Уметничкиот раководител на ФА „Бисери“ Татјана Тренеска, која беше дел и од организациониот одбор на Фолклорната смотра за западниот регион вели дека за само една недела успеале да организираат 13 ансамбли со над 300 учесници -игроорци и оркестри да дојдат во Охрид.
-Се погоди и времето. Охрид вчера го славеше 7 Ноември но и Митровден.
На сцената на Античкиот театар беше завршниот дел од концертот а имавме импозантна прошетка по Старата охридска чаршија, настапивме сите на плоштадот и заминавме на Антички.
Публиката цели 2 часа можеше да ужива во настапите на сите ансамбли, додава Тренеска. Фотографиите, всушност се најубавата приказна и потврда.
Публицитет.мк