Охриѓани го претрпеа вториот пораз и тоа прв на гостински терен. Тие на гостувањето во Кадино загубија со 1 : 0, со гол постигнат од белата точка уште во 20 минута од натпреварот а реализатор беше Кристијан Ивановски.
Охриѓани во продолжение имаа неколку убави шанси за изедначување но домашниот голман Јакимовски беше успешен во одбраната на сопствениот гол.
Сепак, фудбалерите на Охрид најблиску до изедначување беа кога по слободниот удар на Бурхан Алији домашниот голман Јакимовски со помош на стативата ја скроти топката.
Во следното коло охриѓани повторно гостуваат, овој пат во Дебар а ќе се сретнат со екипата на Кораб.
И.Арсеноски, Ohrid Sport
Публицитет.мк