пласман на Второлигашката табела.
И Арсеноски, Охрид спорт
Публицитет.мк