Франческо Петрарка: КАНЦОНИЕРОТ
Сонет 132:
Ако љубов не е – што ли сега бладам?
Ако е, пак, љубов, Боже! – каква, која?
Добра ли е?… Зошто има смртна боја?
Лоша ли е?… Зошто, тогаш, слатко страдам?
Ако пламнав – зошто солзи, клетви бројам?
Ако злото расте – помага ли јадот?
О, ти жива Смрт! О, тие зла од адот!
Јас се гневам на нив, тие ми се ројат!
Ако, пак, ги барам – не сум прв што кукам.
Ветришта ме гонат, сам во дупнат чамец,
најден сред бран, на ветришта, без весла.
Ако невешт талка и од бранот пука
– тогаш не знам сам во каков паднав мамец:
зиме сиот горам; лете в студ се тресам!
(Препев: Георги Сталев)
Избор: Ристо Лазаров