Синоќа се одржаа 27 -те Охридски староградски средби.
Фестивалот беше во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид и ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите, добри, градски, музички традиции.
Годинава настапија ансамбли, групи и хорови од Охрид, Крушево, Битола, Прилеп, Гевгелија, Кратово, Струга, Струмица, Штип и Богданци.
На чинот на свеченото отворање на фестивалот се обратија м-р Драгана Боцеска, Директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и м- р Ангел Јанев , заменик градоначалник на Општина Охрид.
Фото: Дамјана Видическа
Публицитет.мк