Беше миленик на жените, пријатели му биле претседателите на Америка и шефовите на мафијата, беше планетарна ѕвезда пред Елвис Присли и „Битлси“, Френк Синатра денеска би наполнил 100 години.
„Синоокиот“ или „Глас’ , како што го нарекуваа неговите обожувачи , роден е на 12 декември 1915 година во Њу Џерси, во семејство на сиромашни мигранти од Италија.
Со музика почнал да се занимава уште од мал. На почетокот во мала група, а потоа самостојно. Многу брзо започнал да нижи успеси и да стекнува милиони фанови ширум светот.
Рокот му задал сериозен удар во неговата кариера, па Синатра тогаш се свртел кон Холивуд. За улогата во филмот „Одовде до вечноста“ во 1953 година освоил Оскар за најдобар епизоден актер.
По тој успех паралелно се занимава со глума и пеење. Продал повеќе од 250 милиони плочи и настапил во речиси 60 филмови.
Целиот живот ги полнел странците на жолтиот печат со своите бракови( 4 пати се женел) со бројните љубовни афери , врските со мафијата и наколонетоста кон пиењето.
Во Холивуд кружи приказна дека е закопан заедно со паковка цигари и шише бурбон.
Неговата музика, најчесто инспирирана од љубовта , постанала вонвременска, а со својот специфичен глас Френк и натаму ги воодушевува старите и создава нови обожувачи.
Синатра умре од срцев удар во ноќта на 14 мај 1998 година, а во Лас Вегас , градот кој никогаш не ги гаси светлата , зората ја дочекал во мрак.
Публицитет.мк