Охриѓани баш кога требаше да слават планирана победа тие неочекувано киксираа на домашен терен од екипата на Кожуф која во Охрид допатува со единствена цел да не загубат и тоа им успеа.
Гостите останаа непоразени пред се од старата болка на охриѓани а тоа е неефикасноста која стара болка се провлекува уште од предходното првенство.
Имено на натпреварот во саботата охриѓани како и на натпреварот со Тетекс создадоа неколку шанси за гол дури и на два пати ја погодија гредата на гостинската екипа но на крајот се бројат головите а не шансите.
И кога не се користат шансите а гостите од Гевгелија во текот на сите 90 минути не упатија ниту еден удар према голот на охриѓани тогаш исходот е познат.
Можеби по наше мислење покрај неефикасноста денес во екипата на Охрид би рекле целосно потфрли средниот ред кој се одрази на конечниот резултат.
Само како споредба вредно е да се напомени дека за разлика од натпреварот со Тетекс каде огриѓани прикажаа добра игра тоа за жал денес изостана.
Да се надеваме на успех на следните натпревари бидејќи овој состав на Охрид тоа и го заслужува.
И Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк