• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ФОТО: Оваа жена живеела во Сибир сама 70години-Не знаела дека имало Втора Светска војна!

јануари 21, 2016
in Тикер
 

Агафија Ликова (71)  живеела со години целосно изолирана во шума во Сибир меѓутоа, неодамна морала да биде префрлена во болница поради болки во нозете.

Инаку, пред неколку години се појавила приказна за шесточленото семејство кое во Сибирската тајга живеело 40 години целосно изолирано од другите луѓе, дека не биле свесни дека се случила ниту завршила Втората светска војна. Семејството во 1978 година го пронашла група геолози, а неодамна се појави нејзиниот последен жив член -Агафија. Светската јавност повторно била заинтригирана со судбината на оваа жена и многу медиуми ја пренесоа нејзината приказна.

baba

Таа и понатаму живее во целосна изолација, а најблискиот град е оддалечен околу 100 км. Ликова е родена во 1945 година, а нејзините родители припаѓале на фундаменталистичката православна секта староверци, која се одвоила од руската православна црква во 17 век, пренесува Сибериан Тајмс кој Агафија ја опишува како најосамената жена на Русија.

Нејзиниот татко, Карп, се преселил во дивината во 1936 година, каде изградил дрвена колиба, а семејството преживувало јадејќи печурки и компир.

Кога геолозите ги пронашле Ликови, Агафија била во триесетите години, а тогаш прв пат и се понудени намирници како што се леб и млеко. Одбила да се пресели со зборовите „Таму е страшно, не може да се диша“, мислејќи на загадениот воздух со кој дошла во контакт при патување низ земјата. Семејството тешко преживувало, гладувајќи речиси цело време.

Не знам дали би можеле да преживееме без помош. Полека ни недостигаа алатки и храна. Веќе немав што да облечам“, рекла Ликова.

Во најтешкиот момент преживеала така што наводно ги изела своите обувки, додека нејзината мајка умрела од глад во 1961 година сакајќи да ја остави храната за нејзините деца. Агафија живее сама до смртта на нејзиниот татко во 1988 година.

Се претпоставува дека во болница ќе помине недела дена, во која е примена поради пропаѓање на ‘рскавицата во колениците, пишуваат руските медиуми.

Денес , таа признава дека зимата е неподнослива бидејќи температурите се спуштаат и до минус 40 степени.

Властите велат дека Агафија ја држат на око и дека и донесуваат неопходни намирници.

Извор: faktor.mk 

Посетеност: 89
Share
Previous Post

Да се убие ракот со вирусот на херпес

Next Post

Ѝ има ли спас на Европа?

Next Post

Ѝ има ли спас на Европа?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 89

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk